Џовани Борџија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Наводен портрет на Џовани Борџија

Џовани Борџија (на шпански: Хуан), бил втор војводата од Гандија (1477 - 14 јуни, 1497) бил син на Папата Александар VI и брат на Чезаре Борџија, Хофре Борџија и Лукреција Борџија. Џовани бил второ дете, од четирите деца, на Папата Александар VI и неговата љубовница Ваноза Катанеј [1][2].

Џовани Борџија најверојатно роден во Рим. Тој се оженил со Марија Енрикез де Луна. Тој бил војводата од Гамдија, војводата од Сеса, гувернер на Свети Петар и гонфалониер и капетан - генерал на Црквата. Тој бил убиен ноќта на 14 јуни 1497 во Рим. Неговото тело било пронајдено во реката Тибар со 30 недопрени златни дукати, кои укажуваат дека станува збор за политичка ликвидација. Неговиот придружник исто така бил убиен, па немало сведоци на убиството [3]. Поради недостаток на извори не може да се утврди главниот инспиратор на атентатор. Се посочуваат повеќе непријатели на Џовани и Папата Александар VI, а според една верзија зад неговото убиство стои неговиот брат Чезаре Борџија.

Џовани и Марија имале две деца: Хуан де Борја Енрикез (познат како Хуан Борџија), кој станал трет војвода од Гандија и Франциска де Хесус Борја, која станала калуѓерка во манастирот во Ваљадолид. Вториот Хуан бил таткото на светецот Френсис Борџија.

Извори[уреди]

  1. Christopher Hibbert: The Borgias and their enemies. Harcourt, Inc. 2008, p. 30
  2. Sarah Bradford: Cesare Borgia. His Life and Times. London 1876, p. 17
  3. Sabatini, II.4.