Џими Кебе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мали Џими Кебе
Лични податоци
Роден на 19 јануари 1984(1984-01-19)(40 г.)
Роден во Витри сир Сен, Франција
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Слободен играч Слободен играч
Младинска кариера
Ланс Ланс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002-2008 Ланс Ланс 0 (0)
2002–2006 Ланс Б 57 (5)
2006–2007Шатору 18 (2)
2007-2008Булоњ 16 (5)
2008-2013 Рединг Рединг 175 (29)
2013-2015 Кристал Палас Кристал Палас 6 (0)
2014Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед 9 (1)
Репрезентација
2005-2009 Мали Мали 3 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011

Џими Бубу Кебе (роден на 19 јануари 1984 година) — фудбалер од Мали роден во Франција кој игра за Рединг на позицијата крило. Кебе е и репрезентативец на Мали и досега има 3 настапи за репрезентацијата.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рединг[уреди | уреди извор]

На 16 јануари 2008 година, Кебе се согласил да му се приклучат на Рединг, откако неговиот тогашен клуб Булоњ одбил да му дозволи да ја заврши сезоната под заем кој порано бил договорен. На 28 јануари 2008 година, од Рединг објавиле дека Кебе потпишал 2-и пол годишен договор со нив, за необјавена сума.

Тој го направил своето деби за Рединг како замена, појавувајќи се на местото на Џон Остер во финишот од натпреварит кој Рединг го загубил со 1-0 нагостувањето кај Евертон на 9 февруари 2008 година. Тој го постигнал својот прв гол во 1-2 дома пораз против Саутемптон на 22 ноември 2008. На 6 декември 2008 година тој бил исклучен за првпат во својата кариера во Редеинг за намерно удирање со лактот кон одбранбениот играч на Барнсли Денис Соуза.

Кебе го продолжил својот договор со клубот до летото 2012. Во 2010 година Кебе бил во прекрасна форма постигнувајќи, 13 гола во Чемпионшип во календарската 2010 година во лигата. На 21 август 2010 година, Кебе го одиграл својот 100 натпревар за Рединг, појавувајќи се како резерва во ремито 1-1 со Нотингем Форест на Мадејски стадион.

Во сезоната 2011-12 сезона Кебе имал спор со неговите сопственици околу неговиот договор. Откако се покажал дека е еден од клучните играчи на Рединг во плејофот во сезоната 2010/11 од клубот биле желни да потпишат нов долгорочен договор за да го зачуваат од интересот од страна на други клубови како што бил Лестер Сити, а неговиот договор во тоа време истекувал на крајот од сезоната 2011-12. Наскоро станало јасно дека Кебе сака да остане во клубот, но не сакал да потпише двегодишен договор, туку сака три-годишен договор. Рединг не можел да си дозволи да му понуди на Кебе договор од три години, но и покрај тоа што сакале да го направат Кебе еден од своите најплатените играчи. Сагата околу неговиот договор продолжила и во новата година, кога менаџерот на клубот Брајан МекДермот се заканил дека ќе поднесе оставка доколку загуби еден од својте најдобри фудбалери. На 5 јануари 2012 година, било потврдено дека Рединг му понудил на Кебе нов договор за три години каков што барал тој. На 24 јануари 2012 година, откако Антон Жингаревич го преземал на Рединг, Кебе и официјално го потпишал новиот договор кој ќе го задржи во клубот до 2014. По промоцијата на Рединг во Премиер лигата Кебе го постигнал својот прв Премиер-лигашки гол во ремито 2-2 дома со Њукасл. Тој постигнал гол и по неговото враќање од повредата со кул завршница на домашен терен против Арсенал во поразот со 5-2. На 2 февруари тој ги постигнал двата гола за Рединг во победата над Сандерленд со 2-1.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]