Џедај феноменот на пописите

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Џедај феноменот на пописите е движење кое започна во 2001 година кај одреден број на жители во земјите од англиското говорно подрачје, изјаснувајќи се дека нивната религиозна припадност е џедај или џедај витез на националниот попис (по квазирелигиозно движење на џедај витезите во научно-фантастичниот филм Војна на ѕвездите).

Се верува дека мнозина од самопрогласените џедаи се изјасниле така само поради лична забава, да се шегуваат на сметка на владата или во знак на протест против вклучувањето на религиозното прашање на пописите. Ниедна земја ја нема официјално признаено или прифатено оваа џедај религија или џедаизмот како официјална религија.

Влијание[уреди]

Австралија[уреди]

Во пописот во Австралија спроведен во 2001 година повеќе од 70.000 луѓе (0.37%) се изјасниле дека се чувствуваат како дел од џедај движењето. Австралиското Биро за статистика издал официјално соопштение во медиумите, за возврат на големиот интерес кој го покренала оваа тема. Бирото даде одговор на прашањата поврзани со џедај религијата објавувајќи дека тие податоци се класифицирани и дека ќе се сместат во графата на “неодлучни” и изјаснувајќи ја потребата за сериозно разгледување како ќе се одразат случаите врз општеството кога некој дава лажни изјави пред пописната комисија.

Портпаролот на Бирото изјавил дека понатамошните анализи на пописот се превземени за да се одвојат пописните листови во кои имаат изјаснето за таква припадност. Бирото смета дека не постои нумеричка вредност која одредува една религија, но мора да постои систем на верувања или филозофија, како и некоја форма на институција или организациона структура.

Пописот од 2006 година забележал 58.053 луѓе кои се чувствуваат како џедаи. Во пописот од 2011 година, бројот на припадници на овој ред ја одржувал бројката од претходниот попис и изнесувал 65.000.

Џедај феноменот на пописите го привлекол вниманието на социологот за религии Адам Посамаи кој за ова прашање се изјаснил во неговата книга “Религијата и популарната култура – хиперреалниот завет”. Истражувањата на Посамаи го сместил џедаизмот во редот на специфична методологиска класификација (хиперреална религија) и се обидел да укаже на нетолерантноста која била присутна на австралискиот континент кон формирање на нова религија.

Пописот од 2006 година доведе до ситуација во која граѓаните кои се изјасниле дека припаѓаат во џедај групата ќе бидат казнети поради давање на лажни информации. Оваа одлука на Бирото за разлика од претходните ги направи да бидат посмирени околу пописот од 2001 година бидејќи никој не бил законски гонет во последните 15 години. Формата на пописот е строго доверлива, и бидејќи беше отстранета првата страница која ги содржи деталите на граѓанинот, невозможно е владата на Австралија да ги гони законски поради давање на лажни информации, бидејќи ако го направат тоа тие самите ќе го прекршат законот за приватност.

Канада[уреди]

Во пописот од 2001 година, 21.000 канаѓани се изјаснија дека нивната религија е џедај. За овој податок биле известени од страна на канцеларијата на Премиерот, кој причината за оваа појава ја посочуваат премногу обемниот пописен лист кој изнесувал 40 страници, па одредени граѓани се обиделе да го употребат хуморот за да укажат на оваа работа.

Република Чешка[уреди]

Прелиминарните резултати од пописот од 2011 година укажале дека 15.070 граѓани го одговориле необврзувачкото прашање дека припаѓаат на џедај религијата, а чешката Канцеларијата за статистика ја опишала како религија на моралните вредности на џедај витезите. Канцеларијата напомена дека ова е светски феномен. Бидејќи во пописот од 2011 година било задолжително да се одговори за религиската припадност, а за ова прашање се изјасниле многумина, вкупната бројка на џедаи не е вештачки направена бидејќи не се пројавил интерес и немало развиено свест непосредно пред пописот дека постои ова движење за да се изјаснуваат. Од друга страна многумина охрабруваа други луѓе за да зборуваат на оваа тема, медиумите да и посветат внимание на оваа религија и резултатите од пописот од 2011 година, веројатно биле како форма на протест. Највисокиот број на џедаи кои биле запишани живееле во Прага.

Ирска[уреди]

Во мај 2012 година по прегледот на пописот од 2011, Комисијата за јавни пресметки, како дел од Претставничката Палата на Ирска, испратил барање до Централната канцеларијата за статистика да ја истражи компетентноста на граѓаните кои давале свои одговори на поставуваното прашање, изјаснувајќи се за припадник на џедај религијата. Одговорот бил дека тие можат да ја кажат бројката на луѓе кои вака се изјасниле, но тие нема да го сторат тоа.

Црна Гора[уреди]

Во пописот од 2011 година во Црна Гора, група на млади луѓе се декларирале како џедаи на прашањето за нивната етничка припадност, мислејќи дека тоа прашање денес не треба да претставува проблем.

Нов Зеланд[уреди]

Во пописот од 2001 година околу 53.000 луѓе се изјасниле дека се џедаи. Нов Зеланд имала најбројна популација на џедај верници по глава на жител од било која друга држава во светот, со процентуално учество од 1,5% кое изјавило дека нивната религиозна припадност е џедај. Било потврдено дека Дунедин се смета град кој има најбројно население изјаснето за џедај по глава на жител. Државниот завод за статистика на Нов Зеланд се изјаснил по ова прашање дека одговорите нема да ги брои за важечки. Доколку би биле сместени во графата на важечки оваа религија би била втора по големина во Нов Зеланд. Процентот на религиска припадност се движел вака:

  • христијанска: 58,9%;
  • не се изјасниле (атеисти): 29,6%;
  • одбиле да одговорат: 6,9%;
  • џедај: 1,5%;
  • будизам: 1,2%;
  • хиндуизам: 1,2%.

Во пописот спроведен пет години подоцна можел да се воочи пад во бројноста на џедај населението, со само 20.000 луѓе во 2006 година изјаснувајќи се како такви. Непознато е дали бројката продолжила да опаѓа до есената за време на пописот во 2011 година, бидејќи пописот не бил завршен поради земјотрес во Кристчрч.

Велика Британија[уреди]

Во Англија и Велс 390.127 граѓани (околу 0.8%) во пописот од 2001 година се изјасниле дека нивната религија е џедај, надминувајќи ги сикизмот, јудеизмот и будизмот со што станала четвртата по големина религиска група во земјата. Во пописот од 2001 година 2,6% од популацијата на Брајтон тврдеа дека се џедаи. Процентуалната застапеност оди вака:

  • христијани: 70.0%;
  • атеисти: 14.7%;
  • одбиле да се изјаснат: 7.8%;
  • муслимани: 3.1%;
  • хиндуси: 2.1%;
  • џедај: 0.7%.

Било потврдено дека според пописот на граѓаните кои дале таков одговор нема да бидат казнети. Овој одговор бил темелен на законот за попис од 2000 година, со измени на членот 8 на законот за попис од 2000 година кој налагал ниедна личност да не биде одговорна пред законот ако одбие да одговори или даде свое мислење за религиското видување. Оваа промена на законот беше направена од страна на амандманот за закон за попис и нејзините регулативи од 2000 година.

Џедај религијата доби свое место во Велика Британија во Канцеларијата за обработка на податоците, со реден број 896. Официјалните податоци од Службата за национална статистика кажуваат дека постојат граѓани кои се изјаснуваат како дел од оваа религија, но ова не значи дека оваа религија добила статус на официјална религија. Џон Пулинџер, директорот на известување и анализа на пописот, изјавил дека оние граѓани кои немале намера да ги изјаснат своите религиски верувања, се изјасниле како џедај верници само за да внесат поголем квалитет на пописот (да биде поразновиден). Службата за национална статистика откри дека нивната вкупна бројка изнесува 390.000 џедаи.

Во јуни 2005 година, Џејми Рид, новоизбраниот пратеник од редовите на лабуристите за Коупленд и Камбрија, се изјаснил самиот дека е џедај уште при првиот говор кој го одржал како новоизбран пратеник. Изјавата, која започнала дебата поради предлогот законот против религиска омраза, била потврдена како шега наместо за сериозна изјава на неговите религозни гледишта. Без разлика, во текот нас расправата околу предлогот за новиот закон, пратеникот од конзервативците Доминик Грив побарал џедај витезите да се изостават од заштита на овој закон. Слично на ова, во април 2006 година, Едвард Лиг, член на конзервативците од Гаинсбороу, во текот на расправата во Комитетот за образование побарал дозвола за да постави училиште за џедај витези.

На 16. ноември 2006 година, на светскиот ден на толеранцијата, два џедаја доставиле протестно писмо до официјалните претставници на ОН за нивно признавање. Тие барале да се смени името во “Светски ден на меѓуѕвездена толеранција” и ги изнеле бројките од пописот извршен во 2001 година кој покажува дека 390.000 граѓани во Англија и Велс се изјасниле како џедаи.

Шкоткса[уреди]

Во Шкотска во пописот од 2001 година 14.052 тврделе дека се џедај следбеници (14.014 како џедаи, 24 во редот на џедаите и 14 во редот на сит), а 2.733 граѓани тврделе дека таа религија била во нивното учење и практикување (2.682 како џедаи, 36 во редот на џедаите и 15 во редот на темната страна). Пропорционално тука луѓето кои се изјаснувале како џедај се во помал број, околу 0.277% во Шкотска отколку во Англија и Велс.

Во април 2009 година, во Страчклајд, осуммина полицајци се изјасниле дека се чувствуваат припадници на џедај религијата. Деталите од случајот се држат во тајност поради законот за приватни податоци.

Критики[уреди]

Некои групи на атеисти се противеа, некои луѓе кои не беа припадници ниту на една религија да се изјаснуваат на тоа прашање на шегобиен начин, бидејќи со тоа ќе се намали бројката на луѓе кои се изјаснуваат како атеисти и со тоа ќе се намали нивното политичко дејствување.