Јапонски железници

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лого на групацијата „Јапонски железници“
Јапонски железници се наоѓа во Јапонија
JR logo (hokkaido).svg
JR logo (central).svg
JR logo (shikoku).svg
JR logo (west).svg
JR logo (kyushu).svg
JR logo (east).svg
Главна управа и ограоци на „Јапонски железници“

Lightgreen pog.svg  JR logo (hokkaido).svg Хокаидско Green pog.svg  JR logo (east).svg Источно
Orange pog.svg  JR logo (central).svg Среднојапонско Blue pog.svg  JR logo (west).svg Западнојапонско
Turquoise pog.svg  JR logo (shikoku).svg Шикокуанско Red pog.svg  JR logo (kyushu).svg Кјушуанско
(товарното и помошните претпријатија не се прикажани

Подрачјата на стопанисување на претпријатијата во групацијата

Јапонски железници (јапонски: JRグループ; мктр. џејару гурупу) — претпријатие од седум здружени членки — наследнички на државното претпријатие „Јапонски национални железници“, приватизирано во 1987 г.

Групацијата раководи со главнината на железничката мрежа во Јапонија, со голем дел од меѓуградскиот сообраќај (вклучувајќи ги големобрзинските линии на „Шинкансен“) и градскиот сообраќај во рамките на поединечни населени места.

Претпријатија[уреди]

„Јапонски железници“ се состои од седум превозници и две други непревозни претпријатија. Постојат шест подрачни патнички превозници и еден товарен превозник што ја покрива целата земја. За разлика од други групи, „Јапонски железници“ се сочинети од независни претпријатија кои немаат главна дирекција или холдинг со централна управа.

Шесте патнички превозници се поделени по подрачја и сообраќаат во тие граници, со исклучок на извесни далекусежни линии. Таква е линијата на возот „Ширасаги“ помеѓу Нагоја и Тојама, која вози со состав на Западнојапонските железници, но помеѓу Нагоја и Мајбара добива нов екипаж од Среднојапонските железници, како сопственик на тој дел од пругата.

Со превоз на стоки и суровини се занимава Јапонско товарножелезничко претпријатие.

Покрај ова, групацијата има и две претпријатија со помошна улога кои не стопанисуваат со возови: Институтот за истражување на железничка техника[1] и „Железнички информатички системи“.

Дејност Претпријатие Лого и боја Акции Опслужувано
подрачје
Белешка
патнички сообраќај Хокаидско железничко претпријатие (JR北海道) JR logo (hokkaido).svg светлозелена нема Хокаидо стопанисува со линијата Кајкјо во Тохоку
Источнојапонско железничко претпријатие (JR東日本) JR logo (east).svg зелена TYO: 9020 Тохоку, Канто, Кошинецу
Среднојапонско железничко претпријатие (JR東海) JR logo (central).svg портокалова TYO: 9022 Токај стопанисува со линијата Токаидо Шинкансен во Канто и Кансај
Западнојапонско железничко претпријатие (JR西日本) JR logo (west).svg сина TYO: 9021 Хокурику, Кансај, Чугоку стопанисува со линијата Санјо Шинкансен на Кјушу
Шикокуанско железничко претпријатие (JR四国) JR logo (shikoku).svg светлосина нема Шикоку
Кјушуанско железничко претпријатие (JR九州) JR logo (kyushu).svg црвена нема Кјушу
товарен сообраќај Јапонско товарножелезничко претпријатие (JR貨物) JR logo (freight).svg сивосина нема цела Јапонија
научно-истражувачка Институт за истражување на железничка техника (JR総研) JR logo RTRI.svg светловиолетова нема
информатички услуги Железнички информатички системи (JRシステム) JR logo systems.svg темноцрвена нема

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. јапонски: 鉄道総合技術研究所

Надворешни врски[уреди]