Џерико (ТВ серија)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Џерико | |
Лого |
|
| Жанр | Драма |
|---|---|
| Земја на потекло | |
| Јазик | Англиски |
| Број на сезони | 2 |
| Број на епизоди | 29 |
| Продукција | |
| Времетраење | 43 минути |
| Емитување | |
| Канал на емитување | |
| Емитување | 20 септември 2006 – 25 март 2008 |
|
|
|
Џерико (англиски: Jericho) е американска телевизиска серија, произведена од телевизијата CBS. Првата сезона започна на 20 септември 2006, а заврши на 9 мај 2007. И покрај прилично намалената гледаност, Џерико во последен момент беше обновена за втора сезона, која започна на 12 февруари 2008. Критиките ја пофалуваа, но гледаноста остана мала.
Џерико се емитува во повеќе од 30 земји, а кај нас се емитува на Сител телевизија.
Синопсис [уреди]
Дејството се одвива во еден мал град во Канзас, Џерико, за време на нуклеарен напад на 23 поголеми градови на САД. Серијата започнува со очигледна нуклеарна детонација од непознато потекло над Денвер, Колорадо. Веднаш снемува струја, како и сите други комуникациски средства, изолирајќи го Џерико.
Главниот лик е Џејк Грин, 32-годишниот син на градоначаликот Џонстон Грин, кој накратко доаѓа да го посети своето семејство, но останува заради катастрофалната експлозија. По чудното враќање дома и напнатата средба со неговиот татко, Џејк ќе стане лидер во Џерико. Тој ќе се бори за да го заштити градот и неговите граѓани. Додека граѓаните на Џерико се борат да опстанат, повеќето не знаат дека еден од најновите граѓани, Роберт Хокинс, знае многу повеќе за нападите отколку што кажува.
