Јован Долгач

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Јован Долгач
Роден Долгаец, Македонија
Починал 1915
Долгаец, Македонија


Јован Цветков, познат како Јован Долгач бил војвода на Српскиот комитет на четничката акција во Западна Македонија.

[уреди] Биографија

Долгач е роден во селото Долгаец, Прилепско. Во Српскиот комитет на четничката акција бил придобиен од Глигор Соколов.

Го убил сопствениот брат Змејко Долгач, војвода на Македонската револуционерна организација, бидејќи не сакал да премине на српска страна [1].

Во 1905 година по долги натегања го убил војводата Максим Костов.[2]. Учествувал во Балканските војни, но српските власти го уапсиле бидејќи се обидел да убие еден Бошњак, кој го сметал за Турчин [3].

Во текот на Првата светска војна во есента 1915 година во родното село бил заробен од чета на ВМРО и бил ликвидиран заедно со целото жандармериско оделение [4]

[уреди] Наводи

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 51.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 83.
  3. Биография на Йован Долгач
  4. Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 146.
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици