Џамфел Гјацо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Јамфел Гјатсо
Осмиот Далај лама
[[File:Jamphel Gyatso|frameless|alt=]]
Владеење 1785 - 1804
Претходник Келзанг Гјацо
Наследник Лунгток Гјацо
Династија Далај лама

Џамфел Гјацо(1758-1804) бил осмиот Далај лама. Тој е роден во месноста Лари Ганг во горен Цанг во југоападен Тибет.Неговиот татко Сонам Даргје и неговата мајка Фунцок Вангмо биле од Кам.Тие биле далечни потомци на еден од најголемите херои во епот за царот Гесар,Драла Цегјал.

Традиционална историја[уреди]

Кога бил смислен Џамфел Гјацо во селото имало голема берба на јачмен каква што немало претходно во Тибет.Кога мајката на Џамфел,Фунцок Вангмо вечерала со своите роднини се појавило виножито коешто ја допрело за рамо и и дало знак дека ќе роди свето дете.

Наскоро по раѓањето во шестиот месец од годината на огнениот бик (1758),светото бебе често пати пробувало да седне во позиција на медитација и да се сврти кон небото.Кога за тоа дознал шестиот Панчен лама Лобзанг Палден Јеши,тој изјавил дека тоа е всушност реинкарнација на Далај лама.

На возраст од две и пол години Јамфел бил однесен во манастирот Ташилхунпо во Шигатсе каде што била извршена церемонија во чест реинкарнацијата на Далај лама.

Тој бил однесен во Ласа и прогласен за водач на Тибетанците во Потала во седмиот месец од годината на водниот коњ(1762).Тогаш тој имал само 5(некаде 4) години,а церемонијата ја водел Демо Тулку Јамфел Јеши,првиот регент којшто го претставувал Далај лама кога тој бил многу мал.Церемонијата бил одржана во „Храмот над мислата во Втора Потала.“

Кратко потоа тој го дпбил и името Џамфел Гјацо од Лобзнг Пандел Јеши,а целосно бил почестен во 1777.

Со земјата продолжиле да управуваат регентите и за време на годината на дрвениот змеј (1784)кога регентот бил испратен како амбасадор во Кина,па Далај лама управувал само се до враќањето на регентот во 1790 година којшто дошол да му помогне.

Во 1788 имало конфликт помеѓу непалските трговци со волна и припадници на етничката заедница Гурка.Во 1790 Гурците извршиле инвазија на Тибет и освоиле неколку провинции вклучувајќи ги и Ња-нанг и Кји-дронг.Градот Шигатсе бил освоен заедно со манастирот Ташилхунпо,но Гурците се вратиле во Непал во 1791 година.Помеѓу двете страни било склучено примирје во 1796.

Англискиот Далај лама го изградил паркот Норбулинка и Летната палата во предградијата на Ласа.Тој исто така поставил и статуа на Буда за луѓето од јужен Тибет коишто во шеесетите години на XX век биле однесени во Индија.

Џамфел Гјацо умрел во 1804 година,на возраст од 47(некаде 46) години.


Претходник
Келзанг Гјатсо
Реинкарнација на Далај лама Наследник
Лунгток Гјатсо