Џек расел териер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џек Расел Териер
Smooth Coated Jack Russell terrier
Прекари ЏРТ
Потекло  Англија
Особености
куче (Canis lupus familiaris)

Џек Расел териерот е мал териер чиишто корени потекнуваат од ловот на лисици; крзното обично му е бело и мазно, или рапаво и остро. Често го мешаат со Парсон Расел териер (види Американско кинолошко друштво American Kennel Club) и со Расел териер, раса која е понабиена и со покуси нозе. Меѓународнiot кинолошки сојуз расел териерот го нарекува и Џек расел териер). Терминот „Џек расел“ честопати погрешно се употребува и за други мали бели териери.

Џек Расел е широка раса, со големина од 25 до 38 см. Парсон раселот е ограничен само на средна просечна големина од 30 до 36 см, додека Расел териерот е помал, со голенмина од 20 до 30 см. Секоја раса има различни физички пропорции во согласност со стандардите на одредени кинолошки друштва.

Џек Раселот е енергична раса која бара висок степен на вежбање и стимулација и нема здравствени проблеми. Бидејќи потекнува од кучиња одгледани и донесени од страна на Ревренд Џон Расел на почетокот на 19 век, Џек Раселот има слично потекло како и современиот Фокс териер. Џек Раселот поминал низ неколку промени во текот на годините како резултат на различните стандарди на употреба и од различните стандарди поставени од страна на кинолошките друштва. Друштвата за матични раси се спротивставуваат на признавањето на расата Џек Расел од страна на кинолошките бдруштва – што резултира со одгледување и признавање на Парсон расел териерот. Џек Раселот е вид куче кое многупати се појавува на филм, на телевизија и во весници, честопати и со различни историски податоци за истото.

Историја[уреди | уреди извор]

Спортски парсон[уреди | уреди извор]

Денешните мали бели и вредни фокс териери се донесени од страна на Реверенд Џон Расел, силен приврзаник на свештенството и на ловот, роден во 1975 година, а тие водат потекло од сега изумрениот Англискиот бел териер. Тешкотиите да се направи разлика помеѓу дивечот и кучето што тоа го прогонувало довеле до потребата за претежно бело куче, па така во 1819 за време на неговите последни години од студирањето на колеџот Екстер во Оксфорд, Џон Расел од некој млекар од околно мало селце на Естфилд, купил мал бел и жолто-кафеав женски териер кој се викал Трамп. Трамп бил олицетворение на идеален Фокс териер, којшто во тоа време, бил поим за секој териер што бил користен да ги вади лисиците од дувлата. Бојата на Трамп била опишувана како „... бела со темна жолто-кафеава дамка на двете очи и уши; а слична точка, не поголема од паричка го обележува почетокот на опашката“. Дејвис, пријател на Расел, напишал: „Трамп беше такво животно, какво што Расел беше видел само во соништата“. Трамп била основата за создавање на расен териер со висока издрлжливост за ловење и со храброст да вади лисици што се скриле под земја. До 1850. оваие кучиња биле признавани како посебна раса. Важна одлика за ова куче е цврстата агресивност која го наведува да прогонува и откопува лисици без физички да го повреди пленот и ефикасно да го заврши ловот. За Расел се велело дека е многу горд бидејќи неговите териери никогаш не вкусиле крв. Овој вид териери со овие квалитети бил добро почитуван, а неговите кучиња често биле барани од приврзаниците на ловот. Сепак, неверојатен е фактот што секое вакво куче што постои денес потекнува од Трамп, со тоа што Расел бил принуден во повеќе пригоди да ги продаде сите свои кучиња заради финансиски проблеми, и кога умрел во 1883. имал само четиригодишни (не размножени) териери. Сите денешните кучиња Фокс териер и Џек Расел териер потекнуваат од тој период, и педигреа документирани пред 1862 не се најдени. Од документираните размножувања направени од страна на Џон Расел помеѓу 1860. и 1880. останати се само неколку. Кинолошкото друштво Фокс Расел е формирано во 1875, а Расел бил еден од членовите основачи; а неговиот стандард за расате не бил вистински опис расата што тогаш се појавила, туку бил копнеж. До почетокот на 20. век Фокс териерот се променил и повеќе наликувал на современата раса, но во некои делови од земјата останал стариот вид на териери на Џон Расел, а од тие кучиња потекнува современиот вид на Џек Расел териер. Многу раси имаат потекло од првобитниот Фокс териер од овој период, вклучувајќи ги Бразилскиот териер, Јапонскиот териер, минијатурниот Фокс териер, Ратонеро бондегеро андалусот, Рат териерот и Тентерфилд териерот.

По Џон Расел[уреди | уреди извор]

По смртта на Џон Расел, единствените луѓе кои ги продолжиле неговите напори биле двајца мажи, еден во Чиселхарст кој се презивал Ист и друг во Корнвол кој се викал Арчер. Ист, некој период, имал неколку кучиња, од кои сите потекнувале од едно од кучињата на Расел. Типот кучиња кон кој се стремеле тие, не биле толку големи колку што бил Фокс териерот, и обично тежеле помалку од 15 фунти (Предлошка:6,8кг). Артур Блејк Хајнеман го создал првиот стандард на расата, и во 1894 го формирал клубот за јазовци Девон и Соместер, чија цел била да му се даде повеќе значење на ловењето јазовци отколку на ловењето лисици, и истовремено на одгледувањето на териерите соодветни за оваа намена. Териерите биле добиени од страна на Николас Сноу од Оар и веројатно потекнувале од кучињата на Расел, бидејќи Расел веројатно некогаш ловел во ловџискиот клуб на Сноу и веројатно создавал некои од нивните оригинални териери. Сè до крајот на 20. век името на Расел се поврзувало со оваа раса. Клубот опстојува и е преименуван во Парсон Џек Расел Териер клуб. За ловење јазовци со копање, за разлика од ловењето лисици имало потреба од друг вид куче, а веројатно е дека Бул-териерот бил неопходен за да ја зајакне расата, со што можеби, во овој период, било предизвикано создавањето на кучињата од видот Џек Расел териер кои се со покуси нозе. Истовремено кога дошло до поделбата помеѓу Фокс-териерите наменети за изложба и Фокс-териерите наменети за лов, понатаму дошло до уште една поделба помеѓу два различни вида бели териери, од кои и двата го носеле името на Расел. Хајнеман бил поканет на Крафтс (годишно меѓународно првенство за изложба на кучиња) да ги оценува класите на териери наменети за лов со цел да ги врати во изложбениот круг и да го издејствува тоа кај оние кои ги запоставувале работните способности на кучињата. Оценувањето на овие класи било продолжено уште неколку години од страна на различни судии, но Чарлс Крафт се спротивставил на овој обид, па така тие никогаш натпреварувале на солидно ниво. По смртта на Крафт во 1930., раководството на кинолошкото друштво го предава друштвото на Ени Харис, но пред почетокот на Втората светска војна работата на друштвото згаснува.

По Втората светска војна[уреди | уреди извор]

По Втората светска војна потребата од ловџиски кучиња драстично се намалила, а со тоа се намалил и бројот на Џек Раселите. Кучињата сè повеќе се користеле како домашни миленичиња. Покрај тоа, оваа раса почнува да се вкрстува со Велшкиот коргис, Чивавата и со други помали раси – териери. Американскиот клуб за Џек Расел териер е формиран во 1976 од страна на Алиса Крауфорд, една од првите одгледувачки на Џек Расел териер во Соединетите Американски Држави. Опсегот на подрачјето за размножување на кучиња било отворено, со можност работните кучиња да бидат подобро наградувани од оние кучиња наменети за изложби. Тогаш се одржувала регистрација со ограничен број размножувања. Регистрацијата на Џек Расел териерите во клубот не се спроведувала кога кучињата ќе се родат туку кога се тие веќе зрели, за да постои гаранција дека квалитетите на расата останале исти како и при отворената регистрација. Во текот на 70. години во Обединетото Кралство се појавиле неколку клубови за расни кучиња, вклучувајќи го Џек Расел клубот од Обединетото Кралство (ЏРКОК) и Југоисточниот Џек Расел клуб (ЈЏРК). ЏРКОК ја промовирала големината на подрачјето на размножување кое и денес е со истите стандарди, а пак ЈЏРК поставил норма за минимална висина на кучиња од 33 см. Додека ЏРКОК се обидува да се осигура дека работните способности на расите останале и исти при непризнавањето во регистрите за раси, ЈЏРК се обидува да добие признание од кинолошкото друштво на Обединетотот Кралство. Во 1983. клубот Парсон Расел Териер од Обединетото Кралство (ПРТОК) повторно бил регистриран со цел повторно да бара признавање на расата од кинолошкото друштво. Иако пријавата првично била одбиена, биле формирани нови стандарди за ПРТОК засновани на стандардите на ЈЏРК, и врз основа на тие стандарди во 1990. расата од страна на кинолошкото друштво била признаена како Парсон Џек Расел териер. Називот Џек бил отстранет од официјалното име во 1999., а општо познато име на расата станало Парсон Расел териер. Во доцните 1990., американското кинолошко друштво ја разгледало можноста за признавање на Џек Расел териерот како раса. Овој потег бил оспоруван од страна на Џек Расел териер клубот од Америка, бидејќи тие не сакале расата да ги изгуби неопходните работни одлики. Но се формира Асоцијацијата за одгледувачи на Џек Расел териер, и е потпишана петиција против Американското кинолошко друштво заради признавање на расата, кое е доделено во 2001. Во одобрените стандарди од страна на Американското кинолошко друштво, големината на расата била намалена од претходните стандарди на клубот, а името Џек Расел териер признато од страна на Американското кинолошко друштво било заменето со Парсон Расел териер, а асоцијацијата за одгледувачи на Џек Расел териери била преименувана во Парсон Расел териер асоцијација од Америка. Националниот австралиски кинолошки совет (НАКС) и кинолошкиот клуб од Нов Зеланд (ККНЗ), се национални кинолошки асоцијации кои ги регистрираат и Џек Расел териерот и Парсон Расел териерот, без оглед на барањата за големината на Џек Расел териерите. Овие два стандарда, во Соединетите американски држави би определиле еден вид куче именувано како Расел териер.

Опис[уреди | уреди извор]

Заради тоа што по природа се работливи, Џек Расел териерите останале скоро исти како што биле и пред околу 200 години. Тие се силни, жилави и истрајни, со должина на гребенот од 25 до 38 см и тежина од 6,4 – 8,2 кг. Должината на телото мора да биде пропорционална со висината, а кучето мора да претставува компактна, избалансирана слика. Тие се претежно бели по боја (повеќе од 51%) со црни и/или жолто-кафеави дамки, влакното им е мазно или рапаво, или комбиниација од двете што е познато како остро влакно. Кучето со остро влакно може да има и подолги влакна на опашката или на лицето од кучињата со мазно влакно. Понекогаш на кожата може да се појават шари од мали, црни или кафеави точки, познати како „точкички“ кои не се појавуваат на надворешноста од влакното. Сите овие видови влакна треба да се дупли, густи влакна кои ниту се свиленкасти (кај кучиња со мазно влакно) ниту меки (кај кучињата со рапаво влакно). Главата треба треба да има умерена ширина кај ушите, стеснувајќи сè до очите, и малку рамна помеѓу ушите. Треба да има умерен но не премногу изразит прекин кај муцката каде што се спојува со главата и црниот нос. Вилицата треба да биде цврста, добро окостена со остар загриз и со прави заби. Очите се во форма на бадем и со темна боја, и полни се со живот и интелегенција. Ушите се мали во форма на буквата В (V –латинично) со умерена дебелина и стојат нанапред. Кога кучето е возбудено, врвот на ушите не треба да се рашири покрај надворешниот агол на очите. Опашката стои високо, а порано се скратувала приближно околу 13 см, за да се може да се опфати со рака кога треба да се повлече териерот. Џек Раселот секогаш треба да изгледа балансиран и подготвен. Бидејќи пред сè тоа е териер со работни способности, неговата најважна физичка одлика е големината на градите, која не смее да биде премногу голема за да не го спречува кучето да влегува и копа во дупки. Црвената лисица е вообичаениот плен на Џек Расел териерот, па така Џек Раселот со работни способности мора да биде доволно мал за да ја гони. Црвените лисици се различни по големина, но низ светот тие просечно тежат од 13 до 17 фунти (5,9 до 7,7кг), а просечната големина на градите на најширокиот дел им е од 30–36 см.

Разлики со слични раси[уреди | уреди извор]

Расите Џек Расел териер и Парсон Расел териер се слични бидејќи имаат слично потекло, но со неколку забележителни разилки – највпечатлива разлика е во однос на опсегот на висината што се прифаќа. Парсонот се разликува и со тоа што има поголема глава, поголеми гради, како и севкупно поголемо тело. Висината на Парсон Раселот кај гребенот, во согласност со стандардите е 30–36 см што го вклучува во рамките на стандрадите на клубот Џек Расел териер во Америка, кои се од 30–36 см. Сепак, стандардите за Парсон Раселот се наменети за изложби, додека за Џек Раселот стандардите повеќе се однесуваат на неговите работни способности. Расел териерот, кој исто така некогаш го викаат и англиски Џек Расел териер или кус Џек Расел териер всушност е слична, но помала раса. Стандардите на американскиот клуб Џек Расел териер и на Англискиот сојуз на клубот Џек Расел териер истакнуваат дека идеалната висина кај гребенот треба да биде од 20–30 см. Иако некогаш го викаат и англиски или ирски Џек Расел териер, ова не е препознатливата висина за Џек Расел во Обединетото Кралство. Според стандардите на клубот Џек Расел во Велика Британија, големината е иста како стандардите за Џек Расел во САД, 25–38 см. Во споредба со Парсон териерот, Расел териерот гребенот секогаш треба да му е подолг висината, додека кај Парсонот овие точки треба да се на еднакво растојание. Според стандардите на федерацијата „Cynologique Internationale“ за Џек Расел териерот, и оваа помала раса ја има ставено на побарувачка листа. Еди Чапмен, кој повеќе од 30 години ловел во Девон, истото место каде што ловел самиот Џон Расел, забележува дека, „јас категорично можам да тврдам дека доколку постои избор, деведесет и девет проценти од ловџиите би избрале териер со под 12 инчи околку со над 14 инчи“.

Темперамент[уреди | уреди извор]

Џек Раселите се најистакнат вид териери кои се одликуваат со работни способности. Првично биле одгледувани да ги откопуваат лисиците од дувлата за време на ловот, но тие многу се користеле и за друг плен кој живее под земја, како што се американскиот мармот, јазовецот, вклучувајчи ги и црвената и сива лисица. Од вредниот Џек Расел териер се бара да го лоцира пленот под земјата и или да го откопа или да го чува на тоа место сè додека не излезе. За да го постигне ова кучето не лае туку постојано внимава на пленот. На одгледувачите на овие кучиња најважно им е да ја зачуваат нивната работна способност. Овие кучиња имаат висока интелегенција, атлетска градба и се прилично гласни. Ако овие кучиња не се правилно стимулирани и трениране можно е да бидат нерасположени или деструктивни, со оглед на тоа што брзо им станува здодевно и честопати кога ги оставаат сами, тие самите си наоѓаат занимација. Нивната енергичност и темперамент ги прави овие кучиња да бидат идеални за многу спортови наменети за кучиња, како што се флајболот или агилитито. Исто така на споствениците им се препорачуваат и лекции за послушност, бидејќи ако не се правилно социјализирани тие понекогаш можат да бидат инаетливи и агресивни кон другите животни или луѓе. Иако се мали, овие куичиња не се препорачливи за чување во стан, освен ако сопственикот е подготвен да ја преземе застрашувачката задача на кучето да му обезбеди доволна стимулација и тренинг. Во однос на нивната нивната големина овие кучиња имаат многу енергија, факт кој некогаш доведува до неволји кон поголеми животни. Тие изгледаат неуморни и имаат уште енергија и пос она што нивниот сопственик го нарекува ден. Иако социјализираните членови на оваа раса се пријателски настроени кон децата, тие не толерираат навреда дури и да е ненамерна.

Здравје[уреди | уреди извор]

Оваа раса ја бие добар глас по тоа што е здрава и има долг животен век. Одгледувачите го имаат заштитено кругот на гени, и го имаат спречено директното размножување. Џек Раселите во просек можат да живеат од 13 до 16 години доколку им е овозможена правилна нега. Сепак кај одредени генерации забележани се специфични здравствени проблеми, па така тие можат да се појават кај која било генерација заради рецесивните гени. Така што може да се појави наследно перде, ектопиа лентис, вродена глувост, патерална луксација, атаксија, мијастенија гравис, Лег–калве- партес синдромот и фон Вилебрандово заболување (cataracts, ectopia lentis, congenital deafness, patellar luxation, ataxia, myasthenia gravis, Legg–Calvé–Perthes syndrome , von Willebrand disease). Бидејќи Џек Раселите се кучиња со ловечки особини, тие обично ги прогонуваат сите животни на кои наидуваат. Ова го вклучува и творот, а расата е наклонета кон токсичен шок-синдром од твор. Кучето ја апсорбира хемикалијата што ја испушта творот, и тоа предизвикува подлегнување на црвените крвни зрнца на хемолиза, што понекогаш води до фатална анемија и откажување на бубрезите. Постојат третмани кои го отстрануваат отровот од организмот на кучето.

Нарушувања на видот[уреди | уреди извор]

Луксацијата на леќата, исто така познато како ектопиа лентис (ectopia lentis) е најчестата наследна болест кај Џек Расел териерите. Сепак, оваа состојба не е честа појава кај расата. Најчесто се јавува кај кучињата од 3 до 8 годишна возраст, кога леќата на едното или на двете очи се изместува. Постојат два вида луксација – задна луксација (кога леќата се слизнува во задниот дел од окото) и предна луксација (кога леќата се слизнува нанапред). Задната луксација е помалку сериозна бидејќи окото може да изгледа нормално, иако видот на кучето се нарушува. Кај предната луксација леќата се слизнува нанапред и застанува врз рожницата, уништувајќи ја. Исто така голема е веројатноста предната луксација да предизвика глауком, што доведува до делумно или целосно слепило. Ова може да се излечи, вклучувајќи медицински и хируршки опции. Луксација на леќата предизвикува и траума на окото, но тоа не е наследно. Оваа болест се јавува кај повеќе раси териер, како и кај Бордер Коли, Бретоњ, Кардиган Велшки Корги. Од перде може да заболи секое куче од која било раса, а болеста е иста како кај луѓето. Во овој случај леќата на окото се стврднува, а се препознава по заматеноста на окото. Пердето го заматува видот на кучето и ако не се лечи доведува до трајно слепило. Иако ова главно се смета за наследна болест, сепак може да биде предизвикана и од дијабетес, старост, зрачење, повреда на окото или од изложување на високи температури.

Мускулно–скелетни болести[уреди | уреди извор]

Пателарна луксација (patellar luxation), е наследна болест на колената. При оваа болест чашката на коленото се изместува од жлебот каде што обично стои. Последиците може да бидат привремени, со тоа што кучето ќе трча со подигната задна нога додека чашката да се врати во жлебот. Кучињата може да имаат проблем со двете задни колена, а компликациите вклучуваат артритис или скинати лигаменти. При потешки случаи може да има потреба од операција. Лег-калв-партесовиот синдром (Legg–Calvé–Perthes syndrome), позната и како аваскуларна некроза на феморалната глава, е болест кога топчестиот дел од бедрената коска на зглобот на колкот го влошува крвниот тек, и е истата болест како кај луѓето. Кај кучињата болеста предизвикува осакатување на задните нозе, атрофија на мускулите на бедрото и болки во зглобот. Ова обично се јавува на возраст од 6 до 12 месеци и е забележано и кај други раси териер, вклучувајќи ги Бордер териерот, Лејкленд териерот и Витен териерот.

Познати Џек Расел териери[уреди | уреди извор]

Нипер е куче родено 1884 година за кое се смета дека е Џек Расел териер. Тоа било инспирацијата за сликата Куче кое гледа и слуша на фонограф, подоцна преименувана во Гласот на својот господар. Сликата ја искористиле многу музички компании, вклучувајќи ги и компанијата Грамофон и ЕМИ. Оваа фотографија и понатаму останува во употреба – вклучена е во логото за „HMV“ во Британија и Европа. Џек Расел териерот по име Боти влезе во историјата во 1982 година како дел од трансглобална експедиција. Во сопственост на истражувачите Ранулф и Гини Фијан, Боти стана првото куче кое отпатувало и на Северниот и на Јужниот Пол. Мала е веројатноста дека ќе се повтори овој подвиг, бидејќи од 1994 година нациите што се вклучени во Антарктички договор го забранија учеството на кучиња при експедициите на Антарктикот, заради стравувањето дека тие можат да им пренесат болести на китовите. Всушност Ранулф Фијан и Чарлс Бартон отпатувале на Северниот Пол со погонски санки пред да се најават во базниот камп дека пристигнале. За да го прослават своето достигнување, им бил испратен авион на Ранулф, Чарлс и кучето Боти за да им однесе шампањ. На 29 април 2007 година еден Џек Расел по име Џорџ спаси пет деца на карневал во Нов Зеланд од напад на два пит-була. Тој ги поредизвикал кучињата и ги држел на страна доволно долго за децата да можат да избегаат. Убиен од страна на кучињата, тој во 2009 година посмртно беше награден со „PDSA“ златен медал, еквивалент на медалот Џорџ Крст (Велика Британија). Во негов спомен изграден е споменик во Манаја, Нов Зеланд. Исто така еден поранешен маринец на сопственикот на Џорџ му ја даде наградата Виолетово срце којашто ја добил за служба во Виетнам.

На екраните и во литературата[уреди | уреди извор]

Во Велика Британија, едно од многуте препознатливи ѕвезди – кучиња е нескротливиот териер Чалки на сопственикот на ресторанот „Рик Стајн“. Ова куче многу брзо го сврте вниманието на клиентите на својот сопственик кон неговите кулинарски специјалитети. Тој беше уникатен по тоа што имаше своја линија на производи, меѓу кои и кадифени играчки, крпи, постери, постери со неговата шепа и два вистински пијалака – Залакот на Чалки и Лаежот на Чалки, кои во 2009 освоија злато на наградите за квалитетен пијалак. Кога Чалки умре во 2007, нему му беше објавен некролог на Би Би Си. Понатаму, таткото Мус и синот Ензо ја играа улогата на кучето Еди во долготрајната ТВ комедија Фрејзер. Еди припаѓаше на Мартин Кран, таткото на главниот лик – Фрејзер, кој постојано го привлекуваше вниманието во шоуто со своите безизразни смешки, и од сите ликови во Фрејзер примаше најмногу мејлови од обожаватели. Мус и Ензо исто така го глумеа Скип во 2000 година во филмот Моето куче Скип. Вишбон, од истоименото телевизиско шоу кое во Америка се емитуваше од 1995 до 2001 година, е Џек Расел териер. Вистинското име на Вишбон е Виловал Сокер, а беше избран од повеќе од сто други кучиња кои се натпреваруваа за улогата. Миленикот на глумецот Џин Хекман во филмот Кримсон Тајд од 1995 е Џек Расел со мазно влакно по име Беар. Макс е Џек Расел териер кој ја играше улогата на Мајло, кој е еден од ретките другари на Стенли Ипкис, лик во американскиот филм Маска од 1994 година, во кој глуми Џим Кери. Макс исто така ја глумеше женката Одри во филмот Господин Несреќа од 2000 година. Во филмот Хотел за кучиња од 2009 година, кучето Фрајдеј (Џек Расл териер) е едно од главните ликови, и го игра ликот на кучето Космо. Космо и понатаму се појавуваше во филмовите за Пол Бларт: Полицаец во трговски центар и Почетници. Џек Расел: детектив – куче е серија од детски книги од авторите Дерел и Сали Едгерс, а издадени се од Схоластик. Се работи за авантурите на Џек Расел териер по име Џек Расел и неговата банда пријатели меѓу кои се и Џил Расел, Господарот „црвен“ сетер и Фокси Териер. Уги е куче – глумец, кое се појави во реклами почнувајќи во 2005, а највпечатливо глумеше во филмовите од 2011 година Вода за слонови и Артистот. Истата година врз основа на интересот за филмот Артистот, беше пуштена кампањата „имајте го Уги предвид“, чија цел беше кучето да добие номинација за Филмска награда на академијата САД. Во 2012 Уги беше именуван како прво куче – говорник на Нинтендо.