Џесика Алба

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Џесика Алба
Background information

Џесика Алба (англиски: Jessica Alba) (родена на 28 април, 1981) е американска глумица.

Содржина

[уреди] Биографија

[уреди] Детство и семејството

Џесика е родена во Помона, Калифорнија во фамилијата на Кетрин и Марк Алба. Нејзините родители стапиле во брак во тинејџерските години. Следејќи дека нејзината фамилија неколку пати се преселувала, уште во детството била навикната на промени. Веќе на петтата година сакала да стане глумица, а со неполни 12 почнала да зема и часови за глума.

[уреди] Филмска и телевизиска кариера

Наскоро пронашла агент и во 1994 год. добила улога во филмот “Camp Nowhere”. Иако требала да глуми спореден лик, кога девојката за главна улога се откажала, Џесика набргу ја заменила. Џесика се појавила и на две национални телевизии на реклами за Нинтендо како дете; подоцна настапува и во неколку независни филмови. Во 1994 година добива во Никелодеоновата детска серија Тајниот свет на Алекс Мак (The Secret World of Alex Mack). После тие улоги, таа настапува и во првите две сезони во ТВ Серијата Флипер. Во 1998 год се појавува како Мелиса Хауер во првата сезона на криминалистичката серија Јужниот Бруклин, а потоа следеле улогите во Беверли Хилс 90210 и “The Live Boat: The Next Wave”. После што матурира, Алба зема часови за глума кај глумецот Вилијам Х. Меси и неговата жена, исто така глумица Фелисити Хафман. Првата голема филмска улога ја добива во тинејџерската комедија Никогаш не сум се бакнала, и подоцна ја добива улогата во хоророт “Idle Hands”. Но, засигурно е најславна по улогата на Макс Гевара во серијата Темниот ангел. Серијата се емитувала во две сезони. Џесика исто така е позната по улогите во филмовите Фантастична четворка, Гневен град и Предигра за брак.

[уреди] Љубовен живот

На снимањето на серијата Темниот ангел, Алба започнала четири годишна романса со колегата од серијата, Мајкл Витлерли. Ја запросил на нејзиниот 20ти роденден. Тие се разделија после 4 години. Џесика моментално свршена за Кеш Варен (син на глумецот Мајкл Варен), кој го запознал на снимањето на Фантастична четворка во 2004 година. Џесика го чека првото дете со Кеш, кое би требало да се роди летото во 2008.

[уреди] Links

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици