Ќафа Прушит

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ќафа Прушит (Ќафа е Прушит; на албански: Qafa e Prushit) е граничен премин меѓу Косово во делот кај Ѓаковица, и Тропоја, поточно Хас во северозападна Албанија. Ги поврзува градовите Ѓаковица и Кукуш (Кукс). Се наоѓа на 10 километри од Ѓаковица. има новоизграден пат како и новоизграден граничен пункт. Преминот започнал со работа на 1 август 2003 година со непотполно работно време. Историски, пред поделбата на Косово во денешните граници, овој регион претставувал поголем дел кој, заедно со Тропоја, припаѓал во иста нахија (турска административна единица).