Љубовта е вечна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Љубовта е вечна
Жанр драма
теленовела
Создадена од Кари Фахер
Настапуваат Лусеро
Силвија Наваро
Фернандо Колунга
Рохелио Гера
Земја на потекло Мексико
Јазик шпански
Број на епизоди 160
Продукција
Изврш(ен/ни) продуцент(и) Никандро Дијаз Гонзалес
Времетраење 45 минути
Емитување
Канал на емитување Канал 2
Емитување 20 октомври 200814 јуни 2009
Хронологија
Проследена од Магија (2009)
Официјална Веб-страница

Љубовта е вечна (шпански јазик: Mañana es para siempre) е мексиканска теленовела. Серијата е римејк на популарната колумбиска теленовела од 2006 год, Pura Sangre. Во главните улоги настапуваат Лусеро (Алборада, Љубовни врски) која после 12 години повторно се појавува на малите екрани како негативка, Силвија Наваро и популарниот мексикански актер Фернандо Колунга. Серијата со прикажување во Мексико започна на 20 октомври делејќи го својот термин со последните епизоди од серијата Оган во крвта.

Синопсис[уреди]

Фамилијата Елисалде живее среќен и хармоничен живот на својата хациенда. Стариот дон Гонзало е среќно оженет со Монсерат и имаат пет деца - Фернанда, Лилијана, Сантјаго, Камило и Анибал. Фернанда другарува со Едуардо, синот на готвачката Соледад и од мали нозе меѓу нив постои интересна поврзаност.

Семејството Елисалде не знае дека е цел на напад од страна на еден мистериозен човек Артемио Браво, кој живее за да го уништи семејството Елисалде поради тајни од минатото. Неговиот прв шпион за таа опасна игра е Ребека Санчез, бескрупулозна и ладнокрвна млада жена која е пратена од Артемио Браво да ја уништи фамилијата Елисалде, па затоа таа се вработува во компанијата на Елисалде под името Барбара Греко и станува лична аситентка на дон Гонзало поради нејзината способност за манипулација со луѓето. Со текот на времето, Барбара Греко ги придобива сите членови во семејството, освен Лилијана, најстарата ќерка на дон Гонзало. Првата наредба која Барбара Греко ја добива од својот шеф Артемио е да ги уништи готвачката Соледад и нејзиниот син. Под влијание на Барбара, Гонсало ги разделува Фернанда и Едуардо, на големо незадоволство на децата. Со следниот потег, Барбара ја убива Монсерат со перница, а и поставува дрога на Лилијана и ја обвинува за смртта на мајка и, па така Лилијана е пратена во лудница. На чистиот пат, Барбара успева да се омажи со Гонзало, да влезе во компанијата како газдарица и да почне со планот за финансиско уништување на Елисалде. Соледад е единствената која ги дознава сите злосторства на Барбара, но е прнудена да молчи затоа што Барбара и се заканува дека ќе и го убие синот. Затоа и Соледад е принудена да спречи било какво поврзување на Фернанда и Едуардо во текот на годините.

Годините поминуваат... Лилијана е во лудница и е постојано дрогирана од луѓе на Барбара Греко. Барбара манипулира со целата фамилија и добива свој нов соучесник - Дамјан, кој ќе треба да се ожени со Фернанда. Едуардо после завршувањето на магистратурата во странство се враќа дома кај својата мајка која е тешко болна. Таа му кажува за нејзините стравови, за злосторствата на Барбара, потоа умира и Едуардо решава да ја одмазди нејзината смрт така што ќе ја натера Барбара да плати за се. Користејќи го името Франко Санторо, Едуардо успева да започне соработка со компанијата на Елисалде, а притоа никој да не се посомнева дека е тој всушност синот на готвачката Соледад. Фернанда е привлечена од новиот дојденик чија цел е да се одмазди и на Барбара, и на Фернанда за која мисли дека многу лесно го заборавила. Едуардо со помош на Фернанда ќе започне опасна игра со цел да ја разоткрие Барбара, но постепено и двајцата сфаќаат дека не постои поголема сила отколку вистинската љубов која се уште гори меѓу нив и која ќе ги води во борбата. Денес можеби е невозможно... но утре е засекогаш.

Улоги[уреди]

Глумци Ликови
Лусеро Барбара Греко де Елизалде / Ребека Санчез
Силвија Наваро Фернанда Елизалде
Фернандо Колунга Едуардо Хуарез (Франко Санторо)
Серхио Сендел Дамијан Гаљардо
Рохелио Гера Дон Гонзало Елизалде
Марија Рохо Соледад Круз
Ерика Буенфил Монсерат Ривера де Елизалде
Доминика Палета Лилијана Елизалде

Надворешни врски[уреди]