Јурта

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Туркменска жена на влез на јурта во Туркменистан

Јурта е дрвена конструкција обложена и заштитена со покривки и е живеалиште што го користат номадските народи во степите во Монголија и Централна Азија.

Содржина

[уреди] Етимологија и синоними

Зборот јурта доаѓа од турските јазици и значи живеалиште во смисла на татковина. На казашки јазик структурата е позната како kiyiz üy (киіз үй), на киргиски јазик е boz üý (боз үй). На монголски јазик јуртата е позната како гэр.

[уреди] Конструкција

Монголска јурта

традиционалната јурта се состои од кружна дрвена рамка покриена со покривка. Покривката е направена од волна од овци. Дрвата за правење на конструкцијата се донесуваат од најблиските долини.

Дрвената конструкција се состои од кружно поставени дрва поврзани со кружно поставени дрвени конструкции. Во одредени стилови на јурти, постојат и столбови што ја зацврстува конструкцијата. Целата дрвена конструкција, скелетот, е покриен со тенка покривка изработена од волна. Покривката е прицврстена со јажиња.


[уреди] Симболизам

Горниот спој на дрвената конструкција (монголски: тооно, toono; казашки: Шаңырақ, shangyraq; киргиски: түндүк, tunduk) е доста застапена во културите од тој регион. Во казашката култура, горниот дел на јуртата не била менувана низ традицијата на една фамилија иако се менувала целосната конструкција. Шангракот често се сметал за семееен заштитен знак. Шангракот се наоѓа и во грбовите и знамињата на одредени земји од тој регион.

[уреди] Видете исто така

[уреди] Наводи


[уреди] Надворешни врски

[уреди] Додатни информации

[уреди] Јурт конструкција

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици