Јукатан (држава)
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Јукатан (шпански: Yucatán) е една од 31 сојузни држави во Мексико, и се наоѓа на југоисток од земјата, на истоимениот полуостров. Од север излегува на Мексиканскиот Залив, на исток се граничи со државата Квинтана Ру, а на југозапад со државата Кампече. Главен град е Мерида. Државата административно е поделена на 106 општини.
Пред доаѓањето на шпанските освојувачи, полуостровот Јукатан бил центар на културата на Маите, а за тоа денес сведочат бројните археолошки локалитети. Јукатан е една од последните држави кои се приклучиле на мексиканската федерација. Во текот на XIX век сепарастичката струја настојувале да ја прогласат за самостална сојузна територија, која денес удира со сојузната држава Квинтана Ру.