Јелмарен
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Јелмарен Hjälmaren |
|
|---|---|
| Координати | |
| Земји во сливот | Шведска |
| Макс. должина | 58 км[1] |
| Макс. ширина | 18 км[1] |
| Површина | 483 км2[1] |
| Прос. длабочина | 6,2 м[1] |
| Макс. длабочина | 20 м[1] |
| Водна зафатнина | 3 км3[1] |
| Населени места | Еребру |
| Наводи | [1] |
Јелмарен (швед. Hjälmaren) е езеро во Шведска, четврто по големина во земјата. Сместено е веднаш до езерото Меларен, и преку него истекува во Балтичкото Море, западно од градот Стокхолм. Со Стокхолм е поврзан со Јелмарскиот канал, долг 13 км.
Се граничи со покраините Седерманланд, Нерке и Вестманланд.
Езерото е долго 63 км, широко околу 20 кми зафаќа површина од 485 км². Просечната длабочина изнесува 6 м. На западниот крај на езерото се наоѓа градот Еребру.
На езерското крајбрежје се одржуваат големи музички настани со познати светски групи.
Во 1436 на мал остров во езерото е убиен востаничкиот водач Енгелбрект Енгелбректсон. Во негова чест, островот е наречен Енгелбректсхолмен („Енгелбректов Остров“).
Галерија [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Водостој на Јелмарен“. SMHI. 2001. http://www.smhi.se/sgn0102/n0205/artikelserier/v200111_18.pdf. проверено на 3 јануари 2009. (шведски)
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Јелмарен“ |
|
|
|||||