Јохана Сигурдардотир
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Јохана Сигурдардотир Jóhanna Sigurðardóttir |
|
|
|
|
|---|---|
| Во служба | |
| Стапил 1 февруари 2009 |
|
| Претседател | Олафур Рагнар Гримсон |
| Претходник | Геир Харде |
|
|
|
| Во служба 24 мај 2007 – 1 февруари 2009 |
|
| Премиер | Геир Харде |
| Претходник | Магнус Стефансон (Социјални работи и социјална сигурност) Сив Фридлеифсдотир (Здравство и социјала) |
| Наследник | Аста Рагхеидур Јоханесдотир |
| Во служба 8 јуки 1987 – 24 јуни 1994 |
|
| Премиер | Тостеин Палсон Стеингримур Хермансон Давид Одсон |
| Претходник | Александер Стефансон |
| Наследник | Гутмундур Арни Стефансон |
|
|
|
| Роден(а) | 4 октомври 1942 Рејкјавик, Исланд |
| Партија | Социјал демократска алијанса (2000 – денес) Национално Движење (1994 – 2000) Социјал демократска партија (1978 – 1994) |
| Домашен партнер | Јонина Леосдотир |
| Деца | Два сина (р. 1972 и 1977) Еден посинок (р. 1981) |
| Занимање | Работнички лидер, стјуардеса |
Јохана Сигурдардотир (исландски:Jóhanna Sigurðardóttir) е родена на 4 октомври 1942. Таа е актуелна премиерка на Исланд, а меѓу 1987–1994 и 2007–2009 беше министерка за социјална политика и социјална безбедност. Таа е членка на исланскиот Парламент (Алтинг-Althing) уште од 1978 година и од тогаш, осум пати е избирана за пратеник. На 1 февруари 2009, таа постана првата жена премиер на Исланд, а истовремено постана и првиот претседател на некоја влада кој јавно се декларира како припадник на геј-популацијата.
Содржина |
[уреди] Кариера
Јохана е социјал-демократ и исландки пратеник со најдолг стаж во Алтингот. Таа е родена во Рејкјавик и има завршено факултет за трговија. Во 1960 дипломира и се вработува во Loftleiðir (сегашен Icelandair). До 1983 работи на различни високи чиновнички позиции. Во Алтингот за прв пат е избрана во 1978 година, како пратеник на социјал-демократите. Од 1987 до 1994 ја врши функцијата Министер за социјална политика. Во 1994 година ја напушта партијата и ја формира својата партија "National Movement".
Во 2000 година, двете партии повторно се обединуваат и ја формираат денешната Социјал-демоократска алијанса. Нејзината изјава "Minn tími mun koma!" ("Моето време ќе дојде!"), што ја даде откако ја изгуби трката за претседател на социјал-демократите, денес е најпопуларна фраза во исландскиот јазик.
Од 1994 па до 2003, Јохана е член на опозицијата во Алтингот. По изборите во 2003, таа е избрана за заменик-претседател на Алтингот. На изборите во 2007, нејзината партија во коалиција со Независната партија победува, по што повторно е именувана за министерка за социјална политика и социјална сигурност.
[уреди] Прва жена премиер на Исланд
На 26 јануари 2008, по големите протести во Исланд заради економската криза, доскорешниот премиер Геир Харде поднесе оставка, по што Претседателот на државата, Олафур Рагнар Гримсон, побара од Социјал-демократската алијанса и Движењето на зелените да формираат влада. Двете партии ја предложија Јохана за премиер, поради нејзината популарност во јавноста. Како поддршка беше и истражувањето на Галуп според кое во декември 2008, над 73% од населението на Исланд ги поддржувало мерките кои таа ги превзела како министерка.
[уреди] Приватен живот
Во 1970 година, Јохана Сигурдардотир се омажи за Þorvaldur Steinar Jóhannesson, од кој брак Јохана има два сина. По разводот, Јохана живее со Jónína Leósdóttir (родена 1954), писателка на драми, со која во 2002 стапи во цивилна унија.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Јохана Сигурдардотир“ |
- Личен блог (исландски)
