Ју Ес Банк Тауер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ју Ес Банк Тауер

Ју Ес Банк Тауер (англиски: U.S. Bank Tower) е седми највисок облакодер во САД.

Се наоѓа во Лос Анџелес во Калифорнија. Оваа зграда е висока 310 метри и има 73 катови, со две подземни паркиралишта.

Изградбата започнала во 1987 година а е завршена во 1990 година. Архитектот бил Хенри Н. Коб. Изградбата била вредна 350 милиони долари.