Јоан Дебарски
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Јоан Дебарски | |
|---|---|
| Архиепископ од | 1018 |
| Архиепископ до | 1037 |
| Претходник | Давид |
| Наследник | Лав I |
| Роден | 10 век Дебарско |
| Починал | 1037 |
| Други архиепископи со име Јоан | |
Јоан Дебарски бил охридски патријарх (последниот во времето на Самуиловото Царство), архиепископ и книжевен деец. Управувал во периодот од 1018 до 1037 година. Потекнувал од дебарско[1]. Се претпоставува дека бил еден од иницијаторите за изградба на Бигорскиот манастир во 1020 година.[2] По негово барање византиски дела се преведувале на старословенски јазик, како, на пр., Житијата за св. Антониј Велики и за св. Панкратиј Тавроменински.[3]
Наводи [уреди]
- ↑ Цв. Грозданов, Архиепископот Јован од Дебарско и традицијата за основањето на манастирот Свети Јован Бигорски, зб.: Манастир Свети Јован Бигорски, Скопје, 1994
- ↑ Ј. Белчовски, Охридската архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997
- ↑ И. Велев, Кирилометодиевската традиција и континуитет, Скопје, 1997
| Претходник Давид |
охридски архиепископ 1018 - 1037 |
Наследник Лав I |