Јосеф Бен Лев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јосеф Бен Лев (Битола, 1500Солун, 1580) бил еврејски рабин од Македонија, специјалист за еврејското право. Се преселил во Солун во 1534 година и станал претседател на Еврејскиот суд во Солун[1]. Ги бранел интересите на солунските еснафи за производство на ткаенини во рамките на феудалното еснафско занаетчиство. Се прочул како заштитник на бедните Евреи. Дошол во судир со претставниците на еврејската елита, па неговите синови биле убиени, а тој морал да избега во Истанбул[2]. Автор е на четиритомно дело (прашања и одговори) печатено во Цариград (1556, 1573 и 1597). Неговите „респонцес“ биле препечатени во два тома во Амстердам во 1726 година[3].


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993
  2. Еврейски извори за обществено–икономическото развитие на Балканските земи през XVI век, I, София, 1958
  3. Еврейски извори за обществено–икономическото развитие на Балканските земи през XVII век, II, София,1960