Љубовно лето
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Љубовно лето | |
| 250п Главните актери во серијата |
|
| Жанр | теленовела |
|---|---|
| Создадена од | Клаудија Лачели |
| Настапуваат | Дулсе Марија Гонсало Гарсија Виванко Хуан Ферара Марија Елиса Камарго |
| Земја на потекло | Мексико |
| Јазик | шпански |
| Број на епизоди | 120 |
| Продукција | |
| Изврш(ен/ни) продуцент(и) | Педро Дамијан |
| Времетраење | 45 минути |
| Емитување | |
| Канал на емитување | Канал 2 |
| Емитување | 9 февруари 2009 – 24 јули 2009 |
| Хронологија | |
| Проследена од | Camaleones (2009/10) |
|
|
|
Љубовно лето (шпански јазик: Verano de Amor) е мексиканска теленовела. Тинејџерската новела е римејк на аргентинската серија од 1998 година под продукцијата на Крис Морена, “Verano del 98”. Во мексиканската верзија главната улога ѝ припадна на популарната мексиканска актерка и пејачка Дулсе Марија, позната од групата РБД.
Дејство [уреди]
1999. година група деца го поминуваат својот последен ден од летните празници и се заколнуваат на вечно пријателство. Се колнат дека ќе се најдат на истото место за 10 години. Времето поминува и вечното лето се претвора во ноќна мора. Чувствата и невиноста се претвараат во очај и неверица.
2009. година, Данте излегува од затвор и се враќа во соседството Тлакоталпан за да им се одмазди на личностите кои биле дел од неговото минато. Меѓу нив се сестрите Палма: големата љубов на Данте, Флора и нејзината сестра Зое. Данте не ни помислува дека има син. Односот помеѓу сестрите е нарушен сè од моментот кога загинува нивната мајка. Зое е заљубена во својот најдобар пријател Дилан Морета, заради кој тивко пати. Дилан е момче кој е потполно заљубен во филмографијата, и потполно е неспремен за големите одговорности кои ги носи животот. Тој пак е заљубен во новата италијанска сосетка, амбициозната Исабела Рока, внуката на господинот Вито и г-ѓата Аура. Сите свои тајни ќе ѝ ги раскаже на својата најдобра пријателка Зое, но не ни претпоставува дека таа ќе ги искористи.
Најдобриот пријател на Дилан е Балдомеро Олмос, убаво момче, женкар, кој ја обожава музиката и свири контра бас во рок група. Братот на Исабела Енцо исто така се наоѓа во групата, а во него е заљубена Рената. Балдомеро пак ѝ е дечко на Луца, но на својата работа се заљубува во Софија, жена која по години може да биде негова мајка. Софија пати од понижување на сопругот Отон кој во друштвото ја претставува како форензичарка. Балдомеро ќе направи сè за да докаже дека тој е вистинскиот маж во нејзиниот живот, но проблемот настанува кога во Балдомеро се заљубува Дана, ќерката на Софија. Балдомеро живее со својата фамилија: мајката Рејна се прави болна за нејзините деца да бидат покрај неа, сестрата Беренисе е девојка која се однесува како момче, а другата сестра е Миранда, која е хипи и работи како келнерка во Bikini’s Bar, чиј газда е починатиот Роберто. Миранда таму ќе го запознае Мауро, синот на господин Отон.
Дали нашите јунаци ќе преживеат уште едно жешко љубовно лето?
Улоги [уреди]
| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Дулсе Марија | Миранда Перес Олмос |
| Енрике Роча | Дон Вито Рока Провенцано |
| Хуан Ферара | Отон Виљалба / Маркос Касар |
| Марк Тачер | Данте Ескудеро / Даниел Гурцан |
| Гонсало Гарсија Виванко | Мауро Виљалба Дуарте |
| Викторија Диаз Аранго | Флора Палма |
| Наташа Дупејрон | Беренисе Перес Олмос / Грета |
| Кристина Масон | Зое Палма |
