Јулски денови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јулски денови
Дел од Руска револуција
19170704 Riot on Nevsky prosp Petrograd.jpg
Петроград во текот на јулските денови
Датум 16–20 јули 1917
Место Петроград, Русија
Исход Владина победа, брутална дисперзија на демонстрантите и штрајкувачите, при што биле уапсени голем дел од болшевиците
Завојувани страни
Hammer and sickle.svg Болшевичка партија
Socialist red flag.svg Непартиски работници, морнари и војници
Socialist red flag.svg Црвена армија
Hammer and sickle.svg Болшевичка милитантна организација
Русија Привремена руска влада
Русија СР
Русија Меншевикиs
Руска империја Black Hundreds
Команданти и водачи
Socialist red flag.svg Владимир Ленин
Socialist red flag.svg Лав Троцки
Socialist red flag.svg Павел Дибенко
Socialist red flag.svgГригориј Зиновиев
BlackFlagSymbol.svgАнархисти
Русија Александар Керенски
Сила
500 000 демонстранти, 4 000 - 5 000 црвени војницинеколку илјади анархисти и 12 000 други офицери Илјадници полицајци, лојални војници, офицери, козаци и црно-стотици
Жртви и загуби
700 убиени демонстранти, 100-тина уапсени мали

Јулските денови се нереди кои се случиле во периодот од 16 јули до 20 јули 1917 година во Петроград, Русија.

На 15 јули 1917 година Кадетите ја напуштиле седницата на Руската привремена влада, заканувајќи се на меншевиците и Социјалистичките револуционери (СРС), со распад на владината коалиција. Јулските денови се одржале во Петроград во периодот од 16 до 20 јули, каде група од војници и индустриски работници започнале нереди во градот и истите биле насочени против привремената буржоазиска влада. Во демонстрациите и нередите учество зеле над 500.000 луѓе. За целиот настан, по неговото задушување, биле обвинети Болшевиците. Во текот на нередите, по наредба на владата, офицерските одреди започнале да пукаат кон демонстрантите. Лидерот на Болшевиците Ленин бил во бегство додека пак голем број од останатите лидери биле уапсени[1][2][3].Во текот на нередите биле убиени повеќе од 700 луѓе.

Како краен резултат од настаните било оставка на кабинетот и создавање на нова влада предводена од страна на Керенски.

По јулските денови престанало двостраното владеење. Власта преминала целосно во рацете на контрареволуционерите, а советите поминале во нелегалност и започнале подготовка за востание познато како Октомвриска револуција.

Наводи[уреди]

  1. Christopher Read (2005) Lenin. London, Routledge: 160-2
  2. A History of Western Society. Chapter Outlines. Chapter 27: The Great Break: War and Revolution, Seventh Edition. John P. McKay, University of Illinois, Urbana-Champaign; Bennett D. Hill, Georgetown University; John Buckler, University of Illinois, Urbana-Champaign
  3. "In July 1917, a half-baked Bolshevik uprising against the Government failed. Trotsky went to prison but Lenin escaped to Finland." (Key Themes of the Twentieth Century by Philip Sauvain. p.54)