Јужен поларен круг
|
Карта на Антарктикот со јужниот поларен круг (сино).
|
Јужниот поларен круг (или антарктички круг) е еден од петте главни напоредници на картата на светот. Ова е замислениот обрач што минува на географска ширина од 66° 33′ 44″ (или 66,5622°) јужно од екваторот.[1][2]
Содржина |
Опис [уреди]
Подрачјето јужно од јужниот поларен круг се нарекува Антарктик, а подрачјето веднаш на север е јужниот умерен појас. Еквивалентниот напоредник на северната полутопка се нарекува северен поларен круг (арктички круг).
Секое место јужно од јужниот поларен круг има барем по еден ден во годината со 24-часовна дневна светлина и уште еден со 24-часовна ноќ. Во првиот случај сонцето цел ден не заоѓа, а во вториот цел ден воопшто не изгрева. На поларниот круг ова се случува точно по еднаш годишно, и тоа во декемврискиот и јунскиот сонцестој. Ова се должи на тоа што Земјината оска е наклонета за 23,5 степени во однос на еклиптиката (рамнината по која Земјата се врти околу сонцето). За време на јужниот зимски сонцестој, јужната полутопка е најмногу навалена наназад и со тоа најдалеку од Сонцето. Подрачјето на постојан мрак ја достигнува својата северна граница. При јужниот летен сонцестој, јужната полутопка е во најголема мера навалена кон Сонцето, па така подрачјето на постојан мрак ја достигнува својата северна граница.
Јавувањето на поларниот ден и ноќ се должи и на неколку други фактори, од кои најважни е атмосферското прекршување на светлината, надморската височина на набљудувачот, привиденијата и фактот дека сонцето е топка, а не точка. Привиденијата на Антарктикот се уште поспектакуларни од оние на Акрктикот. Таков пример е низата од привидни залези и изгреви, додека сонцето сето време е всушност под хоризонтот.
Поларниот круг полека се поместува поради постепената промена на наклонетоста на Земјината оска.
Места [уреди]
Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, јужниот поларен круг минува низ:
-
Координати Земја, територија, море Белешки Јужен Океан северно од Земјата на Кралицата Мод и Ендербиевата Земја Антарктик – Ендербиева Земја полага право
АвстралијаЈужен Океан северно од ледниот гребен Амери Антарктик полага право
АвстралијаЈужен Океан Антарктик полага право
АвстралијаЈужен Океан Антарктик полага право
АвстралијаЈужен Океан заливот Вансен Антарктик – Вилксова Земја полага право
АвстралијаЈужен Океан Антарктик – Вилксова Земја полага право
АвстралијаЈужен Океан Антарктик – Вилксова Земја полага право
АвстралијаАнтарктик – Аделина Земја полага право
ФранцијаЈужен Океан архипелагот Балени – островот Борадел полага право
Нов ЗеландЈужен Океан минува веднаш јужно од островот Аделаида (полагаат право
Аргентина,
Чиле и
Велика Британија)Антарктик – Антарктички Полуостров, Греамова Земја и Ларсеновиот Леден Гребен полагаат право
Аргентина,
Чиле и
Велика БританијаЈужен Океан минува низ Веделовото Море, па во неименуван дел од океанот
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ податок за 2011 г.
- ↑ Повратник во движење (шпански)
Надворешни врски [уреди]
- Јужен поларен круг - официјална страница (англиски)
|
|||||
