Џони Ли Милер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џони Ли Милер
Peace one day (joliz) 2.jpg
На претставувањето на „Peace One Day
Роден(а) Џонатан Ли Милер
Jonathan Lee Miller
15 ноември 1972
Flag of England.svg Кингстон на Темза, Англија
Други имиња John Lee Miller, Johnny Lee Miller
Сопруг(а/и) Анџелина Џоли (28 март 1996 - 3 февруари 1999; (разведен)

Џони Ли Милер (англиски: Jonny Lee Miller) (роден на 15 ноември, 1972 година во Кингстон на Темза, Есекс, Англија) е англиски глумец.

Младост[уреди]

Дедо на Џони Ли Милер бил Бернард Ли, познат по улогата на ликот M во старите филмови со Џејмс Бонд. Неговиот татко, Алан Милер, бил театарски глумец, а подоцна работел како сценски менаџер во Би-Би-Си. Неговата мајка, Ен, исто така работела во театар. Милер има пријатни спомени од времето кога со сестра му присуствувале на правењето на Top of the Pops и Blue Peter.[1]

Се школува во Тифин Бојс Скул (Tiffin Boys' School) во Кингстон на Темза кадешто се здобил со првите актерски искуства и свирел во Тифин Свинг Бенд (Tiffin Swing Band). Го напушта училиштето на 17 години, во потрага по актерска кариера.[2]

Кариера[уреди]

По еден период учество во сапунската серијаEastEnders“ како Џонатан Хјуит, Џони Ли Милер го прави својот пробив во филмската индустрија со филмотХакери“ (1995), заедно со Анџелина Џоли, со која се жени следната година. Се разделуваат една година подоцна и конечно се разведуваат во 1999.

Во 1997, Милер учествува во основањето на продукциската куќа „Natural Nylon“, заедно со пријателите Џуд Ло, Седи Фрост, Јуан Мекгрегор, Шон Пертви, Дејмон Брајант и Бредли Адамс. Natural Nylon згаснува во 2003.

Покрај „EastEnders“, се појавува на телевизија во модернизацијата на „The Canterbury Tales“ како Арти и како Лорд Бајрон во филм на Би-Би-Си за животот на поетот. Работи на американската телевизиска серијаSmith“ (Си-Би-Ес, 2006). Првото појавување на американска телевизија го прави со серијата „Dead Man's Walk“ од 1996.

Некое време по „Хакери“, Милер се појавува во „Trainspotting“ (1996), што му носи огромна слава. Ја игра улогата на Сик Бој (Sick Boy), според препорака од Јуан Мекгрегор. Акцентот што го користи во филмот е долку убедлив што натерал многу луѓе да мислат дека навистина е Шкотланѓанец.

Во 1997, го игра Били Прајор во филмската верзија на романот на Пет Баркер, „Регенерација“, а во 2000 ја игра улогата на Камерон Коли во филмот „Complicity“, базиран на книгата од шкотскиот писател Ајан Бенкс. Во 2000 година, се појавува како Сајмон Шепард во филмот Дракула 2000 на Вес Крејвен.

Во 2005, бил меѓу конкурентите за улогата на Џејмс Бонд, како замена за ирскиот актер Пирс Броснан. Улогата му беше доделена на британскиот актер Даниел Крег. Следната година, Милер го игра бициклистот Грејам Обри во „Летечкиот Шкот“.

Во 2007, Милер бил одбран за улога во новата серија на „Еј-Би-Си“, „Ели Стоун“. Треба да игра лик кој е адвокат и кој верува дека можеби е пророк.[3]

Приватен живот[уреди]

Џони Ли Милер воглавно не зборува многу за својот личен живот. Во 1996 се жени со актерката Анџелина Џоли. Се разделуваат една година подоцна и се разведуваат во 1999. Од тогаш, се состанувал со неколку познати жени, а од 2006 се гледа со актерката и моделка Мишел Хикс.[4]

Милер исто така е поддржувач на Ф. К. Челси.[5] Исто така учествува на маратони од забава, често како поддршка за добротворната организација Менкап (Mencap).

Има многу тетоважи по телото. Три од нив (Издржливост, Истрајност и Дисциплина) веројатно се поврзани со неговиот интерес спрема маратоните. Милер исто така љуби и да свири на саксофон.

Играни филмови[уреди]

Сериски филмови[уреди]

  • Ели Стоун (Eli Stone) (2007)
  • Смит (Smith) (2006)
  • Бајрон (Byron) (2003)
  • The Canterbury Tales (2003)
  • Dead Man's Walk (1996)
  • Месо (Meat) (1994)
  • EastEnders (1985) (1992)
  • Prime Suspect 3 (1993)
  • Olly's Prison (1993)
  • Goodbye Cruel World (1992)
  • Dead Romantic (1992)
  • Keeping Up Appearances (1990)
  • Itch(1989)
  • Менсфилд парк (Mansfield Park) (1983)

Белешки[уреди]

  1. Do you wanna be in my gang“ од The Telegraph, jonnyleemiller.co.uk
  2. „Џони Ли Милер“, Star Bios, tribute.ca
  3. "Coming Soon", comingsoon.net
  4. Notting Hill TV, mynottinghill.co.uk
  5. „Познати поддржувачи на Челси“

Надворешни врски[уреди]