Љубовни врски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Љубовни Врски (ТВ Серија))
Љубовни Врски
Жанрдрама, теленовела
Создадена одХорхе Лозано Соријано
УлогиЛусеро
Луис Хосе Сантандер
Марга Лопес
Луис Бајардо
Мати Хуитрон
Воведна тема"Lazos de Amor"
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди150
Производство
Извршен продуцент(и)Карла Естрада
МестоположбаГрад Мексико
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал2

Серијата Љубовни Врски е романтична мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико, во 1996 година, со 150 незаборавни епизоди. Серијата стекна голем успех во целиот свет, а поради тоа и на мексиканските ТВ и Новеле Награди, ја освои наградата за најдобра теленовела во 1997 година. Оваа теленовела ќе се памети и по шокантниот крај на серијата, кога продуцетнката Карла Естрада, остава голема мистерија за гледачите... дали на крајот остана жива Марија Гвадалупе или нејзината злобна сестра Марија Паола? Кај нас исто така оваа серија во 90те години имаше голем успех, и покрај тоа што се емитираше на локалните телевизии.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Марија Гвадалупе, Марија Фернанда и Марија Паола се три идентични близначки. Но, слични се само физички. Животот и судбината на секоја од нив се различни. Кога имале само 3 години, нивните родители трагично починале. Тогаш, Марија Фернанда го изгубила видот, а Марија Гвадалупе исчезнала. Нивната баба Мерцедес, со години безуспешно ја бара Марија Гвадалупе. Девојчето во реката го пронашла и одгледала Ана Салас. Оздравувајќи, таа почнала на ништо да не се сеќава, тогаш таа одлучила да ја одгледа како своја ќерка. И Марија Фернанда се помирила со својата судбина, и пораснала во мила девојка. Додека, Марија Фернанда е сигурна дека нејзината сестра е жива, Марија Паола, трвдоглава и злобна, не сака ниту да ја прифати таа можност. Постојано крои заговори, за да себеси да си одвои најголем дел од семејниот имот. Но, виновник на нејзината злоба, се случките од минатото.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Лусеро Марија Гвадалупе Салас
Марија Фернанда Ривас Итурбе
Марија Паола Ривас Итурбе
Луис Хосе Сантандер Николас Миранда
Демијан Бичир Валенте Сегура
Ото Сирго Едуардо Ривас
Орландо Мигел Освалдо Лареа
Силвија Дербиз Милагрос

ДВД Издание[уреди | уреди извор]

Мексиканската продукција Телевиса издаде и оригинален ДВД пакет од серијата Љубовни Врски. Во пакетот се состоат двд цедеа, со сите 150 епизоди.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]