Јужна полутопка

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Јужна хемисфера)
Скокни на: содржини, барај
Јужната полутопка на карта на светот, обележана со жолто (Антарктикот не е прикажан).
Јужна полутопка од гледиште над Јужниот пол.

Јужната полутопка (или Јужна хемисфера[1]) е половината од планетата Земја која се наоѓа јужно од екваторот.

На неа целосно или делумно се сместени четири континенти (Антарктик, Австралија, највеќето делови од Јужна Америка и јужната половина на Африка), четири океани (Атлантскиот, Индискиот, Тихиот, и Јужниот) и речиси сета Океанија. Летото трае од декември до март, а зимата од јуни до септември. Пролетната рамноденица се јавува на 22 или 23 септември, а есенската рамноденица е на 20 или 21 март.

Содржина

[уреди] Географија

Климата на јужната полутопка е нешто потопла од климета на северната (освен Антарктикот кој е постуден од Арктикот). Причина за ова е фактот што оваа полутопка има многу повеќе вода од северната. Јужната полутопка исто така е многу помалку загадена поради помалата густина на населеност (10-12% од светското население), помалку индустријализација и помали копнени пространства. Покрај ова, воздушните струења се движат во правец запад–исток, така што загадувањето потешко патува на север или југ. На јужната полутопка сонцето минува од исток на запад преку северот. Како што минува сонцето, сенките се движат влево, ураганите и тропските бури се вртат вдесно (што е обратно на северната полутопка) поради Кориолисовиот ефект.

Речиси сиот јужен умерени климатски појаси е океански. Во појасот е сместен цел Уругвај, Лесото, Свазиленд и Нов Зеланд најголемиот дел од Чиле, Аргентина, ЈАР и Австралија, како и делови од Парагвај, Бразил, Намибија, Боцвана, Мозамбик и Мадагаскар.

Јужниот пол е свртен кон средиштето на галаксијата и затоа небото над оваа полутопка е попогодно за набљудување на ѕвездите.

Шумите на ова полутопка се одликуваат со посеебни карактеристики што ги разликуваат од оние на северната. На пример, Чиле и Нов Зеланд имаат уникатни видови на јужни буки (Nothofagus). Евкалиптусот е автохтоно австралиско дрво, но во поново време се одгледува и во јужна Африка и Латинска Америка за добивање целулозна маса и биогорива.

[уреди] Список на континенти и земји

[уреди] Континенти

Позната слика на Земјата напарвена од мисијата „Аполо 17

[уреди] Африкански земји

Целосно
Претежно
Делумно

[уреди] Азиски земји

Целосно
Претежно

[уреди] Океаниски земји

Целосно
Претежно

[уреди] Јужноамерикански земји

Целосно
Претежно
Делумно

[уреди] Поврзано

[уреди] Наводи

  1. „„хемисфера““. „Лексикон на Набу речник“. Набу речник. 2008. http://recnik.nabu.mk/?search=%D1%85%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%81%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B0&qe=true. проверено на 26 ноември 2010.  (македонски)


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици