Љубов без шминка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Љубов без Шминка (шпански: Amor sin Maquillaje) е мини мексиканска теленовела од продукцијата Телевиса. Оваа мини теленовела е наменета за 50 години од постоењето на теленовелите во Мексико. Во неа глумат најпознатите глумци од светот на теленовелите, како и многу специјални гости. Во Мексико со прикажување почна на 17 септември 2007, а заврши на 19 октомври 2007.

Синопсис[уреди]

Теленовела со која Телевиса слави 50 години од постоењето на теленовелите, приказна за Пина, приказна за млада мајка на син од 4 години, која останала вдовица после смртта на својот маж и одлучила да живее со својата баба Вероника, легендарна шминкерка која работела во Телевиса од кога се снимала нивната прва теленовела, и со својата мајка Лупита, која исто така се занимава со шминкање на глумците во Телевиса. Пина е голем фан на теленовели, и иако е многу поврзана со својата шминкерска професија, нејзината вистинска професија е пишувањето; Пина сака да стане сценаристка на теленовели и во слободното време, оди во центарот за пишување во Телевиса. Пина пишува голема приказна инспирирана од она што моментално го доживува : “Скриена љубов” , со Хектор Ибара, познат глумец по завидната листа на снимени теленовели, воедно и женкар. Хектор ги поседува сите маани кои глумците ги имаат додека се славни, но крие една тајна: најголема желба му е да стане татко. Ниту една награда не би можела да ја замени неговата желба која расте секој ден. Хектор ја сака Пина, која со својата чуствителност го советува да ја подобри својата глума, која му прави важен дел во животот. Хектор и ветува на Пина, дека кога ќе го заврши снимањето на моменталната теленовела, светската јавност ќе дознае дека тие се пар, но Хектор добива понуда која не може да ја одбие, снимање теленовела во Мајами, и и предложува на Пина да дојде со него, но без нејзиниот син Марио. Нејзината баба прифаќа да го чува Марио додека Пина е на пат со Хектор, но таа на аеродромот, во последен момент се предомислува и се враќа на нејзиниот син. Повредениот Хектор ја измамува Пина со актерката Миранда. Пина ја открива измамата на Хектор и одлучува да молчи дека носи негово дете. Поминува некое време, и Пина и Хектор повторно се сретнуваат во Мексико, кога Хектор се враќа како автор и главен глумец во теленовелата “Скриена љубов”, која ја откупила Телевиса. Пина е изнајмена како шминкерка во теленовелата, без да знае дека се работи за теленовелата која и ја украл Хектор. Тие двајца се сретнуваат, и двајцата стануваат главни глумци една борба во која ќе триумфира или омраза или љубов, бидејќи и двајцата сакаат она што другиот го има : Хектор сценариото на Пина, а таа неговата ќерка, Марија Мерцедес. Пина ќе мора да се бори со помислата дека верувала во погрешен човек, но на сметка на нејзината мајка Лупита, која исто така како Пина, продолжува со животот како самохрана мајка, напуштена од страната на Алекс Лира, таткото на Пина, кој после 20 години се вратил и се каел што напуштил две жени заради славата. Алекс одлучува да ја врати љубовта на Лупита, но ќе мора да се бори со уште еден маж во нејзиниот живот: Рафаел. Истовремено, Пина и помага на својата баба да излезе од депресија, која паднала после смртта на дедото на Пина, пишувајќи ново сценарио за мексиканска теленовела. И двете нас не водат во магичниот свет на мексиканските теленовели, во кои ќе се присетиме на сите теленовели почнувајќи од 1958 година. Во оваа авантура ќе биде приклучен и Валентин, симпатичен и чесен публицист на Телевиса, кој е најдобар пријател на Пина, воедно е и задолжен да направи специјално издание на сите теленовели прикажани од Телевиса.

Надворешни врски[уреди]