Џим Џармуш

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џим Џармуш

Џим Џармуш, 19 мај 2005 година.
Роден(а) James R. Jarmusch[1]
јануари 22 1953 (1953-01-22) (61 г.)
Кујахога Фолс, Охајо, САД
Алма матер Колумбија Универзити (1975)
Занимање филмски режисер, сценарист, актер, продуцент, уредник и композитор
Активен период 1979–денес
Партнер Сара Драјвер

Џејмс Р. „Џим“ Џармуш (22 јануари 1953) е американски независен режисер, сценарист, актер, продуцент, уредник и композитор.[2] Џармуш бил голем поборник на „независен филм“, посебно во 1980-те и 1990-те години.[3]

Биографија[уреди]

Клучно за Џим, мислам дека е што обелел во косата на 15 години ... Како резултат на тоа, секогаш се чувствувал како имигрант во светот на тинејџерите. Оттогаш, тој е имигрант - добродушен, странец кој фасцинира. И сите негови филмови се за тоа.
Том Вејтс, според изјава за Њујорк Тајмс, 2005 година [4]

Џармуш е роден во семејство од средната класа, во едно предградие во Охајо, во 1953 година.[3][5][6] Мајка му, со ирско и германско потекло, била рецензент за филм и театар за Акрон Бекон Журнал пред да се омажи за неговиот татко, кој бил бизнисмен со чешко и германско потекло, вработен во компанијата Гудрич.[1][5][7] Џим бил средното од трите деца,[4] а мајка му го запознала со светот на филмот со тоа што го оставала во локалното кино денски додека таа била на работа.[8][9] Првиот посериозен филм на кој Џим се сеќава дека го гледал бил филмот од 1958 година Патот со грмотевици (во кој глуми Роберт Мичам), а насилството во филмот оставило силен впечаток на седум годишниот Џармуш.[10] Друг филм кој му оставил впечаток во детството бил филмот Гуларди, ексцентричен хорор филм.[9]

И покрај неговиот ентузијазам за филмот, Џармуш бил страстен читател во младоста,[3] и многу се интересирал за литературата, во што го охрабрувала неговата баба.[1] Одбивал да оди во црква со родителите (не бил восхитен од „идејата да седи во здодевна соба“), Џармуш ѝ дозволил на литературата да ги оформи неговите метафизички верувања и да го води кон сфаќање на теологијата во неговите тинејџерски години.[10] Развил вкус за контракултурата: тој и неговите пријатели ги краделе плочите и книгите од своите постари браќа и сестри.[3][11] Изработувале лажни документи со кои можеле да влегуваат во баровите за викенди, но исто и во локалното кино каде се прикажувале порнографски филмови, но и андерграунд филмови, како на пример филмот на Енди Ворхол Девојките од Челзи.[3][11] Во еден период, Џармуш бил чирак на комерцијален фотограф.[3] Подоцна изјавил: „Додека растев во Охајо, планирав да си одам од таму.“[11]

Њујорк[уреди]

Откако завршил средно училиште во 1971 година,[12] Џармуш се преселил во Чикаго и се запишал во школата за новинари Медил на Северозападниот Универзитет.[6][13] Откако бил избркан од таму затоа што не сакал да оди на часови по новинарство (Џармуш повеќе ги сакал часовите по литература и историја на уметноста) се префрлил на универзитетот Колумбија наредната година, со намера да стане поет.[10][13] Студирал англиска и американска литература, а професори му биле авангардните поети Кенет Коч и Дејвид Шапиро.[1] На универзитетот Колумбија започнал да пишува кратки „полу-раскажани апстрактни текстови“,[1] и го уредувал списанието за литература Колумбија Ривју.[6][14]

За време на последната година од студиите, Џармуш се преселил во Париз на летен семестар, размена на студенти, каде останал десет месеци.[3][12] Таму работел како разнесувач во една уметничка галерија, а најголемиот дел од времето го минувал во француската синематека.[3][6]

Таму ги видов нештата за кои само слушав и читав – филмовите на многумина добри јапонски режисери, како Имамура, Озу, Мицогучи. Исто така и филмовите на европските режисери како Бресон и Драер, па дури и американски филмови како ретроспектива на филмовите на Семјуел Фулер, за кои знаев бидејќи сум гледал неколку од нив на телевизија доцна навечер. Кога се вратив од Париз, сè уште пишував, а моето пишување стануваше сè повеќе филмско, со повеќе визуелни описи.
- Џармуш во интервју со Лоренс ван Гелдер од Њујорк Тајмс, 21 октоври 1984 година.[1]

Џармуш дипломирал на универзитетот Колумбија во 1975 година.[6]

После враќањето од Париз во 1976 година, бил без пари и работел како музичар во Њујорк, Џармуш од каприц се пријавил на престижната школа за филм на универзитетот во Њујорк (во тоа време под водство на холивудскиот режисер Ласло Бенедек).[1][3][13] И покрај тоа што немал никакво искуство со филм, примен е во школото.[1] Таму студирал четири години, ги запознал студентите и идните соработници Сара Драјвер, Том Дичило и Спајк Ли.[6] Кон крајот на 1970-те години во Њујорк, Џармуш и неговите пријатели стануваат дел од алтернативната културна сцена во клубот CBGB.[15]

Последната година од неговите студии во Њујорк, Џармуш работел како помошник на режисерот Николас Реј, кој во тоа време предавал на катедрата.[6] Џармуш му го покажал на својот ментор своето прво сценарио, а Реј го одбил велејќи дека нема доволно акција, на што Џармуш одговорил со тоа што го преработил сценариото да биде со уште помалку настани. Кога Џармуш се вратил со преработеното сценарио, Реј позитивно изреагирал на тврдоглавоста на својот студент.[16] Џармуш бил единствениот човек што Реј го зел со себе на работа - како личен помошник – на снимање на филмот Громови над водата, документарен филм за неговите години пред смрт, каде соработувал со Вим Вендерс.[3] Николас Реј умрел летото во 1979 година после долги години борба со ракот.[6] Неколку дена подоцна, охрабрен од Реј и њујоршкиот филмски работник Амос По, со парите што ги добил од една фондација како школарина,[1][17] Џармуш почнал да снима филм.[2][6] Универзитетот не бил импресиониран од начинот на кој Џармуш ја трошел школарината, како ни од неговиот проект, одбил да му ја даде дипломата на Џармуш.[12]

Филмови[уреди]

Првиот филм: Одмор и Рај[уреди]

Проектот што го работел Џармуш на универзитетот во својата последна година, завршен е во 1980 година, и добил наслов Постојан одмор. Тоа е неговиот прв филм.[12] Направен е со буџет од околу 12 илјади долари, а го снимил Том Дичило на 16 милиметарски филм.[18] Филмот трае 75 минути, и е квази-биографија на еден скитник (Крис Паркер), неговото скитање низ центарот на Менхетн.[19][20] Филмот не бил емитуван јавно, па не привлекол никаква критика, што нема да е случај со неговите натамошни филмови. Новинарот од Вашингтон пост Хал Хинсон, омаловажувачки ќе искоментира за време на прикажувањето на филмот на Џармуш Мистериозен воз (1989) дека кога режисерот имал деби (т.е. со првиот свој филм) „единствениот талент што го покажал било да собере неверојатно неталентирани глумци“.[21] Така, недовршениот Постојан одмор е еден од најличните филмови на режисерот, каде се поставени многу од значенките што ќе ги покаже во своите подоцнежни филмови, како што се напуштени урбани средини, случајни средби и испревртена сензитивност.[20][22]

Првиот позначаен филм на Џармуш е Почудно од рајот, произведен со буџет од околу 125 илјади долари, прикажан во 1984 година, и проследен со премногу критика.[23][24] Овој филм е безизразна комедија, чудно патување на тројца разочарани млади од Њујорк низ Кливленд до Флорида, прекршил многу конвенции во традицијата на снимање филмови во Холивуд.[25] Добитник е на наградата „Златна камера“ на Канскиот филмски фестивал во 1984 година, како и на наградата за најдобар филм во 1985 година што ја доделува Здружението на филмски критичари,[26][27] и со тоа филмот станал симбол на новиот независен филм.[28]

Надвор од законот, Мистериозен воз и Ноќ на Земјата[уреди]

Во 1986 година, Џармуш го напишал и го режирал филмот Надвор од законот, во кој глумат музичарите Џон Лури и Том Вејтс, како и италијанскиот комичар Роберто Бенињи (што претставува негов прв настап за американската публика). Тие се тројцата затвореници кои бегаат од затворот во Њу Орлеанс.[29] Снимен е исто како и претходните филмови на Џармуш - во црно-бела техника, а на овој филм Џармуш за првпат соработува со прочуениот холандски кинематограф Роби Милер, кој бил познат по соработката со Вендерс.[30]

Неговите два наредни филма се експериментирање со паралелни раскажувања: Мистериозен воз (1989) раскажува три последователни приказни кои се случуваат во иста ноќ во хотел во Мемфис, a Ноќ на Земјата (1991)[31] зборува за петмина таксисти и нивните патници кои се возат во пет различни градови во светот. Филмот почнува на зајдисонце во Лос Ангелес, а завршува на изгрејсонце во Хелсинки.[16] Помалку мрачен од претходните негови филмови е Мистериозен воз, кој ја содржи концепцијата за Америка на Џармуш.[32] Филмот Ноќ на Земјата го напишал за една недела, додека бил разочаран поради колапсот што се случил со друг филм што претходно го напишал, и со желба да соработува на филмот со пријателите како Бенињи, Џина Роулендс и Исак де Банкол.[33]

Како резултат на неговата работа, Џармуш станал влијателен во новиот тренд на Америка на таканаречен уличен филм.[34] Овие филмови на Џармуш станале омилени,[35] и добиле мала но посветена група следбеници во Америка, но во Европа и Јапонија сметани за култни филмови.[36] Секој од четирите филма имал своја премиера на еминентниот филмски фестивал во Њујорк, а Мистериозен воз бил испратен на Канскиот филмски фестивал во 1989 година.[26] Естетиката на Џармуш поттикнала лавина од критики во овој период.[12][26]

Во 1991 година Џим Џармуш се глуми себеси во првата епизода на култната телевизиска серија на Џон Лури, Риболов со Џон.

Крајот на деведесетите, експерименти со жанрот: Мртовец и Дух куче[уреди]

Во 1995 година, Џармуш го снимил Мртовец. Приказната е за Дивиот Запад во 19 век, а главните улоги се на Џони Деп и Гари Фармер. Трошоците за филмот биле речиси 9 милиони долари, а во филмот се појавуваат и Џон Харт, Габриел Бирн и Роберт Мичам.[37] Филмот претставува значајно отстапување од дотогашното режисерско остварување на Џармуш.[38] Сериозен, тематски експанзивен, овој филм претставува еден надреален карактер.[12][38] Филмот е снимен во црно-бела техника, снимател е Роби Милер, музиката е на Нил Јанг, за кого Џармуш потоа го снимил документарецот Година на коњот, прикажан во 1997 година.

Џармуш (лево) и Исак де Банкол (десно) на промоцијата на Грниците на контролата на Меѓународен филмски фестивал Сан Себастијан во септември 2009 година.

Иако лошо дочекан од американскиот мејнстрим, Мртовец наиде на прием кај публиката и критичарите надвор од САД, а многумина го нарекоа „визионерско ремек-дело“.[12] Овој филм е поздравен како еден од ретките филмови направени од белци во кој се прикажува автентичната индијанска култура, а Џармуш одлично го претставил Дивиот Запад, насилството и посебно домородните народи.[39]

Успехот и позитивните критики кај американската заедница на независен филм, Џармуш ги добил со филмот за далечниот Исток, филозофскиот криминалистички филм Дух куче: Патот на самурајот, снимен во Џерси. Форист Вајтејкер глуми млад градски човек кој смислата на животот ја наоѓа во бескомпромисното прилагодување кон Хагакура, филозофски текст од 18 век. Тој вежба да стане самурај. Музиката за филмот е на RZA од кланот Ву-Танг. Филмот покрај другото е уникатен поради многубројните книги што се дискутираат од страна на ликовите, а повеќето од нив се набројани на крајот. Филмот исто така се смета дека му укажува почит на постариот филм Le Samourai од 1967 година, француски њу вејв од Жан-Пјер Мелвил, во кој глуми познатиот француски актер Ален Делон.

Последен период: Цигари, Цвеќиња и Контрола[уреди]

После филмот Дух куче, Џармуш прави пауза од пет години, како што самиот изјавил: поради креативна криза што настапила после терористичките настаните од 11 септември во Њујорк.[8] Во 2004 година конечно се појавува филмот Кафе и цигари, колекција од единаесет кратки филмови на ликови кои седат, пијат кафе, пушат цигари и муабетат. Овие кратки филмови Џармуш ги снимал во текот на претходните 20 години. Првиот е снимен во 1986 година, со Роберто Бенињи и Стив Рајт. Во 1993 година, е снимен делот „Некаде во Калифорнија“, во кој се појавуваат Том Вејтс и Иги Поп, за кој има добиено награда Златна Палма за краток филм.[40]

Во 2005 година се појавува Скршени цвеќиња, во кој игра Бил Мјури како прерано пензиониран, кој оди да ја бара мајката на својот незнаен син со цел да ја надмине кризата на средновечноста. После овој филм, Џармуш потпишува договор со Фортисимо Филмс, со кој договор се одредува дека дистрибутерот ќе финансира, ќе има право прв да го дистрибуира филмот, но и ќе ги покрие дополнителните трошоци на неговата продуцентска куќа, Ексоскелетон.[41]

Последниот филм на Џармуш, Границите на контролата, премиерно е прикажан во САД на 22 мај 2009 година. Ова е криминалистички филм за Шпанија во кој главната улога е на Исак де Банкол како осамен атентатор на тајна мисија.[42] Документарниот филм Позади со Џим Џармуш претставува три дена од снимањето на филмот „Границите на контролата“ во Севиља на режисерот Леа Риналди.[43]

Во октомври 2009 година, Џармуш се појавува во епизода од серијата Здодевно до смрт.

Во септември 2010 година, Џармуш помага во организација на музичкиот фестивал во Монтичело, Њујорк. Исто така работи на документарен филм за рок групата Стуџис и на сценариото на операта за пронаоѓачот Никола Тесла.[44] Неговите идни планови вклучуваат снимање филм со Тилда Свинтон, Мајкл Фасбендер, Миа Васиковска и Џон Харт,[45] чие снимање се очекува да започне на почетокот на 2012 година.[46]

Кариерата со филмот[уреди]

Стил и карактеристики[уреди]

Ништо не е оригинално. Укради го од каде сакаш она што те инспирира или ја разгорува твојата фантазија. Истражувај во сè: стари филмови, нови филмови, музика, книги, слики, фотографии, поеми, соништа, случајни разговори, архитектура, мостови, улични знаци, дрвја, облаци, водени површини, светло и сенки. Одбери ги само оние нешта кои директно ѝ се обраќаат на твојата душа. Ако направиш вака, твојата работа (и кражбата) ќе биде автентична. Автентичноста е непроценлива; оригиналноста е непостоечка. И немој да се мачиш да скриеш од каде си украл - поарно величај го. Во секој случај, секогаш имај го на ум она што го кажал Жан-Лук Годард: „Не се работи за тоа од каде си ја зел идејата - туку што си направил со неа.“

—Џим Џармуш, Златните правила на кинематографијата
(The Golden Rules of Filming)[47]

За Џармуш е карактеристичен минимализмот при снимањето на филмови, како и отсуството на акција.[23][48] Тој често ја избегнува традиционалната раскажувачка псотапка, и повеќе се насочува на расположението и развојот на карактерот.[8][48][49] Во едно интервју дадено на почетокот од неговата кариера, тој изјавил дека негова цел е „да го приближи реалното време до гледачите“.[50] Првите филмови на Џармуш се карактеризираат со контемплативен тон, со долги сцени на молк и продолжени мирни снимки.[38] Тој експериментирал со форматот вињета во три филма: Мистериозен воз, Ноќ на Земјата и Кафе и цигари. Пристапот на Џармуш при снимање на филм, според зборовите на критичарот Шин П. Минс од The Salt Lake Tribune, е „мешавина на филмски стилови и жанрови со огромна снаодливост и црн хумор“,[51] а е проткаен со специфичен и безизразен комичен тон.[42]

Протагонистите од филмовите на Џармуш се обично осамени авантуристи.[2] Машките ликови во неговите филмови се опишани како „трикратни губитници, ситни крадци и невешти измамници, сите [...] значајно симпатични, ако не и шармантни“,[38] а новелистот Пол Остер ги опишал како „лаконски, повлечени, тажни, кои мрморат“.[14]

Теми[уреди]

Џармуш на Кански филмски фестивал во 2005 година.

Иако неговите филмови најмногу се однесуваат на САД, Џармуш изјавил дека тој Америка ја гледа „низ очите на странец“, со намера да создаде филм што ќе биде синтеза на европскиот, јапонскиот и филмот на Холивуд.[1] Во неговите филмови секогаш има странски глумци и ликови, дијалог на не-англиски јазик. Во неговите два филма од крајот на 1990-те, тој се задржува на тоа како различните култури го доживуваат насилството, како и на разликите меѓу културите: чудната љубов на Индијанецот за поезијата на Вилијам Блејк, посветеноста на црнецот на Хагакуре. Спојката меѓу различните култури, произволноста на националниот идентитет, како и непочитувањето на етничките, патриотските и националните чувства се теми кои постојано се појавуваат во филмовите на Џармуш.[38][52]

Фасцинацијата на Џармуш за музика е уште една карактеристика која се појавува во неговите филмови.[12][32] Често во главна или клучна улога се појавуваат музичари – Џон Лури, Том Вејтс, Гери Фармер, Јуки Кудох, RZA и Иги Поп се појавуваат во повеќе филмови на Џармуш, а Џо Страмер и Скримин Џеј Хокинс се појавуваатво Мистериозен воз и GZA, Џек Вајт и Мег Вајт во Кафе и цигари. Песната на Хокинс „I Put a Spell on You“ е централна тема во филмот Почудно од рајот, додека филмот Мистериозниот воз е инспириран и наречен така според песната „Mystery Train“ популаризирана од Елвис Присли, што е исто така тема во дел од Кафе и цигари.[12] Според зборовите на критичарот Винсент Кенби, „филмовите на Џармуш го имаат темпото и ритмот на блузот. Неговите филмови делуваат на чувствата на истиот начин на кој музиката делува, сè додека не стане предоцна да ги избркаш од мислите.“[32]

Во интервју од 1989 година, Џармуш изјавил: „Јас порадо ќе снимам филм за дечко што си шета куче, отколку за императорот на Кина.“[53]

Приватност[уреди]

Џармуш во панк клубот CBGB во Њујорк, 30 ноември 2003 година

Џармуш не дискутира јавно за својот приватен живот.[5][8] Неговата долгогодишна девојка, која е исто така во филмската иднустрија, Сара Драјвер, работела со него на неговите први филмови, но кавгите од работа ги пренесувале во приватниот живот, така што раскинале, а подоцна решиле да не работат заедно. Од тогаш живеат заедно повеќе години.[8] Џармуш живее на релација Њујорк Сити и Катскил Маунтајнс во внатрешноста на Њујорк.[5][54] Престанал да пие кафе во 1986 година, годината кога го снимил првиот дел од Кафе и цигари, но сепак останал пушач.[55]

На почеток од 1980-те години, Џармуш беше дел од музичарите во проектот „Дарк Деј“ на Робин Крачфилд,[56] а подоцна стана клавијатурист и еден од двајцата вокалисти за „The Del-Byzanteens“,[6] њу вејв бенд чиј единствен ЛП Лаги со кои живееш (Lies to Live By) беше андерграунд хит во САД и Британија во 1982 година. Џармуш учествувал и во албумот Ви-Танг го среќава индиската култура (Wu-Tang Meets the Indie Culture) (2005).[57]

Џармуш заедно со Мајкл Гондри придонесле за ремиксот со ограничен тираж на песната „Плава орхидеја“ (Blue Orchid) од „Вајт Страјпс“ (The White Stripes) во 2005 година.[58]

Автор е на серија есеи за влијателните групи, а има објавено и најмалку две поеми. Тој е основач на „Синовите на Ли Марвин“, хумористична „полу-тајна“ заедница на уметници, кои се среќаваат и заедно ги гледаат филмовите на Марвин.[4][59]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 1,9 Hertzberg, Ludvig. „Biography from Current Biography Yearbook 1990 (abridged)“. The Jim Jarmusch Resource Page. http://www.jim-jarmusch.net/bio/. конс. 20 мај 2009. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Lim, Dennis (23 април 2009). „A Director Content to Wander On“. „The New York Times“. The New York Times Company. http://www.nytimes.com/2009/04/26/movies/26lim.html?_r=1&pagewanted=all. конс. 25 април 2009. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 3,9 Suárez 2007, стр. 6–11
  4. 4,0 4,1 4,2 Hirschberg, Lynn. „The Last of the Indies“, „The New York Times“, The New York Times Company, 31 јули 2005 (конс. 27 април 2009).
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Hertzberg, Ludvig (28 октомври 2008). „The Private Life of James R. Jarmusch“. „Limited Control“. Posterous.com. архивирано од оригиналот на 29 јуни 2012. http://archive.is/ZDsT. конс. 2 ноември 2009. 
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 6,7 6,8 6,9 Hertzberg 2001
  7. Jarmusch, Ann. „The Jarmusch clan“, „Los Angeles Times“, 12 мај 1996 (конс. 13 мај 2009). „We grew up near, not in, Akron, Ohio, in an idyllic area that seemed eons away from the stinky, grimy "Rubber Capital of the World." And our father worked for B.F. Goodrich, not Goodyear.“
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Hattenstone, Simon (13 ноември 2004). „Interview: Simon Hattenstone meets Jim Jarmusch“. guardian.co.uk. http://www.guardian.co.uk/film/2004/nov/13/features.weekend. конс. 2 мај 2009. 
  9. 9,0 9,1 Jarrell, Joe. „Jim Jarmusch“, „San Francisco Chronicle“, 9 мај 2004 (конс. 27 април 2009).
  10. 10,0 10,1 10,2 McKenna, Kristine. „Dead Man Talking“, „Los Angeles Times“, 5 мај 1996.
  11. 11,0 11,1 11,2 Schoemer, Karen. „On The Lower East Side With: Jim Jarmusch; Film as Life, and Vice Versa“, „The New York Times“, The New York Times Company, 30 април 1992 (конс. 27 април 2009).
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 12,6 12,7 12,8 Crow, Jonathan. „Jim Jarmusch > Biography“. „allmovie“. All Media Guide. http://www.allmovie.com/artist/jim-jarmusch-95892/bio. конс. 1 октомври 2009. 
  13. 13,0 13,1 13,2 Langdon, Matt (17 март 2000). „The Way of the Indie God“. „iFMagazine“. архивирано од оригиналот на 10 февруари 2007. http://web.archive.org/web/20070210023842rn_1/ifmagazine.com/feature.asp?article=570. конс. 27 септември 2009. 
  14. 14,0 14,1 Auster, Paul (7 септември 2007). „Night on Earth: New York — Jim Jarmusch, Poet“. The Criterion Collection. http://www.criterion.com/current/posts/571. конс. 10 мај 2009. 
  15. Olsen, Mark (26 април 2009). „Jim Jarmusch on 'The Limits of Control'“. „Los Angeles Times. http://www.latimes.com/entertainment/news/la-ca-indiefocus26-2009apr26,0,1638552.story. конс. 7 мај 2009. 
  16. 16,0 16,1 Kennedy, Mark. „Jim Jarmusch refuses to go along“, „The Columbian“, 19 март 2000. „He's never seen Obi-Wan Kenobi spar with Darth Vader, or Rhett Butler pop off to Scarlett.

    Jim Jarmusch, the art-house filmmaker who helped spark a renaissance in independent film, refuses to actually sit through some of the classics of American cinema.

    "I pledge I will go to my grave having never seen Gone with the Wind or any Star Wars film," Jarmusch says. "Just to be obstinate. No other good reason."

    It's a typical stance from a moviemaker who stubbornly creates films that critics often complain are too long, too meandering, and too often in black and white.“

  17. Suárez 2007, стр. 21
  18. „Jim Jarmusch“. guardian.co.uk. 15 ноември 1999. http://www.guardian.co.uk/film/1999/nov/15/guardianinterviewsatbfisouthbank3. конс. 12 мај 2009. 
  19. Levy, Shawn (April 2000). „Postcards from Mars“. „Sight & Sound10 (4): 22–24. http://www.jim-jarmusch.net/biblio/online/shawn_levy_postcards_from_m.html. конс. 1 октомври 2009. 
  20. 20,0 20,1 Canby, Vincent. „Jim Jarmusch's First Feature at Archives“, „The New York Times“, The New York Times Company, 20 септември 1990 (конс. 12 мај 2009).
  21. Hinson, Hal. „Mystery Train (R)“, „The Washington Post“, The Washington Post Company, 2 февруари 1990 (конс. 27 септември 2009).
  22. Jenkins, Mark. „Rediscovering Jarmusch's Minimalist Paradise“, „Washington Post“, Washington Post Company, 31 август 2007 (конс. 27 септември 2009).
  23. 23,0 23,1 Burr, Ty (10 март 2000). „Ghost Dog: The Way of the Samurai“. „Entertainment Weekly. http://www.ew.com/ew/article/0,,275620,00.html. конс. 17 мај 2009. „... minimalist director who found fame with 1984's Stranger Than Paradise ...“ 
  24. Sterritt, David. „On the fringes of film: writer-director Jim Jarmusch“, „Christian Science Monitor“, 21 февруари 1985. „Jim Jarmusch brought in "Stranger Than Paradise" for about $125,000. That's not a budget in today's movie world; it's lunch money.“
  25. Tobias, Scott (19 мај 2004). „Jim Jarmusch“. „The A.V. Club. http://www.avclub.com/articles/jim-jarmusch,13869/. конс. 3 мај 2009. 
  26. 26,0 26,1 26,2 Tasker, Yvonne (2002). „Stranger than Fiction: The rise and fall of Jim Jarmusch“. „Fifty Contemporary Filmmakers“. Routledge Key Guides. New York: Routledge. стр. 177–178. ISBN 0415189748. OCLC 47764371 
  27. Hartl, John (16 март 2000). „New on videotape“. „The Seattle Times. http://community.seattletimes.nwsource.com/archive/?date=20000316&slug=4010335. конс. 11 мај 2009. 
  28. „Stranger Than Paradise (1984)“. The Criterion Collection. http://www.criterion.com/films/252. конс. 2 мај 2009. 
  29. "Profile: Jim JarmuschШаблон:'s new film, Ghost Dog: The Way of the Samurai". Host: Bob Edwards. Morning Edition. National Public Radio. March 10, 2000. “The 1984 movie Stranger Than Paradise by Jim Jarmusch is credited with launching the independent film movement. Two years later, Jarmusch introduced American audiences to the wacky Italian actor Roberto Benigni in Down by Law.”
  30. Kempley, Rita (3 октомври 1986). Down by Law. „The Washington Post“. The Washington Post Company. http://www.washingtonpost.com/wp-srv/style/longterm/movies/videos/downbylawrkempley_a0caf0.htm. конс. 12 мај 2009. 
  31. See Gabri Ródenas (2009), Guía para ver y analizar Noche en la Tierra de Jim Jarmusch, Barcelona/Valencia: Octaedro/Nau Llibres, ISBNs: 978-84-8063-931-6 /978-84-7642-776-7. Unluckily, It's not in English, just in Spanish
  32. 32,0 32,1 32,2 Canby, Vincent. „The Giddy Minimalism Of Jim Jarmusch“, „The New York Times“, The New York Times Company, 12 ноември 1989 (конс. 27 април 2009).
  33. „Jim Jarmusch - part two“. guardian.co.uk. 15 ноември 1999. http://www.guardian.co.uk/film/1999/nov/15/guardianinterviewsatbfisouthbank1. конс. 12 мај 2009. 
  34. Mazierska, Ewa; Laura Rascaroli (2006). „Crossing New Europe“. Wallflower Press. стр. 3. ISBN 1904764673. OCLC 63137371. „In reverse, North American directors started to absorb the influence of European road cinema, usually mediated by the 'American' films by Wim Wenders and Werner Herzog (Stroszek, 1977). The most influential representative of this trend in recent times is Jim Jarmusch, starting with his Stranger than Paradise from 1984.“ 
  35. Rosen, Steven. „Change may be in the wind: Jarmusch indie film has mainstream feel“, „The Denver Post“, 19 март 2000. „Jim Jarmusch, one of the most fiercely independent of current American writer-directors, has never cared if his movies gain mass acceptance.

    He's been content to appeal to the devoted if limited audience that responds to film as art. And that audience has embraced his Stranger Than Paradise, Down By Law, Mystery Train and Night on Earth.“

  36. Katzman, Lisa. „The Jarmusch touch in Night on Earth, America's coolest director exhudes a new warmth“, „Chicago Tribune“, 3 мај 1992. „Walking into the cafe where we've agreed to meet on a hot spring day, director Jim Jarmusch takes off his signature black leather jacket. It's the type worn by blues musicians, '50s greasers and the downbeat bohemian odd couple Willie and Eddie of Jarmusch's second film Stranger than Paradise. A small triangular silver Triumph motorcycle pin affixed to the lapel is a tip-off to one of Jarmusch's chief recreational passions. Among Jarmusch cognoscenti, the shock of thick, almost white hair that rises from his head in a handsomely shaped post-punk spike is another unmistakable signature.

    In the eight years since Stranger than Paradise became an arthouse hit, Jarmusch has garnered a loyal but limited American audience. Yet abroad, particularly in Japan and Europe, both Jarmusch and his films have achieved cult status. For foreigners, perhaps even more so than for Americans, Jarmusch's films are the sine qua non of post-modern American hipdom. They articulate a distinctly funky, low-tech, outcast vision of American society that in both ethos and esthetics draws upon and amusingly blends the past five decades of postwar culture. While in content his films quietly defy Hollywood's myths of American progress and prosperity, in form (due to their stylistic simplicity and small budgets) they are a retort to the movie industry's bloated excess.

    Recently, at the Yugoslavian film festival, 6,000 people turned out to fill a 4,000-seat theater for a midnight showing of Jarmusch's latest film, Night on Earth in wartorn Belgrade. In the past several months a traveling "Jim Jarmusch Film Festival" was held in major cities throughout Poland. Czechoslavakia will soon hold such a festival. And in Japan, where the director is a national celebrity, he is offered huge sums to appear in and direct commercials. To date he has turned down all offers.“

  37. Susman, Gary (May 9 – 16, 1996). Dead Man talking“. „Boston Phoenix“. Phoenix Media/Communications Group. http://www.bostonphoenix.com/alt1/archive/movies/reviews/05-09-96/DEAD_BAR.html. конс. 27 септември 2009. 
  38. 38,0 38,1 38,2 38,3 38,4 Yabroff, Jennie. „Jim Jarmusch, Rock and Roll Director“. „Addicted to Noise2 (6). http://www.addict.com/issues/2.06/html/hifi/Features/Jarmusch/index.html. конс. 27 септември 2009. 
  39. Hall, Mary Katherine (Winter 2000). „Now You Are a Killer of White Men: Jim Jarmusch's Dead Man and Traditions of Revisionism in the Western“. „Journal of Film and Video“ 52 (4): 3–14. 
  40. Caro, Mark. „With 'Coffee,' Jim Jarmusch lacks for rush“, „Chicago Tribune“, 28 мај 2004 (конс. 10 мај 2009). „But then 1992's "Somewhere in California," which won the Cannes Film Festival's short-film Palme D'Or, offers the delicious spectacle of [Iggy Pop] and [Tom Waits] meeting in some remote dumpy bar, with Iggy playing the shaggy, eager-to-please puppy while the edgy Waits finds ways to take constant umbrage.“
  41. Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.
  42. 42,0 42,1 Tobias, Scott (8 мај 2009). „Jim Jarmusch“. „The A.V. Club“. The Onion. http://www.avclub.com/articles/jim-jarmusch,27753/?utm_source=channel_features. конс. 23 септември 2009. 
  43. Hertzberg, Ludwig (24 јуни 2009). „Behind Jim Jarmusch“. „Limited Control“. Posterous. архивирано од оригиналот на 4 јануари 2013. http://archive.is/KQrTe. конс. 15 август 2009. 
  44. Breihan, Tom. „Filmmaker Jim Jarmusch Talks ATP“, „Pitchfork.com“, 20 август 2010 (конс. 20 август 2010).
  45. Weingarten, Christopher R.. „Jim Jarmusch's Showtunes“, „Village Voice“, 25 август 2010 (конс. 14 септември 2010).
  46. Macnab, Geoffrey (16 мај 2011). „Swinton, Fassbender and Wasikowska line up for Jarmusch's vampire story“. „ScreenDaily. http://www.screendaily.com/news/production/swinton-fassbender-and-wasikowska-line-up-for-jarmuschs-vampire-story/5027597.article. конс. 16 мај 2011. 
  47. Jarmusch, Jim (20 октомври 2005). „Jim Jarmusch’s Golden Rules“. „MovieMaker Magazine“. MovieMaker Publishing. http://www.moviemaker.com/directing/article/jim_jarmusch_2972/. конс. 26 април 2009. 
  48. 48,0 48,1 „Director Jim Jarmusch delivers offbeat mob movie Ghost Dog“, „The News Tribune“, 21 април 2000. „Jim Jarmusch makes movies unlike anyone else's. They're unhurried. They're populated by the oddest characters. They do not proceed in straight lines. They're one of a kind.“
  49. Travers, Peter (11 април 2001). „Night on Earth : Review“. „Rolling Stone. http://www.rollingstone.com/reviews/movie/5948043/review/5948044/night_on_earth. конс. 7 мај 2009. 
  50. http://bombsite.com/issues/2/articles/46
  51. Means, Sean P.. „A Samurai Warrior Haunts New Jersey in Ghost Dog“, „The Salt Lake Tribune“, 21 април 2000. „Jim Jarmusch has always applied the Cuisinart approach to moviemaking, blending film styles and genres with sharp wit and dark humor“
  52. Klein, Joshua (15 март 2000). „Jim Jarmusch“. „The A.V. Club. http://www.avclub.com/articles/jim-jarmusch,13646/. конс. 5 мај 2009. 
  53. Hertzberg 2001, стр. 92
  54. Jarmusch, Jim. Interview with Terry Gross. Fresh Air (audio). National Public Radio. WHYY. August 16, 2005. Retrieved on May 3, 2009.
  55. Torday, Daniel (June 1, 2005). „Q&A with Jim Jarmusch“. „Esquire. http://www.esquire.com/features/qa/ESQ0604-JUNE_JARMUSCH. конс. 19 мај 2009. 
  56. Hertzberg, Ludvig (15 септември 2008). „Dark Day“. „Limited Control“. Posterous.com. архивирано од оригиналот на 4 јануари 2013. http://archive.is/zUqCe. конс. 14 мај 2009. 
  57. Fennessy, Sean. „Pitchfork: Various Artists: Dreddy Krueger Presents...Think Differently Music: Wu-Tang Meets the Indie Culture“. Pitchfork Media. http://pitchfork.com/reviews/albums/8748-dreddy-krueger-presentsthink-differently-music-wu-tang-meets-the-indie-culture/. конс. 2 мај 2009. 
  58. Hertzberg, Ludvig (17 септември 2008). „Connecting the white stripes“. „Limited Control“. Posterous.com. архивирано од оригиналот на 17 јули 2012. http://archive.is/v8Y0. конс. 14 мај 2009. 
  59. Hertzberg 2001, стр. 187

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „king“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „afi“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „provincetown“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „slpd“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „blair“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „rosenbaum“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „indians“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „pronunciation“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Препорака за читање[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: