Џејмс Артур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џејмс Артур
Животописни податоци
Родено имеЏејмс Ендру Артур
Роден(а)2 март 1988(1988-03-02)(36 г.)
Миделсбро, Северен Јоркшир, Англија
ЖанровиПоп рок, хип-хоп, рап рок, денс
ЗанимањаПејач-текстописец, музичар
ИнструментиВокал, акустична гитара, пијано
Период на активност2005–денес
ИздавачиSyco (2012–денес)
СоработнициФиналистите на Икс Фактор 2012

Џејмс Ендру Артур (роден на 2 март 1988 г.) е англиски пејач и музичар којшто победи на деветтата сезона на шоуто Икс Фактор во 2012 г. Неговиот прв сингл, "Impossible", беше издаден по финалето и веднаш се искачи на првото место на топ листите во Велика Бртанија на 16 декември 2012 г., по првата недела од своето издавање. Оттогаш се продадоа над 1,3 милиони примероци и стана најпродаваниот Икс Фактор сингл на сите времиња.

Пред да учествува во Икс Фактор, Џејмс бил вокалист и гитарист во повеќе бендови помеѓу 2005 и 2012 година, а подоцна и како соло пејач, го формирал бендот The James Arthur Band и беше дел од James Arthur Project.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Артур е роден во Миделсбро, Англија. Мајка му е Англичанка и се вика Ширли Ашворт, а татко му е Шкот и се вика Нил Артур. Таткото на Џејмс бил возач за испорака, но исто така бил и Диск Џокеј а повеќе години и тапанар. Родителите на Артур се разделиле и секој започнал да живее со нов парнер, кога тој имал две години. Нил и Ширли не разговарале еден со друг повеќе од дваесет години. Но, се согласиле да присуствуваат на неговата аудиција сите заедно како семејство.

Најпрво, Артур одел во училиштето “Ings Farm„ во Редкар, Северен Јоркшир. На девет години се преселил со мајка му Ширли и очувот Роналд Раферти во Бахрејн каде што учел четири години во локалното училиште “British School of Bahrain“. Кога се разделиле, Артур имал четиринаесет години и морал да се пресели со мајка му и со двете полусестри Џасмин и Нив во Обединетото Кралство за да живеат во скромна куќа во Saltburn-by-the-Sea. Откако се вратил, го продолжив своето школување во училиштето “Rye Hills School„ во Редкар.

Артур има пет браќа и сестри, постар брат Нил Артур, постара сестра Сиан Артур, и три помали сестри, Шарлот Артур и Џасмин и Нив Раферти.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Артур има пишувано и снимано песни откако имал 15 години како независен соло пејач така и во повеќе бендови, вклучувајќи ги:

  • Moonlight Drive– прогресив, експериментален, рок бенд заснован во Кливленд, составен од петмина меѓу кои Артур бил водачкиот вокал. Бендот беше активен од 2005 до 2008 година. Снимиле повеќе песни како шшто се: "Said You'd Be There", "Hole in My Heart" и "Tear Me Apart".
  • Cue the Drama– алтернативен рок бенд заснован во Marske-by-the-Sea и активен од 2005 до 2008 година. Ги снимале песните како што се: "On the Radio 98KUPD", "It's Killing Me", "I Reach You" и "It Hurts".
  • Save Arcade– алтернативен рок бенд од Мидлсборо составен од Артур (вокал, гитара), Џош Браун (клавијатура, вокал), Метју Грин (гитара), Алекс Бир (бас, вокал), Тревис Шо (гитара, перкусии, вокал) и Карлс Доусон (тапани). Во 2009 година, бендот издал ЕП со три песни наречен Truth, а песните се викале "The Truth", како и "Echoes" и "I Un-Proudly Present". Во јуни 2010 година,бендот издал ЕП наречено Tonight We Dine in Hades, со пет песни: "Tonight We Dine in Hades", "Superhero", "You Always Want a Fight", "Juliet Is Not Dead" и "She Aims to Please". И двете изданија на ЕП била на независното музичко студио „57 Records UK“.
  • Emerald Skye– инди поп/рок бен формиран во март 2011 година, заснован во Редкар/Saltburn-by-the-Sea и составен од четворица: Артур (гитара, вокал), Дин Харисон (пијано, виолина), Пол Гил (бас) и членот од бендот Save Arcade Грин (тапани).

Исто така, Артур прикачил многу од неговите песни на Soundcloud и YouTube вклучувајќи го и албумот наречен “Sins by the Sea„. Во 2011 година, тој аудицирал за англиската верзија на The Voice и успеал да стигне до последните 200 финалисти, но не и понатаму.

На почетокот на 2012 година, тој снимил песни и издал две ЕП како “The James Arthur Band„. Бендот се состоел од Артур (вокал, гитара), Џез Тејлор (гитара), Крис Смолз (клавијатура), Џордан Свејн (тапани) и Рич Доуни (бас). Во 2012 година, бендот го издал компактниот диск The EP Collection што содржи девет песни со влијание од РнБ, соул и хип-хоп, компилација од песни од двете ЕП. Артур исто така издал и ЕП наречено Hold On под името “The James Arthur Project„ во август во 2012 година во соработка со Џон МекГо. Песните биле напишани и организирани од МекГо, и миксирани од Мет Уонстол со сите вокали од Артур.

2012: Икс Фактор[уреди | уреди извор]

Артур се појави на аудициите за Икс Фактор со акустична изведба на песната "Young" на судијата Тулиса Контоставлос, откако го објасни своето минато, вклучувајќи го и времето поминато во дом за згрижување и на улица по растргнувањето на неговото семејство. Тој исто така откри дека неговите татко и мајка не разговарале повеќе од 20 години, и дека ова било нешто како обединување за нив да присуствуваат на неговата аудиција. По неговата изведба на "I Can't Make You Love Me" во куќите на судиите, беше избран од неговиот ментор Никол Шерцингер како еден од 12 натпреварувачи за шоуто во живо, и како еден од тројцата во категоријата “Машки„.

По неговата втор настап во живо, зад сцената Артур доживеа напад на паника. Додека го лекуваа во студиото, болничарите утврдија дека не треба да оди во болница и му беше наредено да се врати назад во хотелот и да се одмара. Следната вечер се врати на шоуто за резултаите. По неговиот настап на "Sexy and I Know It" од ЛМФАО на третото шоу во живо на 20 октомври, Артур беше осуден за плагијаризам. Неговиот настап беше многу сличен на настапот на ѕвездата од YouTube “only1Noah„, којшто го прикачи своето видео на 9 мај 2012 година и заработи над 14 милиони гледачи со него. Сепак, подоцна Артур напиша на Твитер: “Патем, зарем не знаеја сите дека малку ја изменив верзијата на Ноа? Имаше околу 13 милиони гледачи! Требаши ли да го потврдам очигледното?„. Во седмата недела, откако настапи со песната "Can't Take My Eyes Off You", Артур беше контроверзно со најмалку гласови од публиката заедно со Ела Хендерсон. Тој ја испеа "Fallin'" за да преживее против омилената сонатпреварувачка Ела Хендерсон. Судиите гласаа и беше нерешено, гласовите беа еднакво поделени 2-2 (менторот Шерцингер и Гери Барлоу гласаа за него, додека Контоставлос и Луи Уолш гласаа за Хендерсон). Па така, Артур беше спасен од гласањето на публиката. На 8 декември стигна до втората вечер од финалето во живо.

Артур победи на Икс Фактор на 9 декември 2012 година, со 53,7% од гласовите, против Џамејн Даглас којшто освои 38.9% од гласовите.

Настапи на Икс Фактор[уреди | уреди извор]

По Икс Фактор[уреди | уреди извор]

По победата, победничката песна "Impossible" на Артур од 2010 година, препана од Шонтел, беше издадена како добротворен сингл за фондацијата “Together for Short Lives”. Исто така стана и најбрзо продаваниот Икс Фактор победнички сингл, постигнувајќи 255,000 преземања за 48 часа и над 490,000 за една недела. Синглот се искачи на прво место на британската топ листа “UK Singles Chart” во само првата недела од своето издавање. По 11 дена, стана седмиот најпродаван прв сингл од сите натпреварувачи на Икс Фактор, со 622 000 продадени копии. Во текот на втората недела синглот падна на второ место, но пак се искачи на прво место во текот на третата недела и остана на врвот и во четвртата недела. По три недели, стана петтиот најпродаван сингл во 2012 година со 897,000 продадени копии. По четири недели се продадоа 971,000 копии. До 11 јануари 2013 година, синглот продаде повеќе од 1 милион копии. Песната беше исто така на врвот во Исрска, на второ место во Австралија, Нов Зеланд и Шведска, и осмо место во Словачка. До февруари 2013 г. стана најпродаваниот Икс Фактор сингл со продадени 1,3 милиони копии.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Артур навива за фудбалските клубови на Миделсборо и Рејнџерс.

Откако победи на Икс Фактор, беше поканет да се врати во Бахрејн за официјално да го отвори музичкото училиште “British School of Bahrain's music and drama rehearsal studios” како и училишниот аудиториум со 400 седишта. И двата се дел од проширувањето на просториите на училиштето во коешто тој учел четири години.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Синглови[уреди | уреди извор]

Година Наслов Највисоко достигнато место во топ-листите Продажба Сертификати
UK
[1]
AUS
[2]
SPAIN
[3]
AUT
[4]
GER
[5]
IRE
[6]
NL
[7]
NZ
[8]
SCO
[9]
SWI
[10]
BEL (FL)
[11]
2012 "Impossible" 1 2 2 4 5 1 2 2 1 2 3

Награди и номинации[уреди | уреди извор]

Година Организација Награда Дело Резултат
2013 BRIT Awards Британски сингл на годината "Impossible" Номиниран

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „James Arthur > UK Charts“. The Official Charts Company. officialcharts.com/.
  2. „Discography James Arthur“. australian-charts.com/ Hung Medien.
  3. „Discography James Arthur“. http://spanishcharts.com//. Надворешна врска во |publisher= (help)[мртва врска]
  4. „Discographie James Arthur“. austriancharts.at/ Hung Medien.
  5. „Discographie James Arthur“. charts.de/ Hung Medien. Архивирано од изворникот на 2013-09-27. Посетено на 2013-05-26.
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име James Arthur - Irish Charts.
  7. „Discografie James Arthur“. dutchcharts.nl/ Hung Medien.
  8. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NZ.
  9. „Chart Archive > December 22, 2012“. The Official Charts Company. 2012-12-22.
  10. „Discographie James Arthur“. hitparade.ch/ Hung Medien.
  11. {{cite web|url=http://www.ultratop.be/nl/showitem.asp?interpret=James+Arthur&title=Impossible&cat=s%7Ctitle=James Arthur - Impossible|publisher=http://www.ultratop.be/nl/ Hung Medien}}
  12. 12,0 12,1 „BPI Certified Awards > Search“. British Phonographic Industry. Архивирано од изворникот на 2017-07-10. Посетено на 7 April 2013.
  13. „ARIA Chart > Chart Accreditations > 2013 Singles“. Australian Recording Industry Association. Посетено на 19 March 2013.
  14. „NZ Top 40 Singles Chart“. Recording Industry Association of New Zealand. 29 March 2013. Посетено на 31 March 2013.