Џони Инглиш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Johnny English (прочитано: Џони Инглиш; превод English: англичанец, англиски) е филм од 2003[1] со комичарот Роуан Аткинсон и е пародија на Џејмс Бонд филмовите. Филмот заработи околу 160 000 000$[2]. Режија е Петар Ховит, продуцент е Тим Беван и е дистрибутиран од студио „Универзал“. Вториот дел „Џони Инглиш Прероден“[3] излезе октомври 2011.

Филмот[уреди]

Откако сите агенти на Британската Тајна Служба МИ7 се убиени само Џони И. останува како единствен жив вработен во тој сектор на БТС. Кралството е во постојан страв и на Инглиш му ја дава работата за да пронајде кој стои зад целата работа. Инглиш малоумен ги остава непријателите да го украдат кралското злато зад својот грб. Послем ова неговата должност е дадена на други. Знаејќи дека французинот Паскал Саваж (Џон Малкович) стои зад злосторствата решава самиот да го открие. Преку глупи и смешни начини да го постигне тоа тој прави исмев од МИ7 организацијата пошто е навредуван и изрбкан од работа кога се откажува од работата. По неколку дена неговиот асистент Бов и агентот Лора Кампбел успеваат да го убедат да се врати во нивната операција. На крајот од филмот тој успева да докаже дека Саваж и е тој што сака да ја убие британската кралица.

Наводи[уреди]

  1. Lemire, Christy. „Film review: 'Johnny English' fires wildly, but mostly misses comic targets“, „Deseret News“, 21 октомври 2011 (конс. 22 октомври 2011).
  2. „Johnny English (2003)“. Box Office Mojo. http://www.boxofficemojo.com/movies/?id=johnnyenglish.htm. конс. 13 јануари 2009. 
  3. Johnny English Reborn (PG)“. British Board of Film Classification. 1 септември 2011. http://www.bbfc.co.uk/BFF277268/. конс. 1 септември 2011.