Јован Зизиулас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јован Зизиулас
Ιωάννης Ζηζιούλας
Митрополит Пергамски на Цариградска патријаршија
Роден 10 јануари 1931

Јован Зизиулас (грчки: Ιωάννης Ζηζιούλας; роден 10 јануари 1931, Кататигио, Греція) е современ богослов и титуларен Митрополит Пергамски на Цариградска патријаршија на Константинопол.

Живот[уреди]

Митрополитот Јован е роден на 10 јануари 1931 година. Своите студии ги започнал на Солунскиот Универзитет, додека богословското образование го стекнал на Атинскиот Универзитет во 1955 година. Неговите патролошки студии продолжиле под менторство на отец Георгиј Флоровски во Харвард, дека што и магистрирал, за подоцна да го стекне докторатот во Атина, во 1965 година. Цели 14 години бил богословски професор на Универзитетите во Глазгов и Единбург, а независен професор бил на универзитетите во Женева, Григоријанскиот универзитет и Кралскиот Колеџ во Лондон. Во Епископски чин е хиротонисан на 22 јуни 1986 година.

Богословие[уреди]

Неговата прва објавена книга била воедно и докторската дисертација на Атинскиот Универзитет (1965 г.), насловена „Евхаристија, Епископ, Црква: Единственоста на Црквата во Божествената Евхаристија и Епископатот во првите три века“, која претставува придонес и продолжение на делата на отец Николај Афансјев.

Митрополитот Јован, е една од најзначајните личности во екуменскиот дијалог меѓу Православната Црква и другите христијански традиции. Во 2006 го наследи Архиепископот Стилијан Австралиски како претседател на Православната Комисија за дијалог со Римокатоличката црква.

Дела и студии[уреди]

  • Ἡ ἑνότης τῆς Ἐκκλησίας ἐν τῇ Θείᾳ Εὐχαριστίᾳ καί τῷ Ἐπισκόπῳ κατά τούς τρεῖς πρώτους αἰώνας 1965
  • Ἀπό τό προσωπεῖον εἰς τό πρόσωπον: Ἡ συμβολή τῆς πατερικῆς θεολογίας εἰς τήν ἔννοιαν τοῦ προσώπου 1976
  • Eλληνισμός και Xριστιανισμός, η συνάντηση των δύο κόσμων 2002
  • L'être ecclésial 1980
  • Being as Communion 1985
  • H κτίση ως Eυχαριστία, Θεολογική προσέγγιση στο πρόβλημα της οικολογίας 1992
  • Ο Άγιος Σιλουανός της οικουμένης 2001

Надворешни врски[уреди]