Јонче Мурџевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јонче Апостолов Мурџевски (село Ѓавато, Битолско, 1928 - Битола, 1942) бил македонски комунист, учесник во НОБ.

Јонче Мурџевски потекнувал од сиромашна фамилија. По занимање бил земјоделец, но приврзаник на прогресивното струење во селото. Бил член на КПЈ, а воедно и секретар на СКОЈ во Ѓавато. Неговата куќа било мошне погодно место за илегалци и место за партиски состаноци. Покрај редовните партиски должности Мурџeвски одржувал контакти со одредот „Даме Груев“. Бил еден од раководителите и активни комунисти во Ѓавато. По големата провала бил уапсен и затворен, осуден на смрт и обесен во битолскиот затвор.