Јелоустон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Национален парк Јелостоун
Yellowstone National Park
МСЗП - Категорија II (Национален парк)
Национален парк Јелостоун  Yellowstone National Park
US Locator Blank.svg
Место Вајоминг, Монтана и Ајдахо, САД
Најблизок град /
Координати 44°36′00″ СГШ 110°30′00″ ЗГД / 
Површина 898.317ha [1]
Основан 1. март 1872
Посетители 3.151.343[2] (во 2007)
Светско наследство 1978
Гејзерот Олд Фејтфул исфрла термална вода приближно на секои 91 минути.

Националниот парк Јелостоун е заштитен од Конгресот на САД на 1. март 1872., и е лоциран во државите Вајоминг, Монтана и Ајдахо. Паркот бил прв од својот вид во светот, и е познат по животинскиот свет и по геотермалните извори. Индијанците го населувале овој регион уште пред 11.000 години. Организирано истражување на областа немало сѐ до 1860-тите.

Паркот опфаќа површина од 8.983 км², (приближно колку 1/3 од површината на Република Македонија) со езера, кањони, реки и планински венци.[1] Езерото Јелостоун е едно од најголемите планински езера во САД, и се наоѓа во кратерот на вулкан кој сѐ уште се смета за активен. Половина од светските геотермални појави се во Јелостоун, предизвикани од постојаниот вулканизам.[3] Истечена лава и карпи исфрлени од ерупции ја прекриваат површината на паркот. Паркот го претставува најголемиот преостанат речиси недопрен екосистем на северната Земјина хемисфера.[4]

Стотици видови на цицачи, птици, риби и влекачи се документирани, вклучувајќи и некои кои се загрозени или во опасност од исчезнување.[1] Огромните шуми и ливади се населени и со ендемични видови на растенија. Во паркот живеат и гризли мечки, сиви волци и слободни стада на бизони и елени. Секоја година се случуваат и шумски пожари: во 1988 изгорела речиси една третина од паркот.

Јелостоун нуди и рекреативни можности за туристите: пешачење, кампување, возење со чамци, рибарење и прошетки. Асфалтирани патишта водат до сите позначајни атракции. Зимно време, на туристите на располагање им се и тури со снежни санки.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Yellowstone Fact Sheet“. National Park Service. 10 август, 2006. http://www.nps.gov/yell/planyourvisit/factsheet.htm. конс. 7 март 2007. 
  2. „History of total annual visits for Yellowstone NP“. „Park Visitation Report“. National Park Service. http://www2.nature.nps.gov/NPstats/select_report.cfm?by=year. конс. 18 јуни 2008. 
  3. „Geothermal Features and How They Work“. National Park Service. 17 февруари, 2007. http://www.nps.gov/yell/naturescience/geothermal.htm. конс. 8 април 2007. 
  4. Schullery, Paul. „The Greater Yellowstone Ecosystem“. „Our Living Resources“. U.S. Geological Survey. http://web.archive.org/web/20060925064249/http://biology.usgs.gov/s+t/noframe/r114.htm. конс. 13 март 2007.