Џамија Гул

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Џамија Гул
GülMosque20071011 04.jpg

Изглед на џамијата

Основни податоци
Место Истанбул, Турција
Координати 41°01′36″N 28°57′23″E / 41.02667°N 28.95639°E / 41.02667; 28.95639Координати: 41°01′36″N 28°57′23″E / 41.02667°N 28.95639°E / 41.02667; 28.95639
Религија Ислам
Округ Фатих
Осветено 8 век
Архитектонски опис
Архитектонски тип џамија
Карактеристики
Минаре/иња 1

Џамијата Гул (турски Gül Camii, во превод Џамијата Роса) е поранешна црква која била претворена во џамија и која наоѓа во Истанвул, Турција. Црквата била изградена во 8 век во времето на византискиот император Лав III. Црквата била претворена во џамија по падот на Константинопол.

Оваа градба е е дна од најважните религиски византиски градби во Константинопол, која преживеала до денес. Сепак, нејзината посветеност и датумот на нејзината изградба се оспорувани. Според некои, станува збор за манастирот Свети Теодосиј (грчки: Μονή τής Άγιας Θεοδοσίας εν τοις Δεξιοκράτους), а според други пак за манастирот Христос Добротворецот (грчки: Μονή του Χριστού του Ευεργέτο)[1].

Заедно со џамија Ески Имарет и џамија Вефа Килисе, таа е една од најважните, во чија основа се наоѓа квадратен крст[2].

[уреди] Историја

На 19 јануари 729, уште на самиот почеток на иконоборските прогони, византискиот император Лав III Исавријанин наредил отстранување на сликата на Христос, кој која се наоѓала пред главната порта на Големата палата во Константинопол[3][4]. Додека еден од офицерите на императорот ја извршувал наредбата, група од жени се собрале за да го попречат тоа, а една од нив била калугерка по име Теодосија. Таа го затресила скалилото на кое бил качен офицерот, по кое тој паднал и починал а таа била погубена. По завршувањето на иконоборството, Теодосија била прогласена како маченик и светец и нејзиното тело било погребано во црквата Света Ефтимија ен ту Петрио[5]. Црквата била изградена од страна на императорот Василиј I кон крајот на 9 век.

За последен пат, црквата се споменува на 28 мај 1453 година, кога последниот император Константин XI отишол да се помоли во неа, пред градот да биде заземан од страна на Отоманците. По доаѓањето на Османлиите, црквата била запоставена. Во 1490 година црквата била претворена во џамија[6]. Минарето било изградено во 1566 година, во времето на Селим II,[6]. Помеѓу 1573 и 1578, за време на неговиот престој во Истанбул, германскиот проповедник Стефан Герлах ја посетил џамијата и ја идентификувал како Света Теодосија. Во 17 и 18 век, објектот бил оштетен од земјотреси, и таа повторно била обновувана.

[уреди] Наводи

  1. Müller-Wiener (1977), p. 140.
  2. Schäfer (1973), pp. 67-69.
  3. Mamboury (1953), p. 299.
  4. Schäfer (1973), p. 82.
  5. Janin (1953), p. 151
  6. 6,0 6,1 Müller-Wiener (1977), p. 143.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици