Џејмс Хачинсон Стерлинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Џејмс Хачинсон Стерлинг (англ. James Hutchison Stirling, 22 јануари 182019 март 1909), философ од Глазгов. Дипломирал медицина во Единбург и работел на професијата сè до смртта на неговиот татко во 1851. Потоа ѝ се посветил на философијата.

Неговото дело „Тајната на Хегел“ (The Secret of Hegel, 1865) го поттикнало изучувањето на Хегеловата философија во Британија и САД. Делото е прифатено како важно и во Германија и Италија.

Во „Историја на философијата“[1], исусовскиот историчар на философијата Фредерик Коплстон се изразува позитивно за Стерлинговата претстава за Хегел како голем застапник на христијанството.

Дела[уреди]

Философски дела
  • Sir William Hamilton („Сер Вилијам Хамилтон“, 1865)
  • The Secret of Hegel („Тајната на Хегел“, 1865)
  • Text-book to Kant („Учебник за Кант“, 1881)
  • Philosophy and Theology („Философијата и теологијата“, 1890)
  • Darwinianism: workmen and work (Дарвинијанството: работници и дела, 1894)
  • What is Thought? or the Problem of Philosophy („Што е тоа мисла?, подн. Проблемот на философијата“, 1900)
  • The Categories („Категориите“, 1903).
Дела за книжевноста
  • Jerrold, Tennyson, and Macaulay („Џеролд, Тенисон и Меколи“, 1868)
  • Burns in Drama („Бернс во драмската уметност“, 1878)
  • Philosophy in the Poets („Философијата кај поетите“, 1885).

Наводи[уреди]

  1. „Историја на философијата“, том VII, стр. 12

Надворешни врски[уреди]

Оваа статија содржи текст преземен од дело во јавна сопственост: Cousin, John William (1910). A Short Biographical Dictionary of English Literature. London, J. M. Dent & Sons; New York, E. P. Dutton.