Џејн Симор

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Џејн Сејмор)
Џејн Симор
Queen consort of England
На позиција30 мај 1536 – 24 октомври 1537
Крунисување4 јуни 1536
СопружникХенри VIII
ДецаЕдвард VI
ТаткоЏон Симор од Вилтшир
МајкаМаргарет од Вилтшир
ВероисповедКатолик
ПотписЏејн Симор's signature

Џејн Симор (1508 или 150924 октомври 1537) (англиски: Jane Seymour) била третата сопруга на англискиот крал Хенри VIII и негова трета братучетка. Таа долго време работела како придружничка на кралиците Катерина Арагонска и Ана Болејн.

Во кралскиот двор[уреди | уреди извор]

Џејн била ќерка на Џон Симор од Вилтшир и Маргарет од Вилтшир. Таа имало потекло од старо аристократско семејство, а нејзиниот татко бил ценет во дворот на Хенри VIII. Џејн служила како дворска дама на Катерина Арагонска и Ана Болејн сè додека не била забележана од страна на кралот. Кралот Хенри, незадоволен од бракот со Ана Болејн започнал да се интересира за младата дворска дама. Се смета дека таа одбила да биде љубовница на кралот. Хенри сметал дека Џејн ќе го роди идниот престолонаследник на Англија, како што се и случило подоцна.

Кралица на Англија[уреди | уреди извор]

По погубувањето на Ана Болејн, во 1536 година се омажила за кралот на Англија. Официјално Џејн за кралица на Англија била прогласена на 4 јуни, но никогаш не била крунисана, главно поради епидемијата која владеела во Лондон. Се претпоставува и дека самиот Хенри не сакал таа да биде крунисена сè додека не му роди син.[1]

Џејн како кралица била строга и официјална. Строгите норми, кои во целост се изгубиле во времето на Ана Болејн биле често практикувани од страна на Џејн. Во кралскиот двор блиска била само со нејзината сестра. француската мода која била воведена од страна на Ана била забранета. Во однос на политиката таа била конзервативна. Меѓутоа, еден нејзин обид за да ја наметне својата позиција во политиката многу го налутил кралот Хенри. Според легендата, тој и се спротивставил многу остро и ја предупредил да не заврши како нејзината претходничка.

Смрт[уреди | уреди извор]

Многу бргу по свадбата, таа останала бремена. Таа починала 12 дена по раѓањето на идниот крал на Англија, Едвард VI.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-02-14. Посетено на 2010-05-03.