Љубов без граници

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубов без граници
Жанрдрама, теленовела, трилер
Создадена одГуставо Белати, Марио Саградо
УлогиКариме Лозано
Валентино Ланус
Моника Санчес
Марта Сорте
Сабин Моусиер
Воведна тема"Disparame, Dispara" , Laura Pausini
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди135
Производство
Извршен продуцент(и)Анхели Незма Медина
МестоположбаГрад Мексико
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал2
Првично прикажување10 октомври 2006 – 20 април 2007
Хронологија
СледбеникДевојки како тебе (2007)
Надворешни врски
Мрежна страницаesmas.com/amarsinlimites

Љубов без граници (шпански: Amar Sin Limites) — мексиканска теленовела во производство на Телевиса и аргентинската Телефе. Серијата имаше солиден успех во Мексико. Оваа теленовела е римејк на аргентинската мега популарна криминалистичка теленовела Resistire или кај нас преведена Посилна од судбината која се емитираше на Сител Телевизија.

Содржина[уреди | уреди извор]

Диего Моран е кројач, продавал во раскошна продавница за машки алишта. Живее со својата девојка Валерија, но нивниот однос не е претерано стабилен. Кога Валерија сака да го напушти Диего, краде неколку вредни работи кои двајцата ги поседуваат, заедно со парите кои Диего ги чувал за да купи автомобил и парите за станарина кои Диего ги плаќа секој месец. Диего ќе биде избркан од станот, упропастен и разочаран, не мајќи избор заминува да живее назад во куќата на неговите родители, каде неговиот татко не го дочекува со раширени раце. Напуштен и поткраден од страна на неговата љубовница, Диего бара морална потпора во својата фамилија, посебно од страната на неговиот дедо, кој го разбира најмногу од сите членови на фамилијата. Неговите најдобри пријатели се Исела и Пако. Набргу после враќањето во семејниот дом, Диего ја запознава Азул Тоскано и се заљубува во неа. Но, Азул е свршена за Маурицио Дуарте, стопанственик чија компанија е вплеткана во чудни работи. Диего и Азул се зближуваат, но животот ги раздвојува. Тој заминува мислејќи дека таа никогаш нема да го погледне. Диего се спријателува со Силвана Ломбардо, жена на која синот и умрел пред две години. Откако нејзиниот син умрел, никој не успеал да ја вразуми дека Маурицио Дуарте не е виновен за смртта на нејзиниот син. Силвана е нестабилна личност и се обидува да го убие Маурицио, но Диего ја спречува и го спасува животот на Маурицио. Од тој момент, Маурицио го смета Диего за свој пријател кој му носи среќа, и го повикува да работи со него. Диего одбива, но Маурицио, кој секогаш добива што сака, настојува Диего да се вработи во неговата фирма. Сè додека не влезе во куќата на Маурицио, Диего не сфаќа дека Азул е жената која не можел да ја заборави и е во брак со човекот кој сега е негов газда. На почетокот, Диего не гледа ништо матно во работите на Маурицио. Не е среќен што работи за човекот кој ја освоил жената од неговите соништа, но ја прифаќа судбината. Диего е уверен дека Азул е во брак со Маурицио бидејќи го сметала за побогат и бидејќи тој и пружил богат и комотен живот. Набргу, Диего гледа со каква работа се занимава Маурицио, и ги гледа неговите илегални врски со другите моќни организации. Но, во обид да се непријатели со Маурицио, стигнуваат проблемите на Диего. Диего исто така и ветува на Азул, дека нема да ја пушти да живее во опасност. Таа сè уште не сфаќа какво чудовиште е Маурицио. И Азул не е единствената во смртна опасност, туку и нејзиниот татко Алфредо Тоскано, научник, кој Маурицио го вработил пред да ја запознае Азул. На Маурицио му требаат научните идеи на Алфредо како би направил пеколен и убиствен план.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Кариме Лозано Азул Тоскано
Валентино Ланус Диего Моран
Моника Санчес Силвана Ломбардо
Рене Стиклер Маурисио Дуарте
Сабин Моусиер Ева Санторо
Ото Сирго Алфредо Тоскано
Марија Сорте Елоиса
Кармен Бецера Лидија
Сокоро Бонила Глорија
Марсело Кордоба Андрес

Љубов без Граници на Балканот[уреди | уреди извор]

Бугарија: бТВ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]