Џеферсон Сити (Мисури)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
|||
| Воздушна снимка на Џеферсон Сити | |||
|
|||
| Локација | |||
|---|---|---|---|
| Часовен појас - лето |
UTC-6 UTC-5 |
||
| Општи податоци | |||
| Име - изворно |
Џеферсон Сити Jefferson City |
||
| Поштенски број | 65101-65111 | ||
| Повикувачки број | 573 | ||
| Официјална страница | http://www.jeffcitymo.org | ||
| Управа | |||
| Сојузна држава | Мисуфи | ||
| Окрузи | Калавеј, Кол | ||
| Географија | |||
| Површина - копно - вода |
73.2 km² 70.6 km 2.6 km |
||
| Надморска височина | 192 m | ||
| Население | |||
| Население | 43,079 (2010) | ||
| Густина | 561.6 ж./km² | ||
Џеферсон Сити е главниот град на американската сојузна држава Мисури. По пописот од 2010 година, има население од 43,079 жители. Седиште е на областа Коул. Дел од градот е лоциран во областа Калавеј.
Во предколумбиските времиња, овој регион бил домот на античките староседелци, познати како градители на насипи. Кога европските колонизатори почнале да ја населуваат оваа земја, староседелците веќе биле исчезнати во историјата, а тогашните сретнати сиромашни народи биле наречени Осаж Индијанци.
Џеферсон Сити е именуван по третиот претседател на САД, Томас Џеферсон. Кога територијата на Мисури беше организирана во 1812, Сент Луис беше седиште на владата. Сент Чарлс служеше како главен град сè додека Џеферсон Сити не беше избран за ново седиште во 1821. Во 1839, ова населено место е инкорпорирано како град.
Џеферсон Сити е лоциран на реката Мисури, блиску до географскиот центар на сојузната држава.