Љубовта се случува

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Љубовта се случува (Love Happens)“
Love happens.jpg
Официјален постер
Режирано од Брендон Камп
Продуцент Скот Стубер
Мајк Томпсон
Сценарист Брендон Камп
Мајк Томпсон
Настапуваат Џенифер Анистон
Арон Екхарт
Мартин Шин
Музика Кристофер Јанг
Дистрибутер Universal Pictures
Премиера 18 септември 2009
Времетраење 109 мин.
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Буџет $18,000,000

Љубовта се случува (англиски: Love Happens) е американски драма комедијафилм од 2009 год. Овој филм е првенче на режисерот Брендон Камп кој филмската тема ја замислил откако и самиот поминал низ период на тага по смртта на неговата мајка: “Беше тоа тежок период за мене. Процесот на тага е многу комплексна работа. Оттогаш почнав да ја мислам содржината за овој филм.“. Во главната женска улога во филмот се појавува познатата актерка Џенифер Анистон.

Критичарите не го сакаа премногу филмот, дури еден гледач на интернет остави порака која гласи дека филмот „Љубовта се случува“ може да се промени и во наслов наречен „Ништо не се случува“. Една критичарка истакнала да се прашуваат многумина зошто Џенифер Анистон “продолжува да бира проекти за слободните девојки кои се несреќни во љубовта“. Заклучно е дека и филмот започна ветувачки, но кон крајот докажува дека не е ништо повеќе од една сапуница. Washington Post објави позитивна критика во која го оценува филмот како “подобар отколку што ветува очајниот анслов“, и го нарекува “редок романтичен филм во кој чувствата се многу поважни од љубовта на прв поглед“.

Кратка содржина[уреди]

Бурк Рајан изгледа ги има сите одговори. Но, само ако прашате милиони негови обожаватели кои измамено ги читаат неговите книги и поминуваат семинари за преовладување на стравот и оптимизам. Во реалноста, тој не е толку сигурен во советите кои им ги дава на другите бидејќи смртта на неговата сопруга го потресила и променила навистина. Но, кога ја запознава цвеќарката Елоис, за прв пат останува без текст... Прашањето е дали Бурк ќе допушти ново заљубување и ќе ја згрози својата кариера? А Елоис? Дали после серијата разочарувања конечно го најде вистинскиот?

Актерска екипа[уреди]

Глумци Ликови
Џенифер Анистон Елоис
Арон Екхарт Бурк Рајан
Џуди Грир Марти
Ден Фоглер Лејн
Џо Андерсон Тајлер

Надворешни врски[уреди]