Јоншепинг (округ)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јоншепинг
Jönköpings län
—  Округ  —

Грб

 
Земја Шведска
Админ. центар Јоншепинг
Управа
 • Управник Мино Ахтарзанд
 • Совет Окружен совет на Јоншепинг
Површина
 • Вкупна 10.475 км2
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно 337.013 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДП (ном.) 79.761 милиони круни (2004)
БДП/жит 243.000 круни
NUTS SE211

Јоншепинг (швед. Jönköpings län) е округ (län) во јужниот дел на Шведска. Се граничи со окрузите Халанд, Вестра Јеталанд, Естерјетланд, Калмар и Крунуберг. Административен центар е градот Јоншепинг.

Покраини[уреди]

Историските покраини во Шведска немаат административно и политичко значење. Округот Јоншешинг е сместен во северниот дел на покраината Смоланд. Во 1999 кон округот се придодадени и општините Хабу и Мулше, кои ѝ припаѓат на покраината Вестрерјетланд

Управа[уреди]

Пред неговото осамостојување во 1687, округот Јоншепинг повремено се припојувал кон округот Крунуберг.

Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.

Политика[уреди]

Окружниот совет на Јоншепинг (Landstinget i Jönköpings län) е надлежен за здравството и јавниот превоз.

Општини[уреди]

Jönköping County.png
  1. Анеби
  2. Вагерид
  3. Вернаму
  4. Ветланда
  5. Гиславед
  1. Гноше
  2. Екше
  3. Јоншепинг
  4. Мулше
  5. Несше
  1. Севше
  2. Транос
  3. Хабу

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]