Јован Јосифовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јован Јосифовски (10 април 1948 во Тетово) — македонски правник и поранешен претседател на Државната изборна комисија на Македонија. По образование е Дипломиран правник на Правен факултет – Скопје.

Работно искуство[уреди | уреди извор]

  • Осум години во Републичкиот секретаријат за законодавство и организација како советник за вршење на работите што се однесуваат на следење и проучување на правниот систем, следење на состојбите и појавите во областа на организацијата и методот на работа на управата и прописите за органите на управата;
  • од 1983 година – началник во Градскиот комитет за комунални работи и сообраќај каде работел на нормативна дејност од надлежност на Град Скопје;
  • од 1985 година – советник во Законодавно - правната комисија на Собранието на Република Македонија;
  • од 1990 година – советник во Собранието на Република Македонија, а и ги вршел работите и задачите на советник во Законодавно - правната комисија на Собранието;
  • од 1997 година – самостоен советник во Секторот за работни тела на Службата на Собранието на Република Македонија;
  • од мај 1999 година, именуван од Собранието на Република Македонија на функцијата заменик на секретар на Собранието на Република Македонија која ја вршел до 4 декември 2002 година;
  • од 2003 година се стекна со статус на државен службеник и бил распореден на работно место со звање советник на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија.

Работно искуство во Државна изборна комисија[уреди | уреди извор]

  • Во 2002 година бил определен во Државната изборна комисија за лице кое ќе дава логистичка поддршка на Регионалните изборни комисии;
  • учесник во повеќе изборни циклуси во помошното работно тело на Државната изборна комисија при спроведување на парламентарни, претседателски и локални избори;
  • соработка со IFES – Меѓународна фондација за изборни системи за парламентарни, претседателски и локални избори

Наводи[уреди | уреди извор]