Јован V Каматир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јован V Каматир
Архиепископ од 1183
Архиепископ до 1215
Претходник Адријан
Наследник Димитар
Роден 12 век
Византија
Други архиепископи со име Јован

Јован V Каматир бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот од 1183 до 1215 година[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.

Пред да застане на охридскиот престол, тој бил близок до царот Андроник I Комнин во Цариград. Во 1183 година бил еден од организаторите за исфрлувањето во морето на телото на убиениот византиски цар Алексиј II Комнин. Не е познато кога точно станал архиепископ и кога точно починал.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.