Јао (цар)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Цар Јао

Јао (кинески:尧) (2353 - 2234 п.н.е.) бил легендарен цар на Кина, еден од Тројцата Возвишени и Петте Цара. Иако името на кинески му е Јаотанг-ши (陶唐氏), родно име му е Ји Фангхсун (伊放勳) или И Чи (伊祈). Тој бил втор син на царот Ку и царицата Чингту (慶都). Познат е и како Танг Јао (唐堯).

Цар Јао се смета за совршено морален владетел-мудрец, Неговата добронамерност и трудољубивост служела како пример за подоцнежните цареви. Во раните ракописи ги наоѓаме Јао, Шун и Ју како историски личности, додека денешните историчари веруваат дека тие ги претставуваат поглаварите на племињата здружени во хиерархиски систем на управа во тразнициониот период од патријархат во феудализам.

Според една легенда, Јао станал владетел на 20 годишна возраст, а починал на 119 години. За свој наследник го одбрал Шун, кому исто така му ги дал двете ќерки за жени.

Еден од неговите бројни придонеси е измислувањето на играта го, како забава за неговиот син кој бил прилично нискоинтелигентен идиот.

Видете исто така [уреди]

Претходник
Ку
Цар на Кина
2333 п.н.е.-2234 п.н.е.
Наследник
Шун