Љубљанска тврдина
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Љубљанска тврдина Ljubljanski grad |
|
Изглед твгрдината |
|
| Податоци | |
|---|---|
| Локација | Љубљана |
| Земја | Словенија |
Љубљанската тврдина се наоѓа во престолнината на Словенија, Љубљана. Според археолошките истражувања, областа околу денешниот замок континуирано бил населен во 1200 п.н.е. година, кога за првпат биле изградени некакви тврдини или објекти од тој тип и на овие простори.
Денешната тврдина била изградена во 1144 година, и за прв пат се споменува како седиште на Војводство Корушка. Во текот на 15 век, замокот бил проширен со големи ѕидини како и кулите кои се наоѓаат на влезот на тврдината, каде се наоѓал и подвижен мост. Во тоа време исто така била изградена и капела. Во 16 век и 17 век, постепено биле изградени и останатите делови од комплексот. Но во времето кога замокот и самиот град започнал да ја губи својата значајност, истиот започнал полека да се руши.
Во текот на 19 век замокот служел како затвор и како воена тврдина, со кое добила уште помала популарност помеѓу населението. Во 1905 година, замокот бил купен од страна на Општина Љубљана. Подготовките за реновирање на замокот започнале во 1960 година и целиот процес траел повеќе од 35 години. Во почетокот на 1990 година, објектот бил предназначен за културни манифестации. Во 2006 година била изградена жичара.