Џанг Цедуан

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Чанг Це-туан

Џанг Цедуан (традиционално: 張擇端; упростено: 张择端; пин-јин: Zhāng Zéduān; Вејд-Џајлс: Chang Tse-tuan; макед. транскр.: Џанг Цедуан), (1085-1145) алијас Ченг Дао, роден во Донгву (денешен Џученг, Шандунг), бил кинески сликар. Живеел во XII век, за време на преодниот период од Северната во Јужната династија Сунг. Постојат докази дека бил дворски сликар за Северната динстија Сунг, и дека по падот на динстијата, неговите слики биле критика на новата динстија. Најголемиот материјал за неговиот живот доаѓа од колофон напишан во 1186 од извесен Чанг Чу.

[уреди] Чингминшката ролна

Најпознатата слика на Џанг Цедуан е Чингминг Шанге Ту (清明上何圖 qīng míng shàng hé tú) позната и како „Крај реката за време на Чингминшкиот фестивал“, меѓутоа овој превод е спорен. Ролната е прилично широка (околу 9 м) и го прикажува градот. Преводот на нејзиниот наслов е спорен; зборот „Чингминг“ може да се однесува на Чингминшкиот фестивал или пак на ред и мир. Стручњаците предлагаат два можни превода: Одење низводно на Чингминшкиот фестивал или Владее мир над реката.

Традиционално се сметаат три нешта за сликата:

  • Прикажаниот град е Кајфенг.
  • Насликана е пред падот на Северната династија Сунг во 1127.
  • Го прикажува Чингминшкиот фестивал.

Современите стручњаци ги оспоруваат сите три нешта:

  • Прикажаниот град е идеализиран непостоечки град.
  • Насликана е по падот на Северната династија Сунг во 1127.
  • Прикажува сцена во рана есен.

Чингминшката ролна е историски важна како една од ретеките слики од некогашната царска збирка која сѐ уште се наоѓа во континентална Кина; оваа била особено омилена на царот Пуји, кој ја зел со себе во Манџоугуо и така таа не станала дел од збирката на Националниот дворски музеј кој подоцна бил преселен во Тајван. Денес ролната се чува во Забранетиот град, под буден надзор на властите и се изложува само за кратко по еднаш на неколку години.

QingmingshangHetu.jpg

[уреди] Видете исто така

[уреди] Наводи

  • Valerie Hansen, „The Mystery of the Qingming Scroll and Its Subject: The Case Against Kaifeng,“ Journal of Sung-Yuan Studies 26 (1996), 183-200.
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици