Љупчо Димитровски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Ljupco Dimitrovski.gif

Љупчо Димитровски (роден во Скопје, 10 март 1951 година) е писател и професионален новинар. Дипломира на Економски факлтет во Скопје.

Во литературата прави пробив со збирката поезија “Куќа што молчи” (1971), која ја предизвика книжевната јавност со авангардноста - експериментирањето со поетскиот збор и говор. Досега ги објави следните збирки поезија: “Некогаш игра” (1973), “Моментум” (1981), “Посејдоново утро” (1983) и специфичното поетско дело за македонската литература “Генерика” (1998) - (книга со над 450 страници поезија) - модерна поетска историја на човекот и неговите устреми во времето. Исто така, го издава и романот “Марија и Јасен” (1987). Има објавено и повеќе од 300 хумористично-сатирични прилози, козерии, над 2000 афоризми, над 200 критичко-есеистички прилози (коавтор на Книжевниот Манифест “На чекор од говорот”). Димитровски е член на Друштвото на писателите на Македонија и носител на неколку литературни признанија и награди.

Љупчо Димитровски е професионален радио-новинар со 35-годишно работно менаџерско искуство (почеток во Македонската радио телевизија - Македонското радио - уредник на редакција за култура и уметност, уредник на забавно-рекреативна програма, главен и одговорен уредник на Втората програма на Македонското радио, потоа во Радио Гром - генерален менаџер и сопственик). Прогласен за најдобар новинар-водител во Македонија. Автор на 25-часовниот радио маратон - единствен рекорд во Македонија од ваков тип - медиум радио (радиомен).

Љупчо Димитровски е добитник на наградата “Крсте Мисирков” - награда која се доделува за најдобар новинар на годината, за емисиите “Уметноста на зборот” и “Паноптикум”. Наградата “Крсте Мисирков” ја доби и екипата на “Радио Урнебес” под негово раководство - уредник. “Радио Урнебес” е проект кој направи рволуција во македонскиот етер на планот на отворено-контактните забавно-рекреативни програми. Тимот кој го реализираше беше составен од: Љупчо Димитровски - уредник и водител, Драган Б. Костиќ - музички соработник и водител, Емин Унџел - технички реализатор и артист, Емилија Андреевска - артист, Љупчо Бубо Каров - водител-новинар и хуморист, Јасна Франговска - новинар-соработник-репортер, Драгољуб Петровски - новинар-соработник-репортер и Чеде Шопкиќ - соработник.

Студијата “Аспекти на модерното радио - радио на современата модерност” - која содржи преку 350 страни и користена литература од преку 120 дела - е резултат на практичното радио новинарско искуство стекнато со 35 годишното радио и телевизиско искуство. Оваа студија претставува резултат на интензивно проучување на проблемите од теоријата на информацијата и теориите на комуникологијата, философијата, естетиката, психологијата, социологијата, антропологијата, маркетингот, како и специфичностите на радиото и телевизијата како медиуми.

Љупчо Димитровски го создава првиот професионален новинарски блог на адресата www.dimitrovski.net што прерасна во единствен писателско-новинарски и енциклопедиски македонски сајт [http:/www.panoptikum.com.mk Паноптикум] - продолжение на едно од неговите најголеми достигнувања, радио емисијата Паноптикум.

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник