Џејсон Стејтам

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џејсон Стејтхам

Џејсон Стејтхам, 2011
Роден(а) 12 септември 1967
Лондон, Англија
Занимање Актер
Активен период 1998–сеуште

Џејсон Стејтам(англиски: Jason Statham) е британски актер, роден на 12 септември 1967 година во Лондон, Англија. Најпознат е по своите улоги во: Духовите од Марс, Транспортер, Транспортер 2, Транспортер 3, Адреналин, Адреналин 2, Хаос, Смртоносна трка, Војна, Платеници, Платеници 2, Безбедни.

Биографија[уреди]

Џејсон Стејтам е роден во Лондон, како син на барски пејач и денсерка. Во детството играл фудбал и бил уличен забавувач, но од се најмногу го интересирале скокови во вода. 12 години бил член на британската репрезентација, па така светското првенство во 1992 година освоил 12-то место. Стејтам бил запазен од режисерот Гај Ричи додека работел како модел. Во 1998 година, му доделил улога во својот филм, Lock, Stock and Two Smoking Barrels практично без никакво актерско образование. Му следи улога во уште еден Ричиев филм, Снеч од 2000 година. Откако филмот заработи над 80 милиони долари, на Стејтам му се отворија сите врати на Холивуд и такатој во 2001 година се појавува во два филма: Единствениот со Џет Ли и Духовите од Марс со Ајс Кјуб. Негова најпозната улога е во филмот Транспортер од 2002 година, каде игра како професионален возач Френк Мартин, кој доаѓа во конфликт со мафијата. Снимени се и два продолжетоци на филмот: Транспортер 2 (2005) и Транспортер 3 (2008).

Филмографија[уреди]

година македонско име англиско име улога
1998. -{Lock, Stock And Two Smoking Barrels}- Бејкон
2000. Снеч -{Snatch}- Турчин
2000. Појава -{Turn It Up}- господин Би
2001. Духовите од Марс -{Ghosts Of Mars}- Џерико Батлер
2001. Единствениот -{The One}- агент Еван Фанч
2001. -{Mean Machine}- Монах
2002. Тајландски бокс: секоја борба е рпесудна -{Thai Boxing: A Fighting Chance}-
2002. Транспортер -{The Transporter}- Френк Мартин
2003. Италијанска работа -{The Italian Job}- Роб
2004. Колатерал -{Collateral}- човек на аеродоромот
2004. Мобилни -{Cellular}- Итан Грир
2005. Транспортер 2 -{Transporter 2}- Френк Мартин
2005. Револвер -{Revolver}- Џејк Грин
2005. Лондон -{London}- Бејтман
2006. Хаос -{Chaos}- детектив Квентин Конерс
2006. Пинк Пантер -{The Pink Panther}- Ив Глуан
2006. Адреналин -{Crank}- Чев Челиос
2007. -{In The Name Of The King: A Dungeon Siege Tale}- Фармер Дејмон
2007. Војна -{War}- ФБИ агент Џон Крофорд
2008. Грабеж на банка -{The Bank Job}- Тери Ледер
2008. Смртна трка -{Death Race}- Џенсен Гарнер "Франкенштајн" Ејмс
2008. Транспортер 3 -{Transporter 3}- Френк Мартин
2009. Адреналин 2: Висок напон -{Crank 2: High Voltage}- Чев Челиос
2010. 13 -{13}- Џеспер Бегс
2010. Платеници -{The Expendables}- Ли Крисмас
2011. Механичарот -{The Mechanic}- Артур Бишоп
2011. Гномео и Јулија -{Gnomeo & Juliet}- Тибалт глас
2011. Блиц -{Blitz}- Том Брант
2011. Елитен убиец -{Killer Elite}- Дени Брајс
2012. Безбедни -{Safe}- Лук Рајт
2012. Платеници 2 -{The Expendables 2}- Ли Крисмас