Јустиција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Споменик на Јустиција пред Врховниот суд во Хонг Конг

Јустиција (латински: Justitia) е римска божица на правдата. Нејзиниот лик често се користи како алегорија или олицетворение на моралните вредности во правниот систем.[1][2]

Таа најчесто е претставена со терезија во десната рака, каде на двата кантари ги мери добрите и лошите постапки на обвинетиот. На која страна ќе натежнат доказите, таква ќе биде пресудата. Во левата рака носи меч со две острици, што ги симболизираат разумот и правдата, т.е. фактот што тие две вистини не одат секогаш заедно. Очите ѝ се преврзани, што означува дека правдата е еднаква за сите и непристрасна. Од 16 век па наваму, вајарите и склупторите сѐ повеќе го изоставуваат тој детаљ од визуелниот приказ.

Веќе е вообичаено пред судските згради или во судниците да стои статуа на божицата Јустиција.

Наводи[уреди]

  1. Hamilton, Marci. God vs. the Gavel, page 296 (Cambridge University Press 2005): “The symbol of the judicial system, seen in courtrooms throughout the United States, is blindfolded Lady Justice.”
  2. Fabri, Marco. The challenge of change for judicial systems, page 137 (IOS Press 2000): “the judicial system is intended to be apolitical, its symbol being that of a blindfolded Lady Justice holding balanced scales.”

Надворешни врски[уреди]

 
Commons-logo.svg
   Заедничката Ризница има податотеки  поврзани со: