Ќелија (геометрија)
Од Википедија, слободната енциклопедија
Тесерактот има 8 коцкести ќелии, три на секој раб.
Коцкесто саќе 2x2x2, има четири коцкести ќелии по раб.
Во геометријата, 'ќелија е тридимензионален елемент кој е составен дел од повеќедимензионално геометриско тело.
Содржина |
[уреди] Кај политопите
Ќелијата претставува тридимензионален полиедарски елемент кој сочинува дел од границата на повеќедимензионален политоп, како на пример полихорон (4-политоп) или саќе (3-просторна теселација).
На пример, коцкестото саќе е составено од коцкести ќелии - по 4 коцки на секој раб. Тесерактот исто така е составен од коцкести ќелии, но има смао 3 коцки по раб.
[уреди] Кај називите на полихороните
Правилните конвексни полихорони честопати се именуваат по бројот на ќелиите што ги содржат, исто како што се користат n-аголник и n-едар како кратенки за многуаголните и полиедарските називи. На пример, тесерактот се нарекува и „октахорон“ или 8-ќелија бидејќи содржи 8 коцкести ќелии.
[уреди] Поврзано
- Страна
- Брус или фацета
- Хиперќелии (4-страни)
- CW-комплекс
[уреди] Надворешни врски
- Ќелија - „Поимник за хиперпросторот“ од Џорџ Олшевски (англиски)