Џејн Остин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џејн Остин
Jane Austen
Роден/а16 декември 1775(1775-12-16)
Стивентон, Хемпшир
Починат/а18 јули 1817(1817-07-18) (возр. 41)
Винчестер, Хемпшир
ПочивалиштеВинчестерска катедрала
Период1787 до 1809-1811
Жанрромансиер
Значајни делаГордост и предрасуди
Разум и чувства
Потпис

Икона за портал Портал: „Книжевност

Џејн Остин (англиски: Jane Austen; родена на 16 декември 1775 – починала на 18 јули 1817) — англиски романописец, чиј реализам, остри коментари за општеството и одличната употреба на слободниот индиректен говор, пародијата и иронијата и го овозможиле местото на најчитаната и најсаканата писателка во англиската книжевност.[1]

Остин целиот свој живот го мнинала како дел од мало и блиско семејство сместено во пониските класи на англиското ситно благородништво[2]. Првенствено таа била образувана од страна на нејзиниот татко и постар брат, како и преку нејзиното самостално читање. Безрезервната поддршка од страна на нејзиното семејство била важна при развивањето на Остин како професионален писател.[3] Уметничкото надоградување на Остин траело од адолесцентските години па сè до нејзината триесет и петта година. Во овој период, таа експериментирала со различни книжевни форми, вклучувајќи го и епистоларниот роман кој таа прво го пробала, но подоцна го напуштила и напишала и значително преработила три големи романи и почнала четврт. Од 1811 па сè до 1816 година, со издавањето на „Разум и чувства“ (1811), „Гордост и предрасуди“ (1813), „Паркот Менсфилд“ (1814) и „Ема“ (1816), таа постигнала успех како писател кој бил издаван. Таа дополнително напишала два романи, „Опатијата Нортангер“ и „Убедување“, кои биле посмртно издадени во 1818 година и го започнала третиот, кој на крајот го добил името „Сандитон“, но починала пред да успее да го заврши истиот.

Делата на Остин го критикуваат романот на чувствата од втората половина на XVIII век и се дел од преминот кон реализмот на XIX век. Делата на Остин, иако главно комично, ја нагласуваат зависноста на жената од бракот за да обезбеди положба во општеството и економска безбедност. Како и оние на Семјуел Џонсон, едно од најсилните влијанија во нејзиното творештво, нејзините дела се однесуват на моралните прашања.

За време на животот на Остин, бидејќи таа одлучила да ги издава анонимно, нејзините дела ѝ донеле малку лична слава и само неколку позитивни критики. Во средината на XIX век[4], на нејзините романи и се восхитувале само членовите на книжевната елита. Сепак, издавањето на „Мемоарите на Џејн Остин“ од страна на нејзиниот внук во 1869 година ја претставила на пошироката јавност како привлечна личност и го поттикнало јавниот интерес за нејзините дела. До 1940-тите години, Остин била нашироко прифатена во академијата како „голем англиски писател“. Втората половина на XX век забележала распространување на научното интересирање за Остин, кое истражувало многу аспекти на нејзините романи: уметнички, идеолошки и историски. Во популарната култура, се развивала култура на обожавателите на Џејн, фокусирана на животот на Остин, нејзините дела и различните филмски и телевизиски адаптации.

Животопис[уреди | уреди извор]

Биографските информации кои се однесуваат на Џејн Остин се како што е познато недоволни, според некој биограф[5]. Останати се само неколку лични и семејни писма (според некој само 160 од 3,000 писма на Остин[6]) и нејзината сестра Касандра (до која биле адресирани поголемиот дел од писмата) го запалила поголемиот дел од оние кои таа ги имала и ги цензурирала оние кои не ги уништила[7]. Другите писма биле уништени од страна на наследниците на адмиралот Франсис Остин, братот на Џејн.[8]. Поголемиот дел од биографските материјали кои биле собирани во периодот од 50 години после нејзината смрт, биле напишани од страна на нејзини роднини и ја одразувале склоноста на семејството во корист на „добрата и тивка тетка Остин“. Оттогаш научниците имаат откриено многу малку нови информации[5].

Семејство[уреди | уреди извор]

Силуета на Касандра Остин, сестра на Џејн и нејзин најблизок пријател

Таткото на Џејн Остин, Вилијамс Џорџ Остин (1731 - 1805) и неговата жена Касандра (1739 - 1827), биле членови на влијателните семејства од ситнато благородништво[9]. Џорџ бил потомок на семејство кои биле производители на волна и кои преку својата професија напредувале до ниските редови на земјопоседниците.[10]. Касандра била член на истакнатото семејство Ли. Од 1765 па сè до 1801 година, или голем дел од животот на Џејн, Џорџ Остин служел како пастор на Англиканската парохија Стивентон, Хенмшир и блиското село[11]. Од 1773 па до 1796 година, тој го зголемил овој приход од земјоделство а и учел 3 или 4 деца во исто време и кои биле сместени во неговиот дом[12].

Најблиското семејство на Остин било големо и вклучувало 6 браќа и една сестра: Џејмс (1765-1819), Џорџ (1766 – 1838), Едвард (1767-1852), Хенри Томас (1771-1850), Франсис Вилијамс (Франк) (1774-1865), Чарлс Џон (1779-1852) и Елизабет Касандра (1773-1845), која исто како и Џејн починала немажена. Елизабет Касандра и била најблиска пријателка и интимна другарка на Џејн во текот на целиот живот.[13]. Од сите нејзини браќа, Остин била најблиска со Хенри, кој бил банкар, но откако неговата банка пропаднала тој станал англикански свештеник. Хенри исто така бил и книжевен застапник на неговата сестра. Неговиот голем круг на пријатели и познаници во Лондон меѓу кои и банкари, трговци, издавачи, сликари и глумци и понудиле на Остин поглед на општествените светови кои нормално не биле видливи од малата парохија во руралниот Хенмшир[14]. Џорџ бил пратен да живее со некое локално семејство уште на рана возраст, бидејќи како што опишал Ла Фај, биографот на Остин, бил „ментално зостанат и бил подложен на исмевање[15]“. Тој исто така можеби бил глув и нем[15]. Чарлс и Франк служеле војска и двајцата стигнале до чинот адмирал. Едвард бил посвоен од страна на неговиот четврт братучед, Томас Најт и го наследил неговото земјиште и го зел неговото име во 1812 година[16].

Детство и образование[уреди | уреди извор]

Парохијата Стивентон, како што било опишано во автобиографското дело „Мемоар на Џејн Остин“, се наоѓала во долина и била опколена со ливади.[17]

Остин е родена на 16 декември 1775 година во Парохијата Стивентон и јавно била крстена на 5 април 1776 година. После неколку месеци поминати дома, нејзината мајка ја сместила со Елизабет Литлвуд, жена која живеела во близина и која ја растела и се грижела за Остин околу година или 18 месеци[18]. Во 1783 година, согласно со семејната традиција, Џејн и Касандра биле пратени во Оксфорд за да бидат подучувани од страна на госпоѓа Ен Каули и подоцна истата година заедно со неа се преселиле во Саутемптон. Двете девојки фатиле тифус и Џејн за малку што не умрела.[19]. Остин подоцна била подучувана дома, сè додека не заминале со нејзината сестра во интернат на почетокот на 1785 година. Наставната програма веројатно ја сочинувале француски јазик, правопис, шиење, танцување и музика и можеби драма. До декември 1786 година, Џејн и Касандра се вратиле дома бидејќи Остинови не можеле да си дозволат да ги пратат двете девојки во школо. Остин го стекнала остатокот од своето образование читајќи книги, надгледувана од страна на нејзиниот татко и нејзините браќа Џејмс и Хенри. Џорџ Остин изгледа на двете ќерки им дозволил неограничен пристап во неговата голема и разновидна библиотека, бил толерантен во однос на ризичните експериментирања во пишувањето на Џејн и ги снабдувал двете сестри со скапа хартија и други материјали за нивните книжевни дела и цртежи. Според Парк Хонан, биографот за Остин, животот во домот на семејството Остин бил „отворен, интересен и имало лесна интелектуална атмосфера“, каде идеите на оние со кои Остинови не се согласувале политички и општествено биле разгледувани и дискутирани. После нејзиното враќање од школо во 1786 година, Остин никогаш повеќе не живеела надвор од границите на нејзиното непосредно семејно опкружување.[20].

Приватните театри исто така биле дел од нејзиното образование. Од периодот кога таа имала 7, па до нејзината 13. година, семејството и најблиските пријатели поставиле неколку претстави, меѓу кои и „Соперници“ на Ричард Шеридан и „Бон Тон“ на Дејвис Гарик. Иако не е познато, Остин веројатно земала учество во овие активности, најпрво како набљудувач а подоцна кога била повозрасна и учествувала во нив[21]. Повеќето претстави биле комедии, кои на еден начин предлагале како комичните и сатиричните таленти на Остин да бидат обработени[22].

Младост[уреди | уреди извор]

Портрет од Хенри IV.

Се верува дека најрано во 1787 година, Остин почнала само за забава да пишува поеми, приказни и драми за себеси и за нејзиното семејство.[23]. Остин подоцна ги составила „верните копии“ на 29 од нејзините првични дела во 3 поврзани бележници, кои денеска се познати под името Младост, кое содржи дела кои оригинално биле напишани во периодот помеѓу 1787 и 1793 година.[24]. Постои ракопис како доказ дека Остин продолжила да работи на овие дела и подоцна во периодот од 1809 до 1811 година и дека нејзините внуци, Ана и Џејмс Едвард Остин, подоцна ги собрале во 1814 година[25]. Помеѓу овие дела има и сатиричен роман напишан во писма насловен „Љубов и пријателство“, во кој таа ги исмева популарните романи на чувствата и ракописот „Историја на Англија“, кој се состои од 34 страни придружени со 13 минијатури во акварел нацртани од страна на нејзината сестра Касандра,[26].

Историјата на Остин ги исмејува популарните историски дела, особено Историјата на Англија (1764) на Оливер Голдсмит.[27]. На пример, Остин напишала:

Хенри IV се искачи на престолот на Англија, повеќе од негово лично задоволство во 1399 година, откако го совладал неговиот братучед и претходник Ричард II, за да се повлечи и пак него да му го остави и за остатокот од својот живот да го помини во Замокот Помфрет, каде и се случило неговото убиство.[28]

Според научникот Ричард Џенкинс, Остиновата „Јувенилија“ била „жестока“ и „анархична“ и ја споредил со работата на романописецот од XIX век, Лоренс Стерн и со комичната група од XX век, Монти Пајтон[29].

Зрелост[уреди | уреди извор]

Како што растела Остин, таа продолжила да живее во домот на нејзините родители, правејќи ги истите работи кои биле нормални за жените на нејзините години и општествен статус: вежбала на пијано, им помагала на нејзината сестра и мајка при надгледувањето на слугите и им помагала на женските роднини кога се пораѓале и на постарите кога биле на посмртна постела. Таа им носела кратки извадоци од нејзините дела на нејзините новородени внуки Фани Катерина и Џејн Ана Елизабет.[30] Austen was particularly proud of her accomplishments as a seamstress.[31]. Остин особено била задоволна од нејзините достигнувања како шивачка[31]. Редовно одела во црква[32], постојано се дружела со пријателите и соседите и на семејството навечер на глас им читала романи - обично нејзини дела. Дружењето со пријателите често значело танцување, дури и импровизирано во нечија куќа после вечерата или на балови кои редовно се одржувале во просториите на советот во Градската општина.[33]. Подоцна нејзиниот брат Хенри рекол дека:

„Џејн многу го сакала танцувањето и навистина била добра во тоа.“[34]

Во 1793 година, Остин започнала и престанала со пишување на кратки драми, кои подоцна биле насловени како „Господин Чарлс Грандисон или среќниот човек, комедија во 6 чина“, во кои таа им се вратила и ги комплетирала околу 1800 година. Ова било кратка пародија на различни скратени школски учебници од омилениот современ роман „Историјата на Господин Чарлс Грандисон“ (1753) напишана од страна на Семјуел Ричардсон. Хонан тврди дека во еден период не многу после пишувањето на „Љубов и пријателство“ во 1789 година, Остин одлучила да започне да пишува за пари, нејзините приказни да и бидат главна издршка, т.е да стани професионален писател.[35] Откако ја донела таа одлука, почнувајќи од 1793 година, Остин започнала да пишува подолги и пософистицирани дела[35].

Во периодот меѓу 1793 и 1795 година, Остин ја напишала Лејди Сузан, краток епистоларен роман, кој обично е опишуван како нејзино најамбициозно и најсофистицирано прво дело[36]. Делото не е ни малку слично со било кое од другите нејзини дела. Клер Томалин, биограф на Остин, хероината на овој роман ја опишува како сексуален грабливец која ги искористува нејзината интелегенција и шарм за да манипулира, предаде и искористи своите жртви, било да се работи за нејзините љубовници, пријатели или пак семејство. Томалин напишал:

Како што е кажано и во писмата, тоа е вешто напишано како драма и има циничен тон како и повеќето скандалозни драматурзи на реставрацијата и кои можеби и биле нејзина инспирација... Тоа е единствано такво дело во целиот нејзин опуст, како дело кое е како труд за возрасна жена чија интелегенција и силен карактер се поголеми од оние кои таа ги среќавала.[37]

Први романи[уреди | уреди извор]

По завршувањето на „Лејди Сузан“, Остин се обидела да го напише својот прв долг роман, насловен „Еленор и Маријан“. Нејзината сестра Касандра, подоцна забележала дека тој бил читан пред семејството некаде пред 1796 година и дека бил прераскажан во вид на серија од писма. Оригиналниот ракопис не е пронајден, така што не се знае со сигурност колку од оригиналната верзија била застапена кога романот бил издаден во 1811 година, под насловот „Разум и чувства“.[38].

Томас Лефрој[39]

Кога Остин имала 20 години, внукот на нејзините соседи, Том Лефрој, го посетил Стивентон и останал таму во периодот од декември 1795 до јануари 1796 година. Тој штотуку добил диплома и требало да оди во Лондон на пракса за адвокат. Лефрој и Остин се запознале на некоја игранка или пак некој друг општествен собир на соседите и од писмата кои Остин и ги праќала на Касандра јасно е дека тие поминиле значително време заедно:

Речиси и ми е страв да ти кажам како се однесувавме јас и мојот пријател од Ирска. Замисли си го сето она што е најрасипничко и шокирачко во секој поглед кога игравме и кога седевме заедно.

Семејството на Лефрој се замешало и тој си заминал на крајот од јануари. И Лефрој и Остин мора да знаеле дека тој брак би бил неостварлив. Двајцата немале пари и тој зависел од неговиот дедо од Ирска, кој ги плаќал и неговото образование и неговата правна кариера. Доколку Лефрој подоцна повторно го посетил Хенмшир, тоа било успешно криено од Остинови и Џејн Остин никогаш не го видела повторно[40].

Во 1796 година Остин почнала да работи на нејзиниот втор роман, „Прв впечаток“. Првата верзија на книгата ја завршила во август 1797 година, кога имала само 21 година (подоцна таа е преименувана во „Гордост и предрасуди“); што било случај и со сите нејзини романи.[41]. Остин на глас го читала својот роман пред нејзиното семејство, додека работела на истиот, кој подоцна станал најомилен. Во тоа време, нејзиниот татко го направил првиот обид да издаде еден од нејзините романи. Во ноември 1797 година Џорџ Остин му пишал на Томас Кадел, истакнат издавач во Лондон, да го праша дали тој ќе сака да издаде роман во ракопис, кој го сочинуваат 3 тома со иста големина како „Евелина“ на Госпоѓицата Бурни („Прв впечаток“), на ризик на писателот. Кадел веднаш му вратил на неговото писмо, кое било означено како вратено од страна на поштата. Се мисли дека Остин не знаела за овој обид на нејзиниот татко[42]. По завршувањето на „Прв впечаток“, Остин му се навратила на „Еленор и Маријан“ и, од ноември 1789 година, па сè до средината на 1798 година, внимателно го проучувала; го отфрлила епистоларниот приод во полза на нарација во 3 лице и напишала нешто што веќе личело на „Разум и чувства“.[43]

Во средината на 1798 година, по завршувањето на ревизијата на „Еленор и Маријан“, Остин почнала да го пишува својот трет роман, првенствено насловен како „Сузан“, а подоцна насловен како „Опатијата Нортангер“, сатира на популарниот готски роман[44]. Остин завршила со неговото пишување за околу една година. Во раната 1803 година Хенри Остин му го понудил романот „Сузан“ на Бенџамин Кросби, издавач од Лондон, кој платил 10 фунти за авторските права. Кросби им ветил дека ќе го издаде порано и отишол дотаму што ќе ја рекламирал книгата во весник, но не направил ништо повеќе. Ракописот останал во рацете на Кросби, неиздаден, сè додека Остин не си го повратила назад ракописот, во 1816 година.[45]

Бат и Саутемптон[уреди | уреди извор]

Кралската Полумесечина во Бат

Во декември 1800 година, парохот Остин неочекувано објавил дека се повлекува од службата, го напушта Стивентон и со семејството се преселува во Бат. Додека повлекувањето и патувањето биле добро прифатени од страна на постарите членови на семејството Остин, Џејн Остин била шокирана кога била известена дека ќе се селат од домот кој таа единствено го знаела. Престојот во Бат било навестување за состојбата на духот на Остин и за нејзиниот недостаток на продуктивност како писател во тоа време. Таа таму успеала да направи некои поправки на нејзиното дело „Сузан“ и почнала да го пишува но и престанала да го пишува својот нов роман „Ватсонови“ но тоа не било ни приближно блиску со продуктивноста која ја имала во годините од 1795 до 1799 година[46]. Томалин нагласува дека ова ја изразува длабоката депресија која ја онеспособува како писател, додека пак Хоган не се согласува со тоа и тврди дека Остин ги пишувала или ги поправала своите ракописи во текот на целиот свој креативен живот со исклучок на неколкуте посеци после смрта на нејзиниот татко.[47]

Во декември 1802 година, ја добила единствената понуда за брак во својот живот. Таа и нејзината сестра ги посетиле своите стари пријателки Алета и Каетрин Биг кои живееле во близина на Базинсток. Нивниот помлад брат Харис Биг-Витер, кој штотуку дипломирал на Оксфорд исто така бил дома. Тој и понудил брак на Остин и таа ја прифатила неговата понуда. Како што објаснала Каролин Остин, внуката на Остин и Региналд Биг-Витер, потомок од таа фамили, Харис не бил привлечен – бил голем, прилично глупав човек кој зборувал многу малку, пелтечел додека зборувал, додека разговарал бил агресивен и скоро целосно бил нетактичен. Сепак Остин го познавала уште од времето кога двајцата биле млади и бракот и нудел многу предности за Остин и нејзиното семејство. Тој бил наследник на пространо семејно земјиште кое се наоѓало во подрачјето каде што пораснале сестрите. Со овие ресурси Остин би им овозможила удобен чивот кога ќе остарат, да ѝ даде на Касандра постојан дом и можеби да им помоге на своите браќа во нивните кариери. Веќе утрото Остин заклучила дека направила грешка и ја одбила неговата понуда. Ниедни современи писма или дневници не содржат информации за тоа како таа се чувствувала во врска со оваа понуда.[48] Во 1814 година, Остин напишала писмо до својата внука, Фани Најт, а која барала совет за некоја сериозна врска во кое и велела дека:

„пишувајќи ти само од една гледна точка на прашањето, јас сега би се свртила на друга страна и би те замолила да не одиш понатаму и не да размислуваш да ја прифатиш понудата доколку не го сакаш. Се е поприфатливо или се поднесува,отколку да се омажиш без љубов.“[49]

Во 1804 година, додека живееле во Бат, Остин го почнала но не го завршила својот нов роман „Ватсонови“. Приказната е околу неподвижен свештеник кој е сиромашен и кој има четири немажени ќерки. Сутерланд го опишал романот како:

„труд за тешката економска реалност на животите на жените кои зависат од некој.“[50]

Хонан тврди и томалин се согласува со тоа, дека Остин одлучила да престани да го пишува романот откако починал татко и на 21 јануари 1805 година и нејзината лична состојба премногу наликувала на онаа на нејзините ликови, што било премногу за неа[51].

Крајниот напад на болеста на пасторот Остин бил неочекуван и како што Остин му кажала на нејзиниот брат Франсис, го оставила речиси несвесен за својата состојба и набрзо после тоа починал[52] . Џејн, Касандра и мајка и биле во несигурна финансиска состојба. Едвард, Џејмс, Хенри и Франсис Остин им ветиле дека ќе направат годишни прилози за да ги помогнат сестрите и мајка им. Во наредните четири години, уредувањето на нивниот живот се одразило ва нивната финансиска несигурност. Тие одреден период живееле во изнајмени места во Бат и потоа почнувајќи од 1806 година во Саутемптон, каде ја делеле куќата со Франк Остин и неговата нова жена. Голем дел од тој период го поминале посетувајќи ги различните членови на семејството[53].

На 5 април 1809 година, околу 3 месеци пред да се пресели семејството во Чотон, Остин напишала револтирачко писмо до Ричард Кросби, нудејќи му нов ракопис на романот „Сузан“, доколку тоа е потребно за да се обезбеди брзо издавање на романот или доколку тоа не е возможно да и го врати назад оригиналот за да може да најде друг издавач. Сепак, Остин немала доволно ресурси за да си ја откупи книгата[54].

Чотон[уреди | уреди извор]

Куќата каде Остин живеела во последните осум години од својот живот, денеска музеј

Околу почетокот на 1809 година, братот на Остин, Едвард им понудил на мајка му и на сестрите посреден живот да ја користат големата колиба во селото Чотон[55], кое било дел од блиското жемјиште на Едвард, куќата Чотон. Џејн, Касандра и мајка им се преселиле во колибата во Чотон на 7 јули 1809 година.[56]. Животот во Чотон бил помирен отколку кога семејството се преселило во Бат во 1800 година. Остинови баш и не се здружиле со соседнот ситно благородништво и се забавувале само кога ќе им дојдело семејтвото на посета. Внуката на Остин го опишала животот на семејството во Чотон:

Според нас тоа беше многу мирен живот, но тие беа одлични читачи и покрај грижата околу куќата нашите тетки беа опседнати и со тоа да им помагаат на сиромашните и да научат некое момче или девојче да читаат и пишуваат.

Остин пишувала скоро секој ден, но насамо и изгледа била ослободена од некои одговорности околу куќата за да може да има поголема можност да пишува.[57] Во ова опкружување таа конечно можела повторно да биде продуктивен писател.[58]

Издавачка дејност[уреди | уреди извор]

Првата страница од Разум и чувства(1811)

За време на нејзиниот престој во Чотон, Џејн Остин успешно издала четири романи кои генерално биле добро прифатени. Со помош на нејзиниот брат Хенри, издавачот Томас Егертон се согласил да го издаде романот „Разум и чувства“, кој бил издаден во октомври 1811 година. Критиките биле поволни и романот станал модерен помеѓу оние кои ги диктирале трендовите во тоа време, тоа издание било распродадено до средината на 1813 година. Заработувачката од романот Разум и чувства и овозможиле накаква си финансиска и психолошка независност. Потоа во јануари 1813 година, Егертон го издал романот „Гордост и предрасуди“, кој бил корегирано издание на „Први впечатоци“. Тој ја рекламирал книгата на широко и достигнала брз успех, собрала 3 поволни критики и добро се продала[59]. До октомври 1813 година, можел да почне со продажбата на второто издание на романот. Романот „Паркот Менсфилд“ бил издаден исто така од страна на Егертон во мај 1814 година. Додека пак Паркот Менсфилд бил игнориран од страна на критичарите, тој постигнал добар успех меѓу читателите. Сите копии биле продадени во период од 6 месеци и заработката на Остин од овој роман била поголема од таа на другите нејзини романи[60].

Остин научила дека Принцот Регент ги обожава нејзините романи и дека има примерок од сите во секоја негова ресиденција[61]. Во ноември 1815 година, библиотекарот на Принцот ја поканил Остин да ја посети ресиденцијата на принцот во Лондон и ѝ спредложил дека треба да му го посвети својот претстоен роман „Ема“ на принцот. Иако Остин не го сакала принцот, таа тешко дека можела да го одбие тоа барање. Подоцна таа го напишала делото „План за роман, во согласност со сугестиите од различни места“, кој содржи сатирични црти на „совршениот роман“, што било во согласност со многуте сугестии на библиотекарот за идниот роман на Остин[62].

Во средината на 1815 година, Остин му ја предала издавачката дејност на „Џон Муреј“, попознат лондонски издавач, кој го издал романот „Ема“ во декември 1815 година и второто издание на „Паркот Менсфилд“ во февруари 1816 година. „Ема“ се продал добро но новото издание на „Паркот Менсфилд“ не се продал баш најдобро и овај неуспех ги намалил поголемиот дел од профитот на Остин која таа го заработила за „Ема“. Овие биле последните романи на Остин кои биле издадени додека била жива[63].

Додека Муреј го подготвувал романот Ема за издавање, Остин почнала да го пишува својот нов роман кој се викал „Елиотс“, а кој бил издаден под насловот „Убедување“. Таа ја завршила првата копија на селото во јули 1816 година. Покрај тоа, набрзо после издавањето на „Ема3, Хенри Остин ги откупил авторските права за „Сузан“ од Кросби. Остин била присилена да го одложи издавањето на двата завршени романи поради семејни финансиски проблеми. Банката на Хенри пропаднала во март 1816 година, лишувајќи го од сите негови средства, оставајќи го во големи долгови и со тоа и Едвард, Џејмс и Франк Остин изгубиле големи суми на пари. Хенри иФранк повеќе не можеле да си дозволат да им ги даваат придонесите кои биле наменети за да ги поддржуваат мајка им и сестрите[64].

Болест и смрт[уреди | уреди извор]

Остин е погребена во Винчестерската катедрала.
Надгробната плоча на Остин во Винчестерската катедрала

На почетокот од 1816 година, Џејн почнала да не се чувствува добро. На почетокот таа ја игнорирала болеста и продолжила да работи и да учествува во секојдневните семејни активности. До средината на истата година, здравјето на Остин се влошувало и тоа го забележале и Остин и нејзиното семејство и физичката состојба на Остин започнала со долги, бавни и нерегуларни влошувања кои кулминирале наредната година со нејзината смрт. Повеќето биографи на Остин се надоврзуваат на несигурната ретроспективна диагноза на д-р Винсент Коп од 1964 година кој мислел дека причина за нејзината смрт била таканаречената Адисонова болест. Сепак крајната фаза на нејзината болест обично е опишувана како Ходкинсова лимфома[65].

Остин продолжила да работи и покрај болеста. Таа не била задоволна од завршетокот на „Елиотс“ и одново ги пишувала последните 2 поглавја кои ги завршила на 6 август 1816 година. Во јануари 1817 година, Остин почнала да работи на нов роман наречен „Браќа“ а после првото издавање во 1925 година бил наречен „Сандитон“, таа напишала 12 поглавја пред да престани да пишува во средината на март 1817 година, веројатно поради тоа што нејзината болест ја спречила да продолжи. Остин била несериозна во врска со болеста и ја опишувала како „Жолчка“ и ревматизам, но како што напредувала болеста таа не почанала да чувствува потешкотии при движење или да најде енергија за извршување на другите активности. До средината на април, Остин веќе била врзана за креветот. Во мај, нивниот брат Хенри ги придружувал Џејн и Касандра во Винчестер каде пошле на лекување. Остин починала на 18 јули 1817 година во Винчестер на возраст од 41 година. Преку неговите свештенички врски, Хенри договорил неговата сестра да биде погребана во северното крило на главниот брод на Винчестерската Катедрала. Епитафот кој го напишал нејзиниот брат Џејмс ги велича личните квалитети на Остин, изразува надеж за нејзино спасение, го спомнува „извонредниот талент која го поседува“ но јасно не ги спомнува нејзините достигнувања како писател[66].

Постсмртни изданија[уреди | уреди извор]

После смрта на Остин, Касандра и Хенри Остин се спогодиле со Муреј за издавање на „Убедување“ и „Опатијата Нортангер“ за декември 1817 година. Хенри Остин приложил и „Биографски забелешки“ во кои за првпат ја претставува сестра му како автор на романите. Томали ова го пишува како „симпатична и дотерана пофалба“. Продажбата се одвивала многу добро во период од една година, само 321 копија останале непродадени до крајот на 1818 година – и потоа заинтересираноста се намалила. Муреј ги продал останатите копии во 1821 година и романите на Остин не се печателе околу 12 години. Во 1832 година, Ричард Бентли ги откупил останатите авторски права на сите романи на Остин и почнувајќи од декември 1832 година или пак јануари 1833 година ги објавил во пет илустрирани томови како дел од неговата серија наречена „Стандардни романи“. Во октомври 1833 година, Бентли ги објавил првите собрани изданија на делата на Остин. Оттогаш, романите на Остин се пуштени во печат.[67]

Признанија[уреди | уреди извор]

Своевремени реакции[уреди | уреди извор]

Во 1816, уредувачите на „The New Monthly Magazine“ го забележале изданието на делото „Ема“, ноодлучиле да не го прегледаат.

Делата на Остин и донеле многу мала лична слава бидејќи биле печатени анонимно. Иако нејзините романи биле популарни меѓу луѓето кои ги диктирале модните трендови во тоа време, како што биле принцезата Шарлота Аугуста, ќерката на Принцот регент, тие добиле само малку писмени критики. Повеќето критики биле кратки и биле балансирано наклонети иако биле површни и внимателни. Тие обично биле насочени на моралните лекции во романите. Господин Валтер Скот, главен романописец во тоа време, приложил една таква критика но анонимна. Користејќи ги критиките како платформа од која го бранел тогаш озлоглаениот вид на романот, тој го пофалил реализмот на Остин. Друга значајна критика на нејзините дела била објавена од страна на Ричард Ватели во 1821 година. Тој извлекол наклонета споредба помеѓу Остин и потврдените великани Хомер и Шекспир, пофалувајќи ги драматичките квалитети на нејзината нарација. Ватели и Скот го одредиле тонот ќе се одвиваат идните критиките на Остин во XIX век[68].

19 век[уреди | уреди извор]

Бидејќи романите на Остин не успеале да се приспособат на Романтичарските и Викторијанските очекувања дека силна емоција е онаа која е автентична со незамисливото прикажување на звукот и бојата во делото, критичарите на XIX век и читателите обично ги препорачувале делата на Чарлс Дикенс и Џорџ Елиот. Иако романите на Остин биле повторно реиздавани во Британија почнувајќи од 1830-тите години и останале постојано продавани книги, сепак тие не биле најдобро продавани книги[69].

Остин имала многу читатели кои и се воодушевувале во XIX век и кои се сметале себеси за дел од книжевната елита. Тие на нивното почитување на делата на Остин гледале како на обележје на нивниот културен вкус. Филозофот и книжевниот критичар Џорџ Хенри Левес ја изразил таа гледна точка во серија ентузијастички статии кои биле објавувани во 1840-тите и во 1850-тите години. Оваа тема продолжила и подоцна истиот век со романописецот Хенри Џејмс, кој неколкупати и се обратил на Остин фалејќи ја и во една прилика ја вброил на исто рамниште со Шекспир, Сервантес и Хенри Фиелдинг како еден од „најдобрите сликари на животот“.[70]

Џорџи Хенри Луис ги споредил Остиновите дела со оние на Шекспир.

Издавањето на „Мемоарите на Џејн Остин“ од Џејмс Едвард Остин Леј во 1869 година ја претставиле Остин на пошироката јавност како „милата тетка Џејн“, ценета немажена тетка. Издавањето на Мемоарите го поттикнало преиздавањето на романите на Остин – првите популарни изданија биле пуштени во продажба во 1883 година а и модерни илустрирани изданија и брзо после тоа следувале колекционерски збирки. Авторот и критичарот Лесли Стивен го опишал тоа популарно лудило што почнало да се појавува за Остин во 1880-тите години, познато под името „Остинолатрија“. На преминот од векот, членовите на книжевната елита реагирале против популаризацијата на Остин. Тие се сметале себеси како Џејновци со цел да се разликуваат од масите кои правилно не ја разбирале нејзините дела. На пример, Џејмс одговорил негативно на она што тој го опишува како „заведувачка заслепеност“ со Остин, растечкиот бран на јавниот интерес со кој се одликувало „природната заслуга и интерес.“[71]

За време на последната четвртина на XIX век, биле издадени првите книги со критика за Остин. Всушност, после објавубањето на Мемоарите, повеќе критики биле издадени повеќе критики во 2 години отколку што биле напишани во претходните педесет.[72]

20 век[уреди | уреди извор]

Неколку важни дела го отвориле патот на романите на Остин да станат центар на академските проучувања. Првото важно дело било од 1911 година од научникот за Шекспир од Оксфорд, А. Брадли кој главно се смета како почетна точка за сриозни академско пристапување за Џејн Остин. Во него, тој формира групи со првите и подоцнежните романи на Остин, кои сѐ уште се користени од страна на научниците. Второ било изданието на Р.В.Чепман од 1923 година за собраните дела на Остин. Не само што било прво школско издание за делата на Остин, туку тоа било и првото школско издание за било кој англиски романописец. Текстот на Чепман останал како основа за сите наредни објавени изданија за делата на Остин. Со издавањето на делото „Џејн Остин и нејзините дела“ од Мери Ласцел во 1939 година, академските трудови за Остин престанаа. Иновативната работа на Ласцел вклучувала и анализа на книгите кои ги прочитала Џејн ОСтин и на влијанието кое ги имале книгите на нејзината работаи проширена анализа на стилот на Остин и нејзината „наративна уметност“. Во тоа време, се појавила загриженост околу фактот дека академиците ги земале критиките на Остин и дека тоа станувало многу нејасни – дебата која продолжила до почетокот на дваест и првиот век[73].

Џејнитски колачиња

За време на навалата на ревизионистичките погледи во 1940-тите години, научниците и пристапиле на Остин поскептично и тврделе дека таа била пресвртнички писател. Овие ревизионистички погледи, заедно со официјалната изјава на Ф.Р. Леавис и Јан Ват дека Остин била една од најголемите писатели на Англиската белетристика, направиле да се цементира репутацијата на Остин помеѓу научниците. Тие се согласиле со тоа дека таа „ги комбинирала [на Хенри Фиелдинг и Семјуел Ричардсон] квалитети на внатрешноста и иронијата, реализам и сатира за да стани писател на исто ниво како нив“. Периодот после Втората светска војна забележува пораст на истражувачите на Остин користејќи различни критички пристапи, вклучувајќи ги феминистичката теорија и можеби најконтроверзната, постколонистичка теорија. Сепак, постојаната неповрзаност помеѓу почитувањето на Остин од страна на јавноста, особено од страна на модерните Џејновци и почитувањето од страна на научниците во голема мера се зголемила[74].

Продолженија и приспособувања од секој можен вид биле направени според романите на Остин, од мека порнографија до фантазија[75] . Почнувајќи од средината на XIX век, членовите на семејството на Остин објавиле завршетоци на нејзините незавршени романи, и до 2000 година имало преку 100 печатени адаптации. Првата филмска адаптација била во 1940 година на „Гордост и предрасуди“ во продукција на MGM, во кој се појавиле глумците Лоренс Оливиер и Грир Гарсон. Приспособувањата од страна на телевизијата ББС, кои првпат биле направени во 1970-тите години, настојувале да се држат точно до заплетите на Остин, описите и амбиент. Почнувајќи со филмот на Ема Томсон „Разум и чувства“, започнал голем бран на адаптации на делата на Остин кој започнал околу 1995 година.

Книги и скрипти кои ја користат главната кратка но сменета содржина на романите на Остин или пак модерни верзии на приказните кои станале популарни при крајот на дваесеттиот век. На пример,филмот „Разгалената блондинка“ на Еми Хекерлинг, современа верзија на „Ема“ каде дејството се случува во Беверли Хилс, стана култирен феномен и прерасна во телевизиска серија.[76]

Список на дела[уреди | уреди извор]

Романи

  • Разум и чувства (1811)
  • Гордост и предрасуди (1813)
  • Паркот Мансфилд (1814)
  • Ема(1815)
  • Нортангерската Опатија (1817) (посмртно)
  • Убедувања (1817) (посмртно)

Незавршени дела

  • Леди Сузан (1794, 1805)
  • Ватсонови (1804)
  • Сандитион (1817)

Други дела

  • Господин Чарлс Грандисон (1793, 1800)
  • План за роман (1815)
  • Поеми
  • Молитви
  • Писма

Трудови од младоста – Прв том

  • Фредерик и Елфрида
  • Џек и Алиса
  • Едгар и Ема
  • Хенри и Елиза
  • Авантурите на господин Харли
  • Сер Вилијам Монтагуе
  • Мемоарите на гос. Клифорд
  • Прекрасната Касандра
  • Амелија Вебстер
  • Посетата
  • Мистеријата
  • Трите сестри
  • Прекрасен опис
  • Великодушниот Ѓакон
  • Ода за милосрдноста

Трудови од младоста – Втор том

  • Љубов и пријателство
  • Замокот Лесли
  • Историјата на Англија
  • Колекција на писма
  • Женскиот филозоф
  • Првиот чин на комедијата
  • Писмо од младата Леди
  • Тура низ Велс
  • Приказна

Трудови од младоста – Трет том

  • Евелин
  • Кетрин или Женската соба

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Southam, "Критика, 1870–1940", The Jane Austen Companion, стр 102.
  2. Lascelles, 2; for detail on "lower fringes", see Collins, ix–x.
  3. Lascelles, 4–5; MacDonagh, 110–28; Honan, 79, 183–85; Tomalin, 66–68.
  4. Litz, 3–14; Grundy, "Jane Austen and Literary Traditions", The Cambridge Companion to Jane Austen, 192–93; Waldron, "Critical Responses, Early", Jane Austen in Context, стр. 83, 89–90; Duffy, "Criticism, 1814–1870", The Jane Austen Companion, 93–94.
  5. 5,0 5,1 Фергус, "Биографија", Џејн Остин во контекст, 3–4.
  6. Le Faye, "Писма",Џејн Остин во контекст, 33.
  7. Le Faye, A Family Record, 270; Nokes, 1.
  8. Le Faye, A Family Record, 279.
  9. Хонан, 29–30.
  10. Хонан, 11–14; Такер, "Семејството на Џејн Остин", The Jane Austen Companion, 143.
  11. Ирина Колинс проценува дека кога Џорџ Остин ја презела должноста како ректор во 1764, Стивентон бил составен не повеќе од околу триесет семејства. Колинс, 86.
  12. Хонан, 14, 17–18; Колинс, 54.
  13. Фергус, "Биографија", 3; Томалин, 142; Хонан, 23, 119.
  14. Мекдонаг, 50–51; Хонан, 24, 246; Колинс, 17.
  15. 15,0 15,1 Ла Фај, Family Record, 22.
  16. Tucker, "Jane Austen's Family", 147; Le Faye, Family Record, 43–44.
  17. Le Faye, Family Record, 20.
  18. Томалин, 7–9; Хонан, 21–22; Колинс, 86; Ла Фај, Family Record, 19. Ле Феј и Колинс додаваат дека семејството Остин го следело овој обичај за сите нивни деца.
  19. Le Faye, Family Record, 47–49; Collins, 35, 133.
  20. Томалин, 9–10, 26, 33–38, 42–43; Ла Феј, Family Record, 52; Collins, 133–34.
  21. Le Faye, "Chronology", 2–3; Tucker, "Amateur Theatricals at Steventon", The Jane Austen Companion, 1–2; Byrne, 1–39; Gay, ix, 1; Tomalin, 31–32, 40–42, 55–57, 62–63; Honan, 35, 47–52, 423–24, n. 20.
  22. Honan, 53–54; Lascelles, 106–07; Litz, 14–17.
  23. Le Faye, Family Record, 66; Litz, "Chronology of Composition", The Jane Austen Companion, 48; Honan, 61–62, 70; Lascelles, 4.
  24. Honan, 62–76; Le Faye, A Family Record, 270.
  25. Sutherland, 14; Doody, "The Short Fiction", The Cambridge Companion to Jane Austen, 85–86.
  26. Litz, 21; Tomalin, 47; Honan, 73–74; Southam, "Juvenilia", The Jane Austen Companion, 248–49.
  27. Honan, 75.
  28. Истин, Историја на Англија
  29. Jenkyns, 31.
  30. Le Faye, Family Record, 84.
  31. 31,0 31,1 Honan, 265.
  32. Collins, 105.
  33. Tomalin, 101–03, 120–23, 144; Honan, 119.
  34. Quoted in Tomalin, 102; see also Honan, 84.
  35. 35,0 35,1 Honan, 93.
  36. Honan, 101–102; Tomalin, 82–83
  37. Tomalin, 83–84; see also Sutherland, 15.
  38. Sutherland, 16–18; LeFaye, "Chronology", 4; Tomalin, 107, 120, 154, 208.
  39. Tomalin, 118.
  40. Le Faye, "Chronology", 4; Fergus, "Biography", 7–8; Tomalin, 112–20, 159; Honan, 105–11.
  41. Le Faye, Family Record, 100, 114.
  42. Le Fay, Family Record, 104; Sutherland, 17, 21; quotations from Tomalin, 120–22.
  43. Le Faye, "Chronology", 5, 7; Fergus, "Biography", 7; Sutherland, 16–18, 21; Tomalin, 120–21; Honan, 122–24.
  44. Litz, 59–60.
  45. Le Faye, "Chronology", 5, 6, 10; Fergus, "Biography", 8–9; Sutherland, 16, 18–19, 20–22; Tomalin, 182, 199, 254.
  46. Sutherland, 21.
  47. Le Faye, "Chronology", 6–8; Fergus, "Biography", 8; Sutherland, 15, 20–22; Tomalin, 168–75; Honan, 215. Doody agrees with Tomalin. Margaret Anne Doody, "Jane Austen, that disconcerting child" in Alexander and McMaster, The Child Writer, 105.
  48. Le Faye, "Memoirs and Biographies", Jane Austen in Context, 51.
  49. Letter dated 18–20 November 1814, Jane Austen's Letters, 278–82.
  50. Sutherland, 15, 21.
  51. Le Faye, "Chronology", 7; Tomalin, 182–84; Honan, 203–05.
  52. MacDonagh, 111; Honan, 212; Tomalin, 186.
  53. Tomalin, 194–206.
  54. Tomalin, 207.
  55. Чотон имал население од 417 на пописот од 1811. Колинс, 89.
  56. Le Faye, "Chronology", 8; Tomalin, 194–206; Honan, 237–45; MacDonagh, 49.
  57. Grey, "Chawton", 37–38; Tomalin, 208, 211–12; Honan, 265–66, 351–52.
  58. Doody, "The Shorter Fiction", The Cambridge Companion to Jane Austen, 87.
  59. Honan, 290, Tomalin, 218.
  60. Le Faye, "Chronology", 9; Fergus, "The Professional Woman Writer", 22–24; Sutherland, 18–19; Tomalin, 236, 240–41, 315, n. 5.
  61. Се однесува на идниот крал Џорџ IV
  62. Note on the relationship; Correspondence; Litz, 164–165; Honan, 367–69, describes the episode in detail.
  63. Le Faye, "Chronology", 8–9; Sutherland, 16–21; Fergus, "The Professional Woman Writer", 23–27, 30, n.29, 31, n.33; Fergus, "Biography", 10; Tomalin, 256.
  64. Le Faye, "Chronology", 6, 10; Fergus, "The Professional Woman Writer", 26–27; Tomalin, 252–54.
  65. Linda Robinson Walker. „Linda Robinson Walker“. Посетено на 27 May 2011.
  66. Le Faye, "Chronology", 10–11; Fergus, "The Professional Woman Writer", 26–27; Tomalin, 254–71; Honan, 385–405.
  67. Gilson, "Editions and Publishing History", стр. 137; Gilson, "Later publishing history, with illustrations," Jane Austen in Context, стр. 127; Southam, "Criticism, 1870–1940", 102.
  68. Waldron, "Critical Responses, Early", Jane Austen in Context, 89–90; Duffy, "Criticism, 1814–1870", The Jane Austen Companion, 97; Watt, "Introduction", 4–5.
  69. Johnson, "Austen cults and cultures", The Cambridge Companion to Jane Austen, 211; Gilson, "Later publishing history, with illustrations," p. 127.
  70. Southam, "Introduction", Vol. 2, 70.
  71. Southam, "Henry James on Jane Austen", Vol. 2, 230.
  72. Southam, "Introduction", Vol. 1, 1.
  73. Southam, "Criticism 1870–1940", 108; Watt, "Introduction", 10–11; Stovel, "Further Reading", 233; Southam, "Introduction", Vol. 2, 127; Todd, 20.
  74. Political Science and Politics Vol. 28, No. 4 (Dec., 1995), pp. 659-661
  75. Lynch, "Sequels", Jane Austen in Context, 160.
  76. The BBC's Big Read BBC - The Big Read April 2003, Retrieved 7 November 2010

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Дела на интернет

Музеи

Колекции

Фан сајтови и општества

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Џејн Остин“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).