Џоко Кунгуловски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Професор д-р Џоко Кунгуловски
Роден 15 септември 1958 г
Ресен
Националност Македонец
Познат научник од областа на микробиологијата, Основач на современа микробиолошка лабораторија
Занимање Микробиолог
Деца Иван


Д-р Џоко Кунгуловски, редовен професор на Институтот за биологија при ПМФ, Скопје, роден е во Ресен на 15 септември 1958 г.

Биографија[уреди]

Основното и средното образование го завршува во родното место. На Биолошкиот факултет во Скопје дипломирал во учебната 1980/81 г. Во текот на студирањето бил наградуван како еден од најдобрите студенти во генерацијата. Во 1982 г. бил примен на Биолошкиот факултет во Скопје и во текот на истата година престојува на Ветеринарниот институт во Скопје каде што ги совладал основите на микробиолошките техники. Во 1983 г. запишал постдипломски студии на Природословно-математичкиот факултет во Загреб, група микробиологија. Предвидените испити ги положил со одличен успех, а во 1986 г. ја одбранил магистерската работа под наслов: "Odabiranje mjesovitih kultura anaerobnih mikroorganizama za kontinuiranu fermentaciju govedjeg gnoja do metana". За помлад асистент бил назначен во 1984 г., а во звањето асистент на Биолошкиот факултет во Скопје бил избран во 1987 г. Во 1990 г. успешно ја одбранил докторската дисертација под наслов: "Повеќекратно искористување на пресувана јаболкова пулпа во степенесто производство на етанол, биогас и сточен квасец со примена на одбрани микробни култури". Во текот на 1988-90 г., по барање на ИРИК-ОХИС од Скопје, основа современа биотехнолошка лабораторија, со што беа создадени основи за развој на биотехнологијата во оваа институција. Во 1991 г. бил избран за доцент по група предмети од областа на микробиологијата.

Научно истражувачка дејност[уреди]

Основач на современа микробиолошка лабораторија, со што на Институтот за биологија при ПМФ во Скопје беа втемелени предуслови за квалитетени истражувања од областа на експерименталната микробиологија и беше обезбедена лабораториска основа за изведување на наставата од оваа област на биологијата. Денес во Лабораторијата се вршат значајни експертизи од областа на индустриската микробиологија и микробната биотехнологија. Во март 2003 г., во Лабораторијата е организиран семинар по индустриска микробиологија во кој активно учество земаат скоро сите поголеми фабрики од прехрамбената индустрија во Р. Македонија. Во периодот од 1995 до 1998 г. во својство на научен соработник е ангажиран во Хидробиолошкиот завод во Охрид, со задача да раководи со тамошната микробиолошка лабораторија и да ја организира нејзината научна работа. Во 1996 г. е избран за вонреден професор на Институтот за биологија при ПМФ, а во 2001 г. во редовен професор. Во 2006 е реизбран за редовен професор. Вклучен е во организирањето и изведувањето како на практичната, така и на теоретската настава од областа на микробиологијата и биотехнологијата. Држи редовна додипломска настава по група предмети од микробиологијата и биотехнологијата, како на ПМФ за студиите по биологија (сите насоки) и студиите по хемија (насока аналитичка биохемија), така и за студентите од поранешните интердисциплинарни студии по инженерство на животната средина на Машинскиот факултет. Во последните петнаесет години дава посебен придонес во наставата на постдипломските и докторските студии на Природно-математичкиот факултет, а во периодот од 1999 до 2002 г. учествува во интердисциплинарните постдипломски студии по молекуларна биологија, организирани на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во својство на професор и координатор на една од насоките.

Општествена и книжевна активност[уреди]

Резултатите од истражувачката работа се објавени во 82 научни трудови (добар дел со имакт фактор),109 научни излагања на собири во земјата и во странство и 3 учебници. Раководи со голем број апликативни проекти од овласта на третманот на отпадни води. Како главен проектант учествува во изработката на голем броj Елаборати, Студии, Идејни проекти, Основни проекти и Изведбени проекти. Научното и стручното усовршување ги опфаќа подрачјата: микробна екологија, микробна биотехнологија, индустриска микробилогија, санитарна микробиологија, биотехнологија на отпадни води, компостирање на органски отпад, проучување на биологијата на аеробни (мувли) и анаеробни фунги и сл. Врз основа на таквиот интерес, д-р Кунгуловски води низа истражувања во кои особено внимание посветува на: изолација, култивирање, адаптација, селекција и архивирање на чисти или мешани аеробни или анаеробни микроорганизми и нивна примена во третманот на отпадните води со користење на соодветни технологии, испитување на таксономските, биолошките и токсикогените аспекти на филаментозните мувли изолирани од домашни извори; лимнолошки истражувања на физиолошките групи бактерии и бактериите со санитарно-епидемиолошко значење за следење на состојбата и дефинирање на влијанието на антропогениот фактор во водните екосистеми.

Учество во научноистражувачки проект[уреди]

Раководел со 11 домашни и 4 меѓународен научноистражувачки проект, како и со еден развојно-истражувачки проект, а учествувал во работата на 4 меѓународни проекти финансирани од програмата CORDIS (FP-5; FP-6 и FP-7). Во изминатиот период се остварени значајни студиски престои во реномирани европски центри. Редовен член е на Federation of European Microbiological Societies, International Water Association, Друштвото на микробиолозите на Македонија и член е на бордот на Балканската асоцијација на микробиолози. Во 2003 е прифатен како личност на годината кои дале посебен придонес за науката во 20 век, од страна на Американското биографско друштво (The American Biographical Institute: Contemporary WHO'S WHO OF THE YEAR 2002/03).

Пронајдоци[уреди]

Во изминатиот период има објавено 6 патенти, а во 2005 и 2009 година за пронајдокот од биотехнологијата на отпадните комунални и индустриски води, д-р Кунгуловски стана добитник на Златен медал на 57-от и 61-от Интернационален саем за “Идеи, пронајдоци, новитети-IENA” одржан во Нинберг, Германија. Двата споменати патенти се наградени со признанието Патент на годината на Р. Македонија за 2005 и 2009 година.

Надворешни врски[уреди]

Природно математички факултет Институт за Биологија, ПМФ Скопје