Јоншепинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јоншепинг
Јоншепинг се наоѓа во Шведска
Јоншепинг
Координати: 57°47′ СГШ 14°10′ ИГД / 
Површина[1]
 • Вкупна 44,82 км2
Население (31 декември 2010)[1]
 • Вкупно 89.396 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Портал http://www.jonkoping.se/

Јоншепинг (шве. Jönköping) е еден од поголемите градови во Шведска, поточно во јужниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на округот Јоншепинг, и неговото управно седиште воедно е и најголем град. Јоншепинг истовремено е и седиште на истоимената Општина Јоншепинг.

Јоншепинг денес е град кој е познат по тоа што тука почнало со дејност претпријатието „Хускварна“ (Husqvarna).

Природни услови[уреди]

Градот Јоншепинг се наоѓа во јужниот дел на Шведска и Скандинавски полуостров. Од главниот град на државата, Стокхолм, градот е оддалечен 320км југозападно.

Релјеф[уреди]

Јоншепинг се формирал на јужниот крај на второто езеро по големина во Шведска, на езерото Ветерн. Стариот градски алштат се формирал на место помеѓу Ветерн и малото езеро Мункшен. Градското подрачје е претежно ридско, а надморската височина се движи помеѓу 90-200м.

Клима[уреди]

Климата во Јоншепинг е континентална под големи влијание на морето и крајните разгранети делови од топлата Голфска струја. Затоа зимите се благи, а летата се свежи во однос на дадената географска широчина.

Води[уреди]

Јоншепинг се формирал на јужниот крај на второто езеро по големина во Шведска, езерото Ветерн. Стариот градски алштат се формирал на местото помеѓу езерата Венерн и малото езеро Мункшен.

Историја[уреди]

Подрачјето на Јоншепинг било населено уште во времето на праисторијата. Првото постојано населено место на даденото подрачје се појавува во раниот среден век. Населбата се развивала, и станала значајно населено место, па така во 1284 г. ги добило градските права, како еден од првите градови во државата.

Се до Роскилдскиот мировен договор во 1658 г., ова подрачје била честа мета за нападите на Данците, па доживеал повеќе пожари. Во втората половина на XIX век, со доаѓањето на индустријата и железниците, Јоншепинг доживува преродба. Ова благостостојба трае и ден денес.

Население[уреди]

Јоншепинг, денес е град со средна големина за шведските услови. Градот има околу 89.000 жители (податок од 2010 г.), а градското подрачје, т.е. истоимената општина има околу 128.000 жители (податок од 2012 г.). Последните децении бројот на населението во градот полека, но сигурно се зголемува.

До средината на XX век Јоншепинг е населен со исклучиво етнички Швеѓани. Меѓутоа, со честите доселувања во Шведска, населението станува се шаренолико.

Стопанство[уреди]

Денес Јоншепинг е современ град со посебно развиена индустрија (машинска индустрија, обработка на дрво, производство на мебел). Последните две децении посебно се развиваат трговијата, услугите и туризмот.

Најважен стопански настан во градот е сајмот за туризам, Елмиј, најголем од таков вид во светот.

Галерија[уреди]

Извори[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Tätorternas landareal, folkmängd och invånare per km2 2005 och 2010“ (на Swedish). Statistics Sweden. 14 декември 2011. архивирано од оригиналот на 10 јануари 2012. http://www.webcitation.org/64arqC15e. конс. 10 јануари 2012. 

Надворешни врски[уреди]